Осветлување (Класификација)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
0.3 WPL - Слабо осветлување
0.5 WPL - Средно осветлување
0.8 WPL - Солидно осветлување
1 WPL - Јако осветлување

За да пресметате колку WPL имате во аквариумот ја делите вкупната ватажа на осветлување со литражата на аквариумот.
Пример: 150W осветлување / 250л аквариум = 0.6WPL

WPL – Watts per liter (вати по литар)

Класификација на флуоросцентните неонки според големината и енергијата што се троши, изразена во вати - W: ова се само неонките кои најчесто се употребуваат кај нас во акваристиката, секако дека има уште различни видови:

Т8 неонки - со дијаметар од 25.4 mm. Според должината можат да бидат:
  • 38 cm. - 14 W
  • 45 cm. - 15 W
  • 60 cm. - 18 W
  • 75 cm. - 25 W
  • 90 cm. - 30 W
  • 120 cm. - 36 W
Т5 неонки - со дијаметар од 15.9 mm. Според должината можат да бидат:
  • 55 cm. - 24 W
  • 85 cm. - 39 W
  • 115 cm. - 54 W
  • 145 cm. - 80.5 W
Класификација на флуоросцентните неонки според температурата изразена во келвини - К: Ова е всушност бојата на светлината. Разликите во спектрите од светлосни бранови кои човековото око може да ги регистрира се всушност боите кои ги гледаме. Брановата должина на виолетовото и синото е најкратка, а на црвеното - најдолга. Температурата на дневната сончева светлина е 6000 К, па доколку ние се обидеме да ја емитираме таа светлина со помош на неонките, листата на видови неонки би изгледала вака:

  1. 6000 - 6500 К : емитираат светлина со боја еквивалентна на дневната сончева светлина на пладне
  2. 5000 - 5500 К : емитираат светлина со боја еквивалентна на сончевата светлина во раните утрински часови и попладне
  3. 2000 - 3000 К : емитираат светлина со боја еквивалентна на сончевата светлина на изгрејсонце и зајдисонце
  4. до 1500 К : емитираат светлина со боја еквивалентна на светлината при облачно време
Според ова - неонките со боја под 5500 К (2, 3 и 4) емитираат жолтеникаво и црвенкасто светло, а оние со боја над 5500 К - бело најај сино светло. Во акваристиката најчесто се употребуваат неонки со боја над 5000 К па се до 10 000 К (1 и 2) и истите неонки даваат одлични резултати при одгледување на растенија.

Класификација на флуоросцентните неонки според CRI (Color Rendering Index): CRI индексот покажува каков спектар светлина неонката зрачи. Сонцето има CRI од 100. Во акваристиката најчесто се употребуваат оние неонки кои имаат CRI од 80 или 90, затоа што истите зрачат поприроден спектар на светлина за разлика од оние кои вообичаено се упортебуваат во домаќинствата, а се со CRI 70. ЗАКЛУЧОК: Колку поголем CRI, толку поприродна светлина (но и истовремено поскапа неонка).

Ознаки на флуоросцентните неонки: Секоја неонка има ознака од некој трицифрен број, пример: 760, 855, 965... Преку овие ознаки лесно може да се определат карактеристиките на неонката.
  • првиот цифра на трицифрената ознака го претставува CRI индексот. Ако е таа 7, CRI = 70, ако е 8, CRI = 80. Значи во акваристиката ќе барате неонки чија ознака започнува со 8 или 9.
  • вторите две цифри ја претставуваат температурата на неонката: онаа со ознака 45, има температура од 4500 К. Во акваристиката потребно е да се употребуваат неонки со ознака од 50 па нагоре (температура од 5000 К па нагоре)
Примери: ознака 760 - неонката има CRI од 70 и температура од 6000 К. Температурата е во ред, но спектарот на светлина не е препорачлив за користење во акваристиката, затоа што не е доволно природна светлината. Ваквиот тип на неонки најчесто се употребуваат во домаќинствата - тоа се оние неонки кои зрачат бела светлина.
ознака 855 - неонката има CRI од 80 и температура од 5500 К. Оваа неонка е добра за вашиот аквариум.

ЗАКЛУЧОК: Во акваристиката се употребуваат неонки со ознака 850 - 899 и 950 - 999. Колку тој број е поголем, толку неонката е подобра и поскапа.

Класи на неонки со најчесто употребуваните „брендови“ кои можат да се најдат кај нас:
  • CRI над 90 1а класа: Osram lumilux deluxe, Philips TL-D 90, JBL Solar серија неонки, Philips TLD Graphica Pro, Osram Biolux series, Philips T5 HO 90, Osram Fluor неонки, Sylvania Activa
  • CRI од 80 до 89 1б класа: Osram lumilux, Sylvania luxline, Hagen flora-glo, Hagen life-glo, Dennerle акваристички неонки, Philips TL-D супер 80, Sylvania Daylightstar, Sera акваристички неонки, Philips Master TLD Super 80, Arcadia Freswater, Arcadia Orginal Tropical
  • CRI од 70 до 79 2а класа: Osram natura, Hagen Aqua-glo, Phillips TLD Aquarelle, Hagen Power-glo.
  • CRI од 60 до 69 2б класа: Sylvania Gro-lux, Philips TLD 33, Sylvania standard series, Hagen Sun-glo, Sylvania Aquastar.
Неонките од 2а и 2б класите, кои се со помал CRI индекс не се препорачува да се употребуваат сами во акваристиката, туку во комбинација со неонки со различен (подобар) спектар на светлина. [Листата со класи на неонки е преземена од akvaristika.weebly.com]
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom