Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    55

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Кои се аргументите од правен аспект проституцијата сеуште да се смета за казнива со закон? Моралниот аспект не е причина, бидејќи во тој случај и хомосексуалноста би се сметала за незаконска.
Луѓето што се бават со проституција не присилуваат никого на ништо, не прават штета, не повредуваат никого и не се измамници. Нудат задоволство и за тоа наплаќаат. Кои се законските и правните основи за нејзино категоризирање како нелегална?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Зошто од морален аспект ги поистоветуваш проституцијата и хомосексуалноста?
 
Не мислев да дискриминирам никого. Доколку сметаш дека е несоодветен примерот, може да го замениме со неверство на пример. Тоа се смета за неморално а не е казниво со закон.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Не мислев да дискриминирам никого. Доколку сметаш дека е несоодветен примерот, може да го замениме со неверство на пример. Тоа се смета за неморално а не е казниво со закон.
Искрено, и тој пример не ми е соодветен. А да одиш без пример?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Искрено, и тој пример не ми е соодветен. А да одиш без пример?
Не се согласувам дека не е соодветен. И двете појави во општеството се сметаат како неморални, едната не е казнива со закон, другата е. Од тука, моралниот аспект како причина за казнивост отпаѓа.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Не се согласувам дека не е соодветен. И двете појави во општеството се сметаат како неморални, едната не е казнива со закон, другата е. Од тука, моралниот аспект како причина за казнивост отпаѓа.
Како сакаш, твоја тема
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Јас понудив образложение зошто сметам така, за жал ти не го направи тоа.
Со проституција може и хомосексуалец да се бави, што се однесува до првиот пример.
Проституцијата кај нас е кривично дело, неверството не е. Ако се легализираат и проституцијата и неверството, ќе ти држи вториот пример
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Со проституција може и хомосексуалец да се бави, што се однесува до првиот пример.
Проституцијата кај нас е кривично дело, неверството не е. Ако се легализираат и проституцијата и неверството, ќе ти држи вториот пример
Не ми ја сваќаш поентата. Работата е да се разграничи дали моралниот аспект е основа за криминализацијата на проституцијата. Посочив пример каде појава што се смета за неморална не е казнива - неверство. Што значи моралноста не би била валиден изговор за криминален статус на проституцијата.
 
Ти реков, твоја тема, твоја работа. Впрочем, ти гласав во меѓувреме
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Кои се аргументите од правен аспект проституцијата сеуште да се смета за казнива со закон? Моралниот аспект не е причина, бидејќи во тој случај и хомосексуалноста би се сметала за незаконска.
Луѓето што се бават со проституција не присилуваат никого на ништо, не прават штета, не повредуваат никого и не се измамници. Нудат задоволство и за тоа наплаќаат. Кои се законските и правните основи за нејзино категоризирање како нелегална?
Друже Ипсисимус вакви теми и претходно имало на форумов ... според мене мислам дека е океј да се легализира проституцијата во нашава земја која бтв и била некогаш во минатото легална, но потоа се промениле работите со доаѓањето на некои нови власти па од легална станала нелегална и.т.н.
Не сум 100% сигурен но мислам дека комунистите после втората светска војна ја забраниле оваа појава/дејност на целата територија на СФРЈ во сите републики !
Доколку се легализира треба тоа да се направи по теркот на некои модерни западни земји каде што оваа појава е легална и регулирана со закон, како на пр. во Холандија и други држави, лицата кои се занимаваат со оваа дејност нормално треба да плаќаат даноци кон државата, да вршат редовни здравствени и хигиенски прегледи и.т.н. сето тоа си е регулирано со закони нормално, но тоа си е веќе работа на политичарите во влада и во парламент, ние како обични граѓани можеме само да дискутираме и не можеме да одлучуваме што сакаме и што треба да биде или да не биде легално !
Е сега околу моралноста, зависи кој како ги гледа нештата, океј до некаде и е издржано да се каже за лице кое е во брачна заедница а користи услуги од проститутки па да речеме дека тоа е некаков тип на неморален чин, но не гледам причина зошто некој/некои што се слободни лица и не се во никакви брачни заедници да не користат услуги од проститутки, бидејќи ако некоја особа е слободна/сингл и користи вакви услуги прашањето ми е кого таа личност изневерува со овој чин !
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Моралниот аспект не е причина, бидејќи во тој случај и хомосексуалноста би се сметала за незаконска.
добри теми отвараш само една мала замерка со споредбата :).
Хомосексуалноста е доброволна врска, што се вели беспари љубов секс и заеднички живот, а проституцијата е продажба на секс најчесто под принуда, физички психичко малтретирање, често и дрогирање силување и изживување, мислам на класична проституција по пимпови и такви чуда.

Морално кој како сфаќа, некој живее во морални норми од пред 1 век, некој во денешницава.
Инаку стопати сум пишал, подоблесни ми се оние класични проститутки кои немаат друг извор на пари ниту квалификации, отколку оние инфлуенсерки, манекенки, водителки и коекакви бизнисменки, некои ги нарекуваат спонзоруши, кои се лепат, се продаваат за брдо лове, добар ауто и можда јахта, Бахами и сл...под превезот на љубов и брак.
Онака нафрлам затоа што оваа тема ми се чини е уште посложена од онаа претходно за моралот и има многу што да се збори за истата.
Одговор на прашањето зошто е нелегална, не знам
Автоматски споено мислење:

Под проституција мислев на доброволен секс за пари, не принуден. Така ако гледаме и било која друга работа под принуда е нелагална. Ако некој со камшик над глава те тера да асфалтираш улица, тогаш и тоа е нелегално.
 
Член од
12 септември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
4
Со проституција може и хомосексуалец да се бави, што се однесува до првиот пример.
Проституцијата кај нас е кривично дело, неверството не е. Ако се легализираат и проституцијата и неверството, ќе ти држи вториот пример
Проституцијата кај нас е прекршочно регулирана не е кривично
Автоматски споено мислење:

добри теми отвараш само една мала замерка со споредбата :).
Хомосексуалноста е доброволна врска, што се вели беспари љубов секс и заеднички живот, а проституцијата е продажба на секс најчесто под принуда, физички психичко малтретирање, често и дрогирање силување и изживување, мислам на класична проституција по пимпови и такви чуда.

Морално кој како сфаќа, некој живее во морални норми од пред 1 век, некој во денешницава.
Инаку стопати сум пишал, подоблесни ми се оние класични проститутки кои немаат друг извор на пари ниту квалификации, отколку оние инфлуенсерки, манекенки, водителки и коекакви бизнисменки, некои ги нарекуваат спонзоруши, кои се лепат, се продаваат за брдо лове, добар ауто и можда јахта, Бахами и сл...под превезот на љубов и брак.
Онака нафрлам затоа што оваа тема ми се чини е уште посложена од онаа претходно за моралот и има многу што да се збори за истата.
Одговор на прашањето зошто е нелегална, не знам
Автоматски споено мислење:
Проституција како терминологија сеподразбира доброволно продавање на сексуслни услуги, егзотични танци и др за пари и материјални добра.
Со проституција можат дс се занимават сите полнолетни лица мажи жени геј би транс лица
Автоматски споено мислење:

добри теми отвараш само една мала замерка со споредбата :).
Хомосексуалноста е доброволна врска, што се вели беспари љубов секс и заеднички живот, а проституцијата е продажба на секс најчесто под принуда, физички психичко малтретирање, често и дрогирање силување и изживување, мислам на класична проституција по пимпови и такви чуда.

Морално кој како сфаќа, некој живее во морални норми од пред 1 век, некој во денешницава.
Инаку стопати сум пишал, подоблесни ми се оние класични проститутки кои немаат друг извор на пари ниту квалификации, отколку оние инфлуенсерки, манекенки, водителки и коекакви бизнисменки, некои ги нарекуваат спонзоруши, кои се лепат, се продаваат за брдо лове, добар ауто и можда јахта, Бахами и сл...под превезот на љубов и брак.
Онака нафрлам затоа што оваа тема ми се чини е уште посложена од онаа претходно за моралот и има многу што да се збори за истата.
Одговор на прашањето зошто е нелегална, не знам
Автоматски споено мислење:
Трговоја со луѓе е тогаш ако некој продава сех под принуда.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Проституцијата кај нас е прекршочно регулирана не е кривично
Благодарам за поправката. Поентата е зошто да биде во конфликт со законот, не гледам ниедна логичка ниту правна основа за тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom