Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    55

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
smihajlo,

а убо ти напишав-у право си. :icon_lol:

Она што ми е најсмешно па и трагично во твоите дописи, тоа е што непрекидно се повикуваш на некакви аргументи и факти но не било кои, туку само на оние кои се во склад со твоите предубедувања кон проституцијата. Разбира се, тука нема ништо субјективно од твоја страна...За твоите смешни и неумесни споредби помеѓу световни професии од кои луѓето јадат леб, споредувани со проституцијата ккао јавен блуд, да не правиме муабет. Спроедбвите се несоодветни, но намерно ги наведуваш на својата воденица...

За твојот предлог за вклучувањето на Црквата, нема место; ем запињаш за легализација на проституцијата, со што проблемот би бил „решен„, ем одговорноста ја префрлаш на Црквата, која има свои ставови кон многу нешта, кои (ставови) се независни од било чие (псевдо)научно толкување на рабоќето во Светот и во животот.
Автоматски споено мислење:

Немет проблем; решениет е просто, со легализација на сите видови проституција и со тоа, сите ќе можеме да се впуштиме во тој грев, оти е легализиран, а не оти е корисен.
Настрана од моите и твоите убедувања дали мислиш дека легалната забрана им помага на овие особи?(Или значително ја спречува појавата?)

Јас би рекол не.

Не сум сигурен дали е заблуда или твој личен став ама мислам дека ти поистоветуваш легализација со одобрување на самиот чин.(А мислам дека е јасно дека не се. Барем според мене.)

Можеш да бидеш застапник на легализација, а сепак да бидеш против чинот проституција или како што ти го нарекуваш блуд.

Јас на темава се водам делумно од субјективни ставови и делумно од објективни факти.

Субјективниот дел се базира некои мои принципи од кои главниот е слободата. Под ова подразбирам слобода на говор, слобода на избор, слобода на асоцијација, слобода за избор на професија и ред други слободи кои се нашироко прифатени како нешто суштинско за водење на продуктивен живот.

За жал не секогаш е можно јасно да се разграничи кога мојата слободата ја нарушува слободата на некоја трета особа.

Американски врховен судија има кажано слободата да ја движиш твојата тупаница завршува со непосредната близина до моето лице и според мене ова е доста солиден принцип.

Јас ова би го пресликал и на нашава ситуација. Слободен си да се занимаваш со било која професија се додека не ја нарушуваш слободата на некои трети лица и они да до прават тоа.(Од ова јасно е дека на пример платен убиец не е валидна професија за легализација)

Не знам колку години имаш, но ако се навратиш само педесетина години наназад одредена група на луѓе т.е комунистите сметале дека они имаат право да налагаат која професија е ок, а која не е. И според нивната идеологија религијата и луѓето кои се бават со оваа професија биле забранети, непожелни и прогонувани.

Ако не ја гледаш иронијата тука, тогаш мислам дека за џабе си го трошам здивот.

Во врска со објективните факти. Барем оние статии што сум ги читал јас покажуваат дека легализацијата го намалува насилството, резултира со подобро здравје и воедно јас намалува самата појава.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
Државите се тие кој ограничуваат право на сексуална трговија, не за да инспекторите и полицајците бесплатно ги искористуваат нелегалните сех.таботнички, туку на некој држави оваа професија им е АТАК на бракот и семејствтото, т.е. се резонира дека ако има легална и безбедна проституција ќе има намалување на бројот на склопени бракови.
Германија е една од ретките држави со легализирана и средена проституција, ( иако и таму има и дива), но Германија има и данок за ергени...
Има и други елементи околу оваа професија, легализација по германски модел со бордели неповолно влијае на кафанскиот бизнис, кој е по дефаулт тесно поврзан со нелегалните активности од сите врсти
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Тоа е многу глупа причина и начин.... адекватен можеби за менталитет од 14ти век но не и за 21ви.
Ако државата имплементира закон за да влијае на нечија брачна состојба, тогаш државата директно се меша во приватноста и слободата на избор на поединецот. Глупоста на методот во случајов е посебна приказна.
 
нема крај на глупостите, една Шведска има строги казни само за корисници на проституција, а мислам дека веќе е влезено во процедура и најновиот закон, да се казнуват швеѓани кој користеле услуги во странство, веројатно по дојава.... како што на времето Франција праќаше шпиуни да ги пратат французите во Швајцарија кој штедат во швакцарски банки ( ги менуваа француските франци во коцкарница на границата).. па Швајцарија им ги уапси шпиуните... така сега би требало Германија да ги апси шведските шпиуни кој ќе се врткат пред борделите во Хамбург....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom