Особини на лошите возачи

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.779
... заради тоа што слушал гласна музика? Ако те деконцентрираат овие две работи кај ''лошите'' шофери тогаш ти си по лош од нив!

...Добар шофер е повеќе од почитување правила.
Токму тие правила се поставени заради безбедноста и важат за сите. Пошто не можеш емпириски да „измериш„ кој колку е добар или лош возач.Некој што не почитува правило за ставање појас, лесно му е да не почитува и други поважни правила.

За гласната музика (што се слуша и на 100 метри од колата) да не ни почнувам, скоро секогаш се работи за истите ку*тони што не е*аваат жива сила, се бутаат на почетокот од колоната, поминуваат на црвено, возат пребрзо (често и пијани) и генерално се причина за поголемиот број од сообраќајките...
 
Член од
17 август 2012
Мислења
49
Поени од реакции
5
Ме нервира кога во се наоѓаш во кружен тек и некој пред тебе не дава жмигавец дека се исклучува, туку право и врти и гајле си нема...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.657
шо свират ноќе.........леле некој има да го прими заради оваа некултура :mad:
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
69
Поени од реакции
29
влезен во едносмерна улица, има препрека пред него и пак се пика, не попушта :mad:
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
991
Поени од реакции
650
Има многу кои воопшто не знаат да користат сигнал за вртење, незнам зошто е толку тешко да дадеш сигнал пред да завртиш некаде. А за мобилните воопшто не сакам да зборувам, мислам дека почнуваат да бидат најголема причина за сообраќајките.

Добар возач е оној кој внимава на сообраќајот, на состојбата на патиштата, што не се брза и не ризикува. Исто така добро познавање на возилото со кое се управува е доста важно за вашето возење.
 

DarthKaran

Gray Jedi
Член од
4 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
123
се препознав во 6 ама само кога возам по автопат, се заборавам на лева лента понекогаш, кога нема многу коли :)
инаку многу ми пречат што не даваат жмигавци, ти свират на семафор да тргнеш иако уште жолто свети, зафаќаат по 2-3 места на паркинг, не почитуваат првенство на минување (посебно со комбиња или камиони - си вика „влези ако ти стиска, поголем сум“), те преминува со 200 и наеднаш ти кочи и дури тогаш му текнува дека ти си возел споро зашто имало други пред тебе (во ова ги вбројувам сите што пребрзо возат), оние што уште не научиле кој има предност на кружен и да не ги забораваме оние што не застануваат на пешачки. ама најмногу од сите ми пречат таксисти :mad: убедени се дека имаат право на предност во секоја ситуација, дека треба да се воведе во правилниците „такси - возило со апсолутно првенство на минување пред сите други, па дури и службени возила“ WTF!!! во последно време пцујам по секој таксист кој ќе ми се најде на патот. така да ако некој тука вози такси и се навреди од ова, јбг, мнозинството заслужува да биде пцуено
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
17
Поени од реакции
2
Sekoj koj sto ne gi pocituva pravilata na soobrakjajot e los sofer. Soobrakjajot si ima pravila i propisi koj sto se mnogu prosti i ednostavni, no na glupi soferi, invalidi u mozok dzabe im objasnuvas, kolku i da e toa prosto i ednostavno, zimaat vozacka, avtomobilceto i go stiskaat kolku sto ide i ne ide
 

Kajgana Shop

На врв Bottom