Остров ПАГ - Балканската Ибица

|И.И|

Интерист
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.083
Поени од реакции
4.690
Познати како хрватската Ибица, островот Паг и плажата Зрче се една од најпознатата летна атракција за млади каде лудата забава е неизбежна. Млади луѓе,музика, забава до раните утрински часови, светски познати ди-џеи, море, прекрасни плажи...се дел од она што овој хрватски остров може да ви го понуди.

А, забавата и журките се посебна и приказна сама за себе. Недалеку од Новаља, на прекрасната плажа Зрче летото се претвора во “фабрика за забава“. Клубовите по плажите се домаќини на фестивалите и најпознатите ѕвезди од светската клубска сцена.



Најпознати се денските забави кои станаа вистинска сензација , а продолжуваат до раните
утрински часови .Забавата без граници ги буди страстите кај сите, девојките разголени и качени по шанкови, а машките уживаат во глетките… Пена забави , дружење, секси девојки, згодни момци, програма со најпознати ди-џеи , скокање со јаже, коктели...овде не постојат забранети нешта за младите.

За делот за забавата на Паг и Зрче, нема многу што да се пишува, бидејќи тоа треба да се доживее. Ако некогаш решите да го посетите овој остров никако немојте да ја заборавите плажата Зрче, ниту Аквариус клубот. Забавата на Зрче нема да ве чини ефтино , но сигурно ќе ви биде забава која ќе ја паметите цел живот. Погледнете ја галеријата и можеби ќе успеете да доловите само дел од убавини кој ве очекуваат на хрватската Ибица. Бидејќи сепак „Она што се случува на Зрче, останува на Зрче!“
............................................................
Mое искуство со Зрче.

24 Часовна забава , нешто што речиси секој млад човек бара во лето.Сум имал можност да летувам низ балканов и европа али Хрватска и Паг неможат да се споредат за Закинтос,Сончев брег или Суто Море.Едноставно се 3 класи над предходно споменатите,сеуште не сум бил во Ибица па да праам детална споредба ама да сме живи и здрави :)

Островот ПАГ е околу 12-14 часа пат со кола, според мој сознанија ниедна агенција од Македонија не го нуди Паг како дестинација ,туку упорно се форсираат Закинтоси и што уште не.Затоа нема боље од домашна организација,интернет сите имате така да нема да ви биде тешко да се разгуглате малце и доколку сте заинтересирани да си резервирате.Со кола обично се иде Скопје-Белград-Загреб-Сплит-Паг , а и Јадранска Магистрала се споменува како опција.

Сместени сте во малото перфектно средено градче Новаља, не е типично туристичко градче и затоа го има задржано оној далмациски шмек.Пример: Пиеш кафенце во локален кафич (ги има во солиден број) и во спротива од ресторан хрвати со гитари свират песни од Тоше , мераци.
Нема ниту 5 хотели , туку се се сведува на апартмани и вили.Со тесни улички , еден голем шопинг центар и толку,ако не се лажам мислам дека нема ни МекДоналдс.Храната им е речиси перфектна ,за услугата па муабет да не праиме.Хрватите имаат многу почит према нас и чест им е што Македонци почесто им ги посетуваат островите.

Плажа Зрче , каде што се кулминира. Одалечено 2 километра од Новаља, обично се иде со туристички автобус,такси или кола.Лично не препорачувам да се вози под дејство на алкохол дека казните се ригорозни.Забавата почнува во дискотеките почнувасо денска шема од 4 саат до 8 па се подготвуваат за нокна шема од 10 до 7,подгответе се пред се психичи и физички да го изрджите тоа темпо.Има 5 дискотеки но 2 се најпопуларни, Папаја и Аквариус. Кога зборам дискотеки замислете си место каде што собира 1500 луге на отворено а не на пример Ванила да си ја замислувате :) , опременоста им е на светско ниво , буквално со сите нишани.

Имам уште многу да пишувам за Зрче 2012 , но да остаам малце простор за дискусија.Финансиска анализа ке добиете на некој од наредниве постови за да се долови дека и еден просечен Македонец може да си приушти еден Паг.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.085
Поени од реакции
7.794
Пишував за Паг пред некое време, еве го оригиналниот пост.

Синко, не е тоа што мислиш. Далеку од тоа дека си поминав лошо, супер беше ама не е тоа што ги прикажуваат дека е.

Цените се соленки грубо удри х2 од Скопје. Ќе се сместиш во Новаља, убаво гратче на околу 10-15 километри од Зрче. Рачунај дека Зрче ти е како Градиште само без кампингот, значи заливска плажа од камења и 3 клуба Аквариус, Папаја и Калипсо. Има добра и дневна шема и ноќна но само тие три клуба се. Ќе ти кажам една стара хрватска поговорка одамнина што ми ја кажаа мештаните-На Зрчу нитко до сад није јебо. Пиво во клуб (Бекс, Туборг, Хајнекен) околу 3.5-4 јурци.
Дневна шема почнува некаде околу 2-3 и трае до некаде 6-7. После тоа сите си одат од Зрче одат во Новаља, јадење пиење и некаде 10 се пак на Зрче. Ако идеш ради клабинг ќе треба секој ден да го тепаш тој пат. Ако не си со кола ќе се надаваш пари за такси, има и автобуси ама ќе мора да темпираш време а ако си со кола ќе треба да си искешираш 150 јурци и 5 дена возачка оти сите сакате да пиете а еден да вози плус 2 пати паркинг оти на Зрче паркинг се плаќа еднаш дневна шема друг пат вечерна.
За смештај ќе си плукнеш минимум 2о јурци од ден по човек, Новаља не е ефтина.

Ако се решиш да идеш треба да ги знаеш следниве работи
-Во ек на сезона на нерезервирано не се коцкај, не биди партизан да не спиеш надвор
-Избегавај да одиш во август оти тогаш на италијаните им е аугусто феро и сите италјани се таму а поголеми ѓупци од нив нема. Ги манијчат жените како идиоти и кварат цела атмосфера. После 300 такви џабе ти и идеш нормално кога и е веќе преку кур. Италијаните ти се класична циганштаана.
-Во Новаља да јадеш пица во Моби Дик. Ја печат на дрва и тоа е втората најубава пица што сум ја јадел во животот. (Број еден е пицерија Ностос во Платамона).
-Еднаш да отидете до градот Паг, односно грубо кажано главниот град на островот. Има што да се види, старо место е, проширете видици не е само пиво да љокате и цицки да гледате.
-Ако ти се бркаат жени ударај на Словенки и северно од тоа. Хрватиците се углавно уфилмани, северот е полабав.
-Ако ти држи гзот рипај банџи од кранот на Зрче. АМА да знаеш, прво потпишуваш дека они не одговараат за ништо. Второ имаш пад од висина 40 метра. Ама чувството не се споредува со ништо, нити со секс а не па со цигара. Ќе го памтиш тоа искуство цел живот. Задоволството е некаде 60 јурци.
-За 10 дена сосе превоз, мевоз, смештај планирај си едно минимум 7 банки иако јас без 8 и пол не би тргнал.
-Спремај се за разочарување. Многу е понапумпано, не дека не е јако ама не баш така како што изгледа. На сите тие кадри од јутуб се снимани само хајлајтците, па и досадна утакмицата ако е, ако ги гледаш само хајлајтците ќе кажеш којзнае што утакмица си пропуштил.


Тоа лето 2008-ма не знаевме до последен ден каде ќе одиме. Се мислевме или на Паг или на Кавос. Арно ама америте тазе не имаа признаено или така нешто и грците кршеа наши коли, гребеа, правеа тепачки. Станавме сабајлето и баш како на филм седнавме, товарена колата-И сега каде? А другар ми тазе купена дали 2 месеца колата, чичка нова од салон. Го фати страв, ај да не ме ебаваат и буквално во самата кола одлучивме за Зрче. Три години касније во две тисучи и једајста ете ме мене да го исправам историскиот пишманлук на траектот за Крф. Пет букви ќе ти кажам-КАВОС. Плажа катастрофа, најблиску друго место у пичку матер, ама затоа од 10 до 6 сабајле се превртуваш на глава едно 15-16 пати. Ако ти е за екстремен клабинг каде што ќе ебеш и ќе бидеш натепан и пак ќе ебеш и тоа се во една вечер Кавос ис д плејс ту би. Локали милион (едно 40 сигурно), музика трешти, на нозе море на раце се сите, асфалтот лепи од алкохол и повраќано. Ако сакаш да се скренеш квалитетно и за сите пари-Кавос. Тоа енглезите се тотално сјебани у тоа мозокот, скроз на чисто. Ќе се изнагледаш работи што не би ти текнале ни во најлудо пијанство. Сине, марк мај ворд. КАВОС. Или ќе се вратиш со раката во гипс и ќе ме пцуеш, или ќе ме благословуваш. Ама во секој случај ќе имаш лајфтајм експириенс.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.767
Поени од реакции
9.404
Sussaro - А за Миконос што, како?
 

|И.И|

Интерист
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.083
Поени од реакции
4.690
До негде се согласувам , ама ко што го читам постов ке ти кажам кај си во право и кај не си , пред 5 години не е се така исто :)

Да поскапо е , ама пута 2 од Скопје па и не баш, Макијато во кафич ти е 1 , 1.5 евро, Зрче е максимум 3-4 километри од Новаља , се стига за 5 мин, има 5 клуба Калипсо , Аквариус и Папаја се најголемите, пишав и предходно дека се огромни и во Аквариус не се плака влез секоја вечер (јас лично ни една вечер не платив).Дневната шема е јака тука се согласуваме, а дека на Зрче нико ни је јебо поговорката е апсурд , помини на плажа околу 3-4 и Брејзерс од крај до крај :pos: , Пивото толку е , 3.5, 4 ама кога ке видиш па у Грчка е 5-7 у диско , забораив како се викаше диското т.е. бич бар беше на зрче, таму пијачките се багатела 1 евро Јегер, 2 евра виски, коктелите џабе беа, така да доступачна цена. Верувале или не Џони Ред ти е 3 еурики :) Ако сте екипа од 4ца по 60 еура ке ве фати пат (зависи шо кола) , и да смештајот е од 17 до 25 од ден.

-Резервација на време тука се согласуваме.
-И за Август се согласуваме , Италијаните се дегени ама имаат страв од балканци мислиш Луцифер ни е роднина. Битно Енглези и диво балканско племе нема, од 12 дена ни еден инцидент не видов, освен што се караа италијаниве у сред диско :pos:
-За пица незнам , ама имаше едно ресторанче пар екселанс, да не навлагам у детали битно храната им е одлична.
-Поминав од градот Паг ама не шетав, изгледаше фино на прв поглед, така да и ја препорачуем шетња таму.
-Лично имав пријатно искуство со Хрватици, знаат да уживаат на журка, е сега не дека немаше дигнати ама генерално беа топ, башка и лепотици се нек си е*е векот. За останатата женска раја само позитивности, холанганките, словенките , германките се проверена роба.Само треба малце да подлажуеш за да си добитен :pos: да не навлагам у тој муабет , за тоа можеме да седнеме на пиво и да се смееме. Туку има солиден број на женска популација, но како и на 90% од летните дестинации машкиот род преовладува.
-Ударај Словенки , ама ударај и од Германско говорно подрачје. Најмногу ме изненади што немаше Скандинавки, ама затоа пак Бразил , Америка и уште некој неочекувани држави беа на местото за злосторот.
-Банџито им е пар екселанс, Нокна шема е најбоље да се фрлиш дека се гледа цела плажа од горе, и сите дискотеки.Има и Круз Партиња и некој си езера топли и што уште не. Мада солени им се цените за тоа , и тоа пресолени.
-Многу е 850 , мислам никад не е многу ама со таа цифра се поминува господски. Со 600-700 се вози, битно какви ти се апетитите, од дома земи 2 фул фрижидерчиња со алкохол и храна и од старт си зажтедил 100 евра, 200 евра смешај, 70 евра пат ,и по 40 да имаш за трошење си на коњ. Башка немора 10 дена, и 7 на Зрче се Win ситуација.
-Заеби ЈуТуб, ако јутуб ти е релевантен извор ништо не праиш, и Колегиум има по 3000 луге што идат секоја година на Крф на видеата нивни се е жени , лижење и журка.Ама не даваат кај што Србите се колат со Енглези или мегу себе. Журка има од 4 попладне до 7 сабајле , атмосферата ја нема на ниту едно место во Балканов.Дефинитивно нема да бидеш разочаран,лично се спремам на 22 јули е Аксвел а на 31 Хардвел едни од мојте топ ДЏи ,Они се гаранција за топ музика, оној кој слуша електронска музика знае за што зборам.


Според мене Паг 2008 и Паг 2012 се два различни термини , имало журка и тогаш но сега местото е далеку попопуларно.Доказ за тоа е светската ДЏ елита која е најавена и за оваа година.Грција ја избегавам ради Грци,Енглези , Срби и останат катиљ парти народ, не дека имам нешто против нив ама дефинитивно на одмор се дојдени да се искршат од тепање и да пијат а не им држи гзот.Ако сакаш повраканици , да дробиш на плажа скоро секоја нок , да гледаш крвишта на улица не ти треба Кавос, боље ти е Сончев Брег, бугарине го направија местоно лас вегас, боље коли и хотели имам видено таму него ли во Монте Карло. Сепак у право си , ако сакаш таков калибар на журка иди Сончев или Кавос , ако сакаш малце поопуштен и убав народ а под гас 24\7 иди Зрче.
--- надополнето: 13 мај 2013 во 18:22 ---
Sussaro - А за Миконос што, како?
Сум чул за Миконос дека е најскап остров во Европа , шмек на муабетот беше дека геј популацијата преовладува на огромни размери во Миконос. Не сум бил и неможам да им се потпрам на муабетите, кој бил нека дефинира.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
4.085
Поени од реакции
7.794
Sussaro - А за Миконос што, како?
Миконос уште не сум бил. Од рецензии на луѓе што биле од старт 2 работи се негативни-педерите и скапите цени. Огин скапо. Атмосфера имало одлична, не за џабе традиција на Дејвид Моралес е секоја година на својот роденден да пушта музика во Каво Парадизо. Каво Парадизо бил најдобриот клуб на островот, главните приказни и дешавки биле таму. Многу дрога, другариве викаат немаше ден барем неколку луѓе да не прашуваат да не продаваме табли или бело. Се е во водух. Другар еден извади неколку клипа кога се врати и ги гледавме кај енго на мобилен. Значи што се дешава во сред дискотека, преку ден, на шанк на полно народ, ма каки 18+, парентал адвајзори, Р рејтед, сум се смеел на преживелици на луѓево што биле. Во Европа, д некст бест тинг после Ибица.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.767
Поени од реакции
9.404
Еххх Каво Парадизо, туго посакувана :)
 
Член од
2 март 2013
Мислења
30
Поени од реакции
0
има шанси да се најде работа на Миконос? Па малце работа,малце журкање и ќе се истераат 3 месеца на убав остров :)
 
Член од
6 март 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво колку треба минимум пари за на зрче 9 дена одприлика
 
На врв Bottom