Основање здружение

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.633
Поени од реакции
1.233
Здраво друштво.
Се надевам дека има некој(а) искуство од областа на основањето на здружение, за да ми помогне околу основањето.
Го исчитав Законот, но дали ќе може да ми објасните попросто, по пластично да речам, како оди целата процедура и за колку време може да се основа едно здружение?
Не планирам да основам типично здружение на граѓани кое ќе се грижи за некоја конкретна област, туку планирам да основам некој вид институт кој ќе истражува јавно мислење и одредени тематики кои сега се нецелосно допрени. Попросто кажано, планирам да основам здржужение како „Институ за демократија „Социетас Цивилис“, како „Инстит за политички истражувања Скопје“ или како „МЦМС“...
Благодарам однапред на помошта.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
8.844
Поени од реакции
4.805
При отварање на фирми, без разлика од тоа какви се, постапката за отварање се води преку овластени Регистрациони агенти(адвокати и сметководители) од ЦРМ.
При вршење промени во фирмите, тогаш тоа може да го прават само адвокатите.

Кај здруженијата, мислам дека мора да се оди директно во ЦРМ, соба одма позади шалтерот за подигнување на решенијата за фирмите.
Барем кога се работи за промени кај истите, мора да се оди во ЦРМ, и поради тоа мислам дека и при создавање на истите, постапката е иста, директно кај нив.

п.с. Фирмите мислам дека може да се отворат одма, зависно кога ќе го видат предметот луѓето од ЦРМ, претпоставувајќи дека сите документи се во ред. Решението дури може и да се подигне мислам во истиот ден, ако постапката почне што е можно порано во денот.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.273
Поени од реакции
649
А дали има некои правила за финансирање на здруженијата, на пример дали може да се финансираат од странски здруженија или пак да бидат дел од нив на пример со подружница во МК. На пример здружение за заштита на демократијата или нешто слично, дали е определен број на членови кои едно здружение мора да ги има?
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.633
Поени од реакции
1.233
А дали има некои правила за финансирање на здруженијата, на пример дали може да се финансираат од странски здруженија или пак да бидат дел од нив на пример со подружница во МК. На пример здружение за заштита на демократијата или нешто слично, дали е определен број на членови кои едно здружение мора да ги има?
Читајќи го законот, може да се има подружница, како на пример ова на Џорџ Сорос „Отворено општество Македонија“. Околу бројот на членови, мора да има минимум 5 члена постојано.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.273
Поени од реакции
649
Читајќи го законот, може да се има подружница, како на пример ова на Џорџ Сорос „Отворено општество Македонија“. Околу бројот на членови, мора да има минимум 5 члена постојано.
Па да на тоа мислев, бидејќи реално во Македонија тешко може да опстои некое здружение или НВО во поглед на финансии, па затоа е позгодно да се здружи со поголема интернационална организација со иста цел, за што матичното здружение ќе исплаќа плати и трошоци за активности.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.633
Поени од реакции
1.233
Па да на тоа мислев, бидејќи реално во Македонија тешко може да опстои некое здружение или НВО во поглед на финансии, па затоа е позгодно да се здружи со поголема интернационална организација со иста цел, за што матичното здружение ќе исплаќа плати и трошоци за активности.
Согласно Законот следуваат пари и од Буџет на РМ, буџет на Градот Скопје и/ли од општината каде е регистрирано.
Наведени беа изворите на финансирање, ама не ги запаметив сите...

А да не знаеш случајно колкави се грантовите што ги доделуваат било да се државните институции било да се други невладини т.е. здруженија?
 
На врв Bottom