Осудениците од Диво Насеље со Ол инклузив "ќелии" во Идризово

Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Телевизори, туш-кабини и телефон во Идризово за командант Малишева и уште 12 осуденици од „Диво Насеље“

Заедно во кумановската Дива Населба, заедно во обвинението на обвинителката за следење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, заедно во судницата во Врховниот суд во Скопје каде што им се судеше, а сега заедно и во затвор. Вкупно 13 осуденици за терористичките напади во кумановската Дива Населба се станари на затворот во Идризово. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите десетмина се осудени на казни од по 40 години затвор, 13 години, 10 години...



Во моментов овие лица деновите ги минуваат во посебно крило во најголемиот затвор во Македонија. Меѓу нив се и Анди Красниќи викан Малишева, Насув Бекири, Фејзула Рушитовски...

Осудени се за едно од најтешките кривични дела, тероризам и терористичка организација. Информацијата колку членови на затворската полиција се задолжени да го чуваат ова крило во кое, според безбедносните процени на службите се сместени лица со највисок степен на ризик, официјално од затворот не ја откриваат со образложение дека се работи за информација која од безбедносни причини не може да се сподели со јавноста.

Овие лица, според информациите што успеавме да ги добиеме, се сместени во нешто подобри услови за разлика од другите осудени лица, а за нивниот престој во затворот во Идризово се интересираше и народниот правобранител, како и Црвениот крст од Женева.

Безбедносните процени на службите утврдиле дека најсоодветно за сместување на овие лица е приземјето во посебното крило во најголемиот затвор.

Дел од нив имаат сопствена ќелија само за себе, а дел ќелијата ја делат со уште еден осуденик.

И оние што се сами, и оние што имаат цимер, за себе имаат посебни тоалети и туш-кабини, кои се дел од секоја ќелија во ова затворско крило.

Освен добри санитарни и хигиенски услови, овие лица имаат и плазма-телевизори, фрижидери за чување на храната, како и фиксен телефон, кој можат да го користат во период од два часа во текот на денот.

Директорот на најголемиот затвор во Македонија, Боби Мојсовски, за МКД.мквели дека овие лица немаат право на привилегии, туку им следуваат истите оние услови што согласно со Законот за извршување санкции ги добиваат и другите осуденици.

„Овие лица од случајот 'Диво Насеље' имаат право на 2 часа прошетка во кругот на затворот, по 3 месеци престој овде добиваат право на слободно видување и право на посета, имаат право да користат фиксен телефон, значи им следуваат оние нешта што со закон им се дозволени како на нив, така и на другите осудени лица", вели Мојсовски.

Првостепените пресуди за овие лица се неправосилни и за нив се поднесени жалби до второстепениот суд. Овие осуденици го чекаат датумот за јавна седница што Апелацискиот суд во Скопје треба да ја закаже.



Анди Красниќи (47) викан Малишева од Приштина, доби 17 и пол години затвор за терористичка организација и доживотна казна затвор за тероризам. Судот му изрече единствена казна доживотен затвор, како и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија. Красниќи завршил средно образование, невработен е и е татко на шест деца

Насуф Бекири (29) од село Брест е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна што судот му ја изрече е доживотен затвор и протерување од Република Македонија.

Фејзула Рушитовски (27) од село Брест осуден е на затвор од 10 години за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна му е доживотен затвор. Завршил основно образование, не е вработен, неженет е и има две деца.

И овие и другите лица што се осудени за тероризам и терористичка организација се жалат на донесените пресуди и бараат тие да се укинат.

Основниот суд Скопје 1 во ноември минатата година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.

Од вкупно 37 обвинети во судница тогаш пресудата ја слушнаа само четворица. Другите обвинети одлучија да го бојкотираат судењето и да излезат од судницата.

Јавната седница за нив сè уште не е закажана. Одбраната поднесе жалби до Апелацискиот суд, но предметот од второстепениот суд поради како што велат од таму, административни работи, бил вратен повторно во Основниот суд Скопје 1.

Сега судиите од Апелацискиот суд во Скопје го чекаат комплетираниот предмет да им биде доставен од Основниот суд Скопје 1, па да закажат датум за јавна седница по жалбите на овие лица.

Образложението на судијката Верка Петковска по изрекувањето на првостепената пресуда беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршија терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

Обвинетите лица пак, тврдат дека ваквите наводи се невистините и бараат укинување на првостепената пресуда.

Извор: www.mkd.mk

Не се протестира за име кое веќе е сменето. Се протестира за ова, за лошо здравство, лошо образование, лоша економија, лошо менаџирање на државни пари итн. итн. Ќе ќутат кумановци за ова? Ќе ќутат властите? Ќе ќути цел народ во државава? Оф народе смотан....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom