Ослободувањето на Скопје во Втората светска војна

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.223
На денешен ден е ослободено Скопје од Германските и останатите окупатори.

Слава им на Македонските партизани кои ги дале своите животи во оваа битка и во народно ослободителната војна.

Да дискутираме по темата и да истакнеме материјали од овој настан од Македонската историја.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, 1944 ГОДИНА!




ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, 1944 ГОДИНА!

ЧЕСТИТА НЕКA НИ Е СЛОБОДАТА!



СЕЌАВАЊА ЗА 13 ноември 1944

Ослободувањето тргна од Водно Последната битка се водеше за Учителската школа, која тогаш се наоѓаше во дворот на сегашната Општина Центар, раскажува 81-годишниот Васко Попоски, кој тогаш имал 16 години



Шеснаесетгодишниот курир им помогнал на борците да стигнат до непријателските позиции: Васко Попоски

Снежно и студено предвечерје. Скопје тоне во мрак, а ситниот снег ги штипе студените образи на измрзнатите борци што очекуваат дека ќе се случи нешто големо, се сеќава на акцијата за ослободување на Скопје, тогаш 16-годишниот курир во оваа бригада, Васко Попоски. Тој сега е потпретседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Скопје, а бил претседател на Општината Центар по земјотресот во 1963 година и заменик-градоначалник на Скопје. Сликите од 13 ноември 1944 година за него се неизбришливи.

- Се чекаше погодниот момент за напад и ослободување на градот. Дванаесеттата македонска народна ослободителна ударна бригада беше подготвена да се соочи со непријателот. Долго се чекаше муграта за да почне операцијата „Ослободување на Скопје“- се сеќава Попоски. Операцијата почна преку Водно, со напад на Железничката станица, Офицерскиот дом, Народната банка, а борбата се разгоре по улиците на градот. Главниот товар во битката падна на 12. и на 16. македонска народна ослободителна ударна бригада.

- Последната битка се водеше за ослободување на Учителската школа, која тогаш се наоѓаше во дворот на сегашната Општина Центар. Сега е зачувана само влезната врата. Со ослободувањето на овој објект конечно беше ослободено цело Скопје. Школата се наоѓаше на отворена површина и затоа беше тешко да се освои - се сеќава сега 81- годишниот старец. Васко требало да им помогне на борците од 12. македонска бригада да стигнат до непријателските позиции, во близина на Учителската школа, без да бидат забележани.

- Средбата со моите соборци беше договорена во беговската куќа во Тафталиџе. За да не доцнам, позајмив и часовник од мојот сосед. Бевме однапред договорени за воспоставување на контактот кој беше успешно спроведен. Потоа, целата операција беше и успешно изведена. Иако, во првиот момент непријателот не сакаше да се предаде, испративме жена која знаеше германски. Таа требаше да ги убеди да се предадат, но безуспешно. Тие го одбија предлогот. Не ни преостануваше ништо друго, туку да разгориме битка, да расчистиме со оружје и да ги протераме од објектот - раскажува Попоски. Скопје до вечерта било целосно ослободено, а слободата била прославена со песни низ целиот град.

Анела Петрова
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Eisenhorn: благодарам за темава и нека ни е честито слободно Скопје!

Денес ми е празник. Како еден од најдргите предмети што ги поседувам се една машина за пишување и пиштол запленети од германски офицер за време на борбите (од страна на членови на моето семејство).

Еве еден приказ од командантот на Третата Македонска ударна бригада, Јордан Цеков-Дане:

Александар Јорданов во размислувањата, меѓу другото, тврди и ова: "За време на средбите на македонското и бугарското раководство бил постигнат договор и братско разбирање во ослободените градови во Македонија и во Скопје најпрво да влезат борците на партизанските одреди" само поради тоа "поколенијата да ги чуваат спомените за хероите, а улици, плоштади и училишта да ги носат нивните имиња".

Во право е господинот Тодор Чепреганов кога го тврди (Т.Ч. "Бугарија да се извини наместо да бара благодарност", "Утрински весник", 15.12.2004) следново:

"Тезата дека бугарските војски ги ослободувале градовите, а само поради договорот со македонските единици им било овозможено да влезат први, исто така, е измислица и не е добронамерна".

Во прилог на тврдењето на господинот Тодор Чепреганов, наведувам валидни факти. Таков договор не постои, бидејќи партизанските одреди не влегуваа во градовите, туку партизанските бригади на НОВ и ПО на Македонија водеа борби против бугарските окупатори (Кратово, 7 септември 1944) и против германските окупатори и во тие борби ги ослободуваа градовите. На 8 ноември 50. дивизија го ослободи Штип, а потоа во Штип влезе бугарската војска, на 9 ноември 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, а потоа во Велес влезе бугарската војска, на 11 ноември 17. Македонска бригада го ослободи Куманово, а потоа во Куманово влезе бугарската војска, на 13 ноември 3. и 12. Македонска бригада го ослободија Скопје, а на 14 ноември, наутро, еден бугарски полк беше спречен да влезе во ослободено Скопје.

Во оваа статија станува збор како 3. македонска ударна бригада, чиј командант бев јас, спречи еден бугарски полк да влезе во ослободено Скопје.

По 60 изминати години, во свежо сеќавање ми остана еден значаен настан што се случи по полноќ, утрото и до пладнето на 14 ноември. Кога уличните борби за ослободувањето на западната половина на Скопје привршија, германските окупатори, вечерта на 13 ноември, дефинитивно, го напуштија Скопје. Со паѓање на мракот, западната половина на Скопје целосно беше ослободена од 3. и од 12. македонска бригада, освен Учителската школа во која се уште се бранеше една група германски војници.

Штабот на 3. македонска ударна бригада се наоѓаше во една голема канцеларија на поранешната бугарска фашистичка обласна полиција. Преку баталјонските курири беше пренесена наредба баталјоните да се обезбедат, а 2. баталјон доби задача со една чета да го мине железниот мост што води за Бит-пазар и да се постави во реонот на Воената болница (денес Скопски саем). Скопје беше во мрак.

Понекогаш ќе се слушнеа пукотници од пушкомитралези од насока на Кале и касарните на качаничкиот пат и потоа сe ќе се смиреше. Од голема радост дури и не се спиеше, но сепак сонот го бараше своето. Некаде околу три часот наутро ме разбуди курирот на 2. баталјон. Курирот ме извести дека нашата чета кај Воената болница се сретнала со бугарски војници. Бугарските војници се вратени назад кај Кумановска трошарина (сега хотел "Континентал").

Кога курирот ме извести дека нашата чета се сретнале со бугарските војници, се сетив на големата лага што на 9 ноември, откако 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, во една куќа, каде што престојуваше Штабот на бригадата, вечерта слушавме Радио Софија и имавме и што да чуеме.

Радио Софија објави вест дека бугарската војска го ослободила Велес, а бугарската војска на 9 ноември беше во реонот на Штип. Таа голема лага беше причина да донесам одлука да им се забрани на бугарските војници да влезат во ослободено Скопје и да бидат вратени кај Кумановската трошарина и Автокоманда.

Во духот на таквата одлука, му наредив на курирот:

"Кажи му на командантот на баталјонот, Боро, со две чети да стигне кај Воената болница и Кумановската трошарина и да забрани бугарските војници да влезат во Скопје. Ако некои сакат да продолжат, со закана на оружје да ги врати назад".

По повеќе од еден час курирот дојде во Штабот на бригадата и ме извести дека командантот Боро ја извршил наредбата и една бугарска единица околу 50 војници е спречена да влезе во Скопје и чека кај Кумановска трошарина.

Така ги дочекавме раните утрински часови на 14 ноември. Околу шест часот јас, политичкиот комесар и началник на Штабот со коњи тргнавме да видиме што се случува кај Воената болница и Кумановска трошарина. Кога пристигнавме на означеното место, имавме што да видиме: бугарските единици пристигнуваа кај Кумановска трошарина и Автокоманда и беа принудени тука да чекаат, 2. баталјон ги запираше бугарските војници и не им дозволуваше да влезат во ослободено Скопје.

Во таа ситуација, кога гледавме како 2. баталјон ја извршуваше борбената задача, еден бугарски офицер се доближи до нас тројцата и гледајќи како куририте ги држат зад нас коњите, претпостави дека сме раководители и налутено праша:

"Кои сте вие што забранувате да влеземе во Скопје"?

Бидејќи не ги разликувавме чиновите на бугарските офицери, а искрено речено немавме респект спрема бугарската отечествено-фронтовска војска, а особено огорчени од лажната вест на Радио Софија дека бугарската војска го ослободила Велес, наместо одговор, му упатив прашање:

- А кој си ти?

- Јас сум полковник Попов, командант на полкот.
Зошто забранувате да влеземе во Скопје?

- Ние тројцата сме командант, политички комесар и началник на Штабот на 3. македонска ударна бригада и ви наредуваме да не влегувате во Скопје се додека не добиеме наредба од Штабот на дивизијата да можете да влезете во Скопје. Наредбата е јасна и според неа треба да постапите, реков јас.

- Знаете ли вие дека нашите војници маршираа цела ноќ и треба да се одморат.Зарем тука на оваа влажна земја на улица да се одмораат?

- Наредбата е јасна и ни чекор напред кон Скопје додека не стигне наредба да можете да влезете.

Инаку, може да биде лошо, додаде политичкиот комесар.


Нашите одговори беа решителни. Бугарскиот полковник сфати дека неговите војници не можат да влезат во ослободено Скопје. Зад нас беа борците на 2. баталјон со оружје в раце. Наредбата ниту еден бугарски војник да не влезе во ослободено Скопје беше доследно извршена. По извесно време, поточно околу 9 часот, командантот на бугарскиот полк од нас побара согласност да влезе во градот и во Штабот на дивизијата да преговара за сместување на војниците.

По кус договор, тројцата се согласивме тој со нас да тргне и да му овозможиме да стигне во Штабот на дивизијата. И така полковникот Попов, единствено лице на бугарската отечествено-фронтовска војска, во седлото на коњот влезе во ослободено Скопје. Сите четворица на коњи се упативме кон зградата во која привремено се наоѓаше Штабот на бригадата. Кога стигнавме, бугарскиот полковник го оставивме надвор да чека, а потоа, со наш курир, на кого му дадовме коњ, го испративме во Штабот на дивизијата.

За тоа време во реонот на Кумановска трошарина 2. баталјон и бугарскиот полк стоеја и натаму едни спроти други. Во реонот на Автокоманда пристигнуваа и други единици на бугарската отечествено-фронтовска војска. Како пристигнуваа така и беа запирани да не влезат во ослободено Скопје. Наредбата да не влезат во Скопје Штабот на 2. баталјон и борците ја извршуваа решително, без оглед што мислеа командантите на бугарските единици.

Кон пладне, Штабот на 42. дивизија на Штабот на 3. македонска ударна бригада, преку курир, му издаде наредба која гласеше: "На бугарска војска НЕ се дозволува да влезе во ослободено Скопје заради сместување. Одобрена насока за влегување во градот е Кумановска трошарина - Бит-пазар - Топаана - касарните на Кале и качаничкиот пат. Секое движење на бугарската војска преку мостовите строго се забранува."

Наредбата на Штабот на дивизијата целосно беше извршена. Бугарската војска тргна од Кумановска трошарина и преку Бит-пазар стигна во касарните на Кале и на качаничкиот пат и се смести да се одмори и да престојува.

Така бугарската отечествено-фронтовска војска "учествуваше" во ослободувањето на Скопје.

Вечерта на 14 ноември, борците на 3. и на 12. македонска бригада, кои го ослободија Скопје, беа вчудовидени: Радио Софија објави вест дека Првата бугарска армија го ослободи Скопје.

Може да се претпостави колку големо беше нашето огорчување. Поради оваа голема лага, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати протест до командантот на Првата бугарска армија и бараше Радио Софија да ја демантира оваа вест. Радио Софија не објави демант.

Бугарските историчари во многубројни написи изнесуваат дека Првата бугарска армија го ослободила Скопје. Таа голема лага и изнесена и во учебникот "Историја на Б'лгарија за X и XI клас на општообразовните трудовополитехнически училишта, стр. 391, издадена од државјото издателство "Народна просвета", Софија, 1976 година. Автори на историјата се член-кореспондент професор Александар Колев-Бурмов, академик Димитар Константинов Ќосев и академик Христо Ангелов Христов.

За ослободувањето на Скопје и бугарската ОФ војска нема испукано ниту еден куршум. Со лагите се служат само оние на кои им е туѓа историската вистина. Ослободувањето на Скопје е дело на борците на 3. и 12. македонска бригада од 42. дивизија и на 16. македонска бригада на кумановската дивизија. Со нивното дело се гордее македонскиот народ.
 
S

smart ass

Гостин
Вечна....штета што некои не се свесни за придобивките од антифашистичката војна и од АСНОМ.

Честито за Скопјани.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
На јуриш до слободно Скопје

Во предвечерјето на денот скопјани во паника се обидуваа да дознаат каде се нивните мажи, татковци и браќа и прашуваа дали се живи, ранети или мртви. Таа грозоморна слика по само неколку часа беше заменета со слика од разиграни луѓе, кои со песни и ора ја славеа слободата на Скопје, се потсетува Благоја Трајковски, првоборец што учествувал во ослободувањето на градот.

- Се почна на 10 ноември 1944 година, кога 12. Ударна бригада од велешко се упати кон Скопје. Времето дотогаш беше сончево, но наеднаш заврна снег и ни ја отежна акцијата. На почетокот бевме петстотини, но подоцна во бригадата се приклучија уште 1.000 борци. Првиот баталјон доби задача да ја штити браната на Матка од балистите. Вториот баталјон тргна на јуриш кон Скопје - раскажува Трајковски.

Германските војници, се потсетува тој, биле повооружени од партизаните и поискусни.

- Ние тогаш првпат водевме улична војна. Најжестоки битки имаше на денешната улица Илинденска, кај Главната пошта и на Старата железничка станица. На станицата пред нашите очи се самоуби еден германски командир откако виде дека неговата чета војува со младинци. На Камени мост загинаа десетина партизани, бранејќи го мостот од минирање. Во последен момент го спасивме - вели првоборецот.

Во вечерните часови се намалило пукањето по улиците, а тоа траело до утрото кога Германците престанале да пружаат отпор.

- Некои од нив се предадоа. Другите побегнаа. За слободата на градот, животот го дадоа 87 соборци од мојата бригада. По судните маки кои во двата дена ги видовме додека го поразувавме окупаторот, вечерта на 13 ноември славевме сите, сплотени во едно зашто конечно ја почувствувавме слободата - со солзи во очите се потсетува првоборецот Трајковски. Во ослободувањето на Скопје учествувале четири ударни бригади, 12, 3 и 16. ударна бригада, а пристапот кон градот им го олесниле борците од 14. и од артилериската бригада.

извор http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=924&ArticleID=61043
 
S

smart ass

Гостин
Со целосното ослободување на Mакедонија и заседанието на АСНОМ, Mакедонскиот народ покажа дека е далеку понапреден културно, за разлика од окупаторите -- нарочито овие од исток. хеее ослободувале, кој мој ослободувале 12 ваташки деца. И јас имам роднини убиени од фашистички окупатор ... стрелан од истите заради поддршка на партизаните со храна, намирници и соработка. Пак предаден најверојатно ... кој да знае - ама од хордат е убиен (а има и повеќе такви случаи ... да беше еден арно).

Па Германците биле похумани од татарите, плус фактот што истите извршија депортација на Македонци, Роми и Евреи од Македонија во логорите на смртта. 3начи пазете, извршен е геноцид, всушност хордатите активно истребија цело малцинство кое претходно живеело на овие простори. И после прикаски за ослободување ... од каракачановци.

Срамота за тие што продадоа гз за подобар автомобил...секоја чест, па и они имаат загубено нивни во таа војна...кутрите се превртуваат во гроб сега ццц :tapp:

Германците барем знаеа да војуваат ... овие ... не знам немам коментар. :toe:

Едноставно ОЛОШИ!!!

Ајде ќе речеш било, поминало. ОК така е. Па Германија официјално се извини на Израел за злосторствата. Зошто нашите соседи барем не признаат дека згрешиле и за иронијата да биде поголема ... она победниците ја пишуваат историјата не важеше за Бугарија - не изгубија територија.

Ослободувањето на Скопје, а и на Македонија, ги побива сите гејско-хордатски пропаганди и теории. Исто и АСНОМ.

ПРОПАГАНДАТА НА НАЦИ-ОКУПАТОРОТ


И покрај разбивањето на партизанските одреди,во 1941 сепак македонецот не потклекна па затоа окупаторската машинерија и нивниот целокупен апарат(цивилен,воен,(не)просветен)....доби наредби да дејствува поефикасно.
ИменоИмено бугарскатадирекција на национална пропаганда имаше евидентно засилување на дејноста....Пример весникот "Целокупна Блгарир" во Скопје,исто така и во битола излезе весник налик тој со друго име-Пелисерско ехо.

Окупаторските органи на власт ги користеа сите можни средства за да го скршат духот и желбата на Македонецот за Слобода.

Така на пример е Одземањето на купоните за снабдување од партизанските фамилии,исто така ги исклучуваа учениците кои не членуваа во Фашистичката организација "Браник",а пак дури и трудољубивите луѓе,работниците беа отпуштани од работа доколку не биле зачленети во организацијата "Труд и радост".

Окупаторскиот апарат будно го следел расположението кај народот.

така на пример околиските управители и кметови добија задолжение да "пронаоѓаат чисти бугари" од средината на бившите илинденци и активисти за слобода.

Во некои села кметовите доделиле и оружје верувајќи дека нашле чисти бугари,но истото потоа од граѓаните било предавано на партизаните.

Со притисок,терор,и масовни убиства бугарскиот окупатор не успеа да ја оствари својата цел.

Окупаторите отпорот на народот го претставуваа како дело на српската власт,иако самите беа свесни дека причина за отпор беше желбата на македонскиот народ за слобода.

И во нивната агонија....КП ги обедини сите малцинства и луѓе желни за слобода и така уште во 1942 се створи јака база запонатамошен развиток на НОБ.

Отпорот на народот стана се помасовен,а се манифестираше преку диверзантските групи,разни саботажи,демонстрации и штрајкови.

Што се однесува за ослободувањето на Скопје-тоа беше само како стимул на Партизаните,имено 16 корпус ги продолжи борбите со една дивизија кон Тетово И една кон качаник.

После ослободувањето на Македонија,единиците на кумановската и 42-та Национално Ослободителна дивизија добија наредба да продолжат со дејства и да се упатат кон Косово и Метохија.
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
Големи глупости зборува "учасникот". Ми е интересно како до Куманово Прва бугарска армиjа ги преследва германците, кои се одтеглуват през Скопje, и подоцна се бие при Приштина? И како ни една пушка не пукнала, а има околу 8000 луге убиени, ранети и изчезнати само од истата Прва бугарска армиjа.:toe:
 
S

smart ass

Гостин
Стрелчо:тоа се е евидентирано со документи и поткрепено.

Ннаредбата до кумановска дивизија била таа...историја на Македонскиот народ...не шлапам од уста.

Туку да...до ордата ќе да е.:vozbud:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Големи глупости зборува "учасникот". Ми е интересно како до Куманово Прва бугарска армиjа ги преследва германците, кои се одтеглуват през Скопje, и подоцна се бие при Приштина? И како ни една пушка не пукнала, а има околу 8000 луге убиени, ранети и изчезнати само од истата Прва бугарска армиjа.:toe:
А бе бугари, толку ли сте безобразни?!

Има уште живи луѓе од тоа време и сега пред очи кого го правите будала?!
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
Стрелчо...тоа се е евидентирано со документи и поткрепено,наредбата до кумановска дивизија била таа...историја на Македонскиот народ...не шлапам од уста.

Туку да...до хордата ќе да е:vozbud:
Мислата ми беше, дека ова е само согласно македонската историja.

Инаку...:
Under the leadership of a new Bulgarian pro-Communist government, three Bulgarian armies (some 455,000 strong in total) entered Yugoslavia in September 1944 and moved from Sofia to Niš and Skopje with the strategic task of blocking the German forces withdrawing from Greece (under the command of Major Georgi Marinov Mandjev from the village of Goliamo Sharkovo, Elhovska Okolia). Southern and eastern Serbia and Macedonia were liberated within a month and the 130,000-strong Bulgarian First Army continued to Hungary, driving off the Germans and entering Austria in April 1945.

Еве една убава мапа со дати и со воени единици:
http://rdsc.md.government.bg/BG/About/VoennaIstoria/History/3-9-1.pdf

Еве и уште подетално:
http://rdsc.md.government.bg/BG/About/VoennaIstoria/History/3-9-3.pdf

Во оваа "Историjа на македонскиот народ" пишува ли колу жертви има НОБ за ослободуването на Скопjе?
 
S

smart ass

Гостин
Чекај сега...еднаш не окупиравте,па после не ослободуавте: :pos:
). Southern and eastern Serbia and Macedonia were liberated within a month
Македонија се ослободи со сопствени сили. Тоа е факт.
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
216
Поени од реакции
6
а бе толку ли сте безобразни има уште живи луѓе од тоа време и сега пред оќи кого го правите будала?
Историjата не се пише од "живи луге" туку од историчари, односно паметни луге, кои знаат што пишуват и го подкрепуват со факти и документи.

Да доjдат "македонските" историчари во воениот архив во Бугариja - во Велико Трново се нагоа и да прочитат секоj ден коjа вoена единица каде е била. Во Бугариjа ова е наjподробниот архив - со дни и часови - да доjдат и да прочитат малце, а не да слушат некоу "учесници". Има си воен архив и на Бугариjа и на Jугославиjа и на Германиjа - насекаде таму пишува дека бугарската армиjа преку Куманово и Скопиjе се била со германците, подоцна Косово поле/Приштина, и Унгариjа....

Таа вашата историjа ми се видува само да е за внатрешна потреба. Надвор РМ ке ви се смеат со вакви изjави.

"Трима луге биле кажале на 130 000 1-ва армиjа, (и уште над 300 000 во Србиjа" да не влегувала во Скопиjе. Ова и децата нема да го поверуват.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Историjата не се пише од "живи луге" туку од историчари, односно паметни луге, кои знаат што пишуват и го подкрепуват со факти и документи. .
Е тука лежи зајакот!

Бугарите немаат ни историчари, имаат квази-историчари.

Уште помалку имаат паметни луѓе, појма немаат што пишуваат а фактите им се да се скинеш од смеење.

Добро бе татари, вие се најдовте најпаметни да убедувате живи луѓе дека тоа што го виделе и проживеале не било така?!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Германците ги победивме со нивното оружје

Напуштајте го местово, одиме да го ослободуваме Скопје. Од радост почнавме да пукаме со таа малку муниција што ја имавме


Во борбите влегол со 19 години

Трајко Стаматовски, директен учесник во ослободувањето на Скопје

Цел ден го минавме во марш кон Скопје, одејќи пеш речиси 30 километри... Вака раскажува познатиот филолог Трајко Стаматовски, директен учесник во борбата на НОБ и во ослободувањето на Скопје.

Тогаш имал само 19 години, ама убаво се сеќава на повеќето детали што се случувале тој ден, како и за целата борба.

- Во бригадата бевме околу 2.000 лица, распоредени по целиот североисточен дел, ја покривавме цела Скопска Црна Гора. Кога пристигнавме во Скопје веќе се водеа жестоки битки. Дванаесеттата бригада се бореше за ослободување на десниот брег на Вардар, како и за сите поголеми објекти - хотелот „Македонија“, училиштето „Гоце Делчев“ (сегашно Друштво на писатели), Офицерскиот дом, Народна банка, радиото Скопје... Голема битка се водеше кај Старата железничка станица. Германците беа присилени да се предадат, па нивниот генерал, не можејќи да го поднесе поразот, влезе во една од канцелариите и изврши самоубиство.

За женската гимназија, која се наоѓаше кај Владата, се водеа борби за секој кат, за секоја училница. За да ги освоиме се послуживме со трик - партизаните облекоа германски униформи од војниците што беа заробени, влегоа внатре, не можеа да ги препознаат и пукаа - раскажува Стаматовски.

За победата не се заслужни само партизаните туку и целото население, кое интензивно потпомагало во востанието, вели тој.

- Голема помош бригадирите редовно добиваа од формираните диверзантски групи, кои го познаваа градот како сопствениот џеб. Имаше околу 20 такви групи, секоја составена од тројца-четворица. Тие им ги сечеа телефонските и телеграфските кабли, фаќаа соработници на непријателот, ја знаеја целата состојба на градот- кој, каде е и што прави. Ги даваа клучните информации. Голем подвиг беше и кога им ги пресекоа каблите кај Камени мост зашто сакаа да го минираат. Особено ако се земе предвид дека Германците беа стационирани во Офицерскиот дом, што значи дека можеа сé да гледаат, цело Скопје им беше на дланка - рече борецот.

За оружјето со кое се бореле вели дека го добивале од Германците.

- Со нивно оружје ги напаѓавме и победувавме. Инаку, од каде кај нас оружје. А како се случуваше тоа, па едноставно. Германците никогаш не беа расположени за борба, секогаш бегаа. И бегајќи знаеја да остават и по 10 камиони. И ние кога ќе им се ставевме на камионите. Сé земавме - храна, оружје, муниција - вели Трајко.

Големи битки се воделе и на Водно и на Матка, а можеби една од најпогубните била онаа кај што сега се наоѓа кафеаната „Идадија“. Завршната битка била за учителската школа, кога заробиле 70 Германци.
- Кога победивме во Чаир жените излегуваа да нé пречекаат со цвеќиња, сол и леб. Сакаа да кажат - доаѓа слободата! Следниот ден, се знае, беше општа веселба, партизаните парадираа низ центарот на градот. Бев возбуден кога го дочекав ослободувањето. Тоа беше прво вистинско ослободување на Скопје, зашто дотогаш беше само замена на една управа со друга. Овој пат се победи со сопствени сили. Ама не треба да се гледа изолирано само на овој ден, туку на целата борба за ослободување. Тоа што се случи на овој ден беше завршна операција зашто, по Скопје, останаа неослободени само уште Тетово и Гостивар - додава Стаматовски.

Во целосното ослободување на градот учествувале 400 партизани, од кои добар дел биле и жени.

Автор: Биљана Стојановска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom