Оригинални компакт дискови

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Обично купувам дискови од омилените бендови. Сакам да си ги имам дисковите во колекција, чисто за мене, а покрај тоа и да ги поддржам бендовите што ги сакам. Цените што ги плаќам за овие дискови се движат од 7 до 20 евра, а ги набавувам или од Грција (Public во Солун) или ги нарачувам од интернет. Покрај тоа, купувам дискови и од македонски метал бендови, за да ја поддржам домашната сцена, како еден од начините да покажам дека го ценам трудот што го вложуваат нашите млади бендови, покрај одењето по свирки. Цената на албумите од македонските бендови најчесто е 200-300 денари.

Еве дел од мојата скромна колекција.







Си имам поставено цел да ја комплетирам цела дискографија од Blind Guardian, се надевам дека еден ден ќе ја остварам таа цел. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе какви дискови златен торент :icon_lol:.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Тукушто се подновив со уште некои албуми :D

Gary Moore - Still Got The Blues [1990]


Sade - The Best Of Sade [1994]


Simply Red - The Greatest Hits [2011]
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Фамилијарно веќе 20тина години кај мене се собираат оригиналки,до сега во колекција има околу 800,од ЕКВ до Класика и џез итн. Нај колекционерски дел ми се цели дискографии на дилан и ролинг стоунс, зафаќаат околку 50цд-а.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Како можев да го заборавам и овој синглс комплет од Продиџи. Го земав во Минхен пред 6 години, мислам дека беше 25 евра.

 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Фамилијарно веќе 20тина години кај мене се собираат оригиналки,до сега во колекција има околу 800,од ЕКВ до Класика и џез итн. Нај колекционерски дел ми се цели дискографии на дилан и ролинг стоунс, зафаќаат околку 50цд-а.
:eek: Браво човече. Навистина импресивно.
Сметај оти таа колекција исто така вреди и тешки пари. Јас само последниве месеци што купив десетина дискови израчунав околу 150 евра дека имам дадено... а камоли 800 да ги имаш.
Претпоставувам поседуваш и добра опрема за репродукција на истите...
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
:eek: Браво човече. Навистина импресивно.
Сметај оти таа колекција исто така вреди и тешки пари. Јас само последниве месеци што купив десетина дискови израчунав околу 150 евра дека имам дадено... а камоли 800 да ги имаш.
Претпоставувам поседуваш и добра опрема за репродукција на истите...
Деновиве ќе сликнам опрема и дел од колекцијата па ќе пуштам тука :)
Keep on going
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Денеска после некој месец да се подновам пак со некој диск:

Antonio Vivaldi - Die vier Jahreszeiten


Zaz - ZAZ [2010]
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кај ја погодив темава вечерва... имам дома околу 90 оргинални транс цедеа друго еден албум од Каролина гочева,Калиопи,Нон Стоп, Два албуми од Тоше Проески,Моцарт засега на памет толку ми текнува штом имам можност ќе ги сликнам и ќе пуштам фотки тука од мојата голема колекција :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Овој го купив пред скоро време, онака тотално рандом, реков да слушнам што компилација е, па испадна оти доста добри траки има.

Chris Rea - The Platinum Collection [2006]


Деновиве ќе сликнам опрема и дел од колекцијата па ќе пуштам тука :)
Keep on going
Уште чекаме некое сликче од импресивнава колекција :D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Еј, еј и јас имам :rolleyes: Вака сега нешто сликнав набрзинка што се однесува ваквите транс компилации ги имам навистина многу но да не правам тука цел албум ќе ги прикачувам малку по малку.

Прво како што и е редот имам 12 компилации со љубовни песни но овие две цедиња ми се најомилените поточно најслушани на системот, точно систем бидејќи доста често си слушам на него песни отколку на компјутер сакам да си го доловам тоа време порано кога бев мал кога слушав на него постојано.

Slika 3.jpg

Овие компилации кој ги препознае знае за што станува збор :vozbud:


Slika 1.jpg Slika 2.jpg

Наскоро ќе додадам уште слики. :rolleyes:
 
П

Паган-др

Гостин
Да не ги продава некој ДНО-Тишина и Стринг Форсес Свиленкаст Пат и Изохронија?

Ако не, и download линк за овие на Стринг Форсес може. И не бришете за пиратерија постов, коа и вака и така нигде не можат да се најдат.

он:

Последен оригинал, воедно омилено ЦД:

прв оригинал воопшто:

Друго: Пинк, Еминем од основно...
Од нашиве Тоше цела дискографија, Суперхикс, Мартин Србиноски..
 
Последно уредено од модератор:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да не ги продава некој ДНО-Тишина и Стринг Форсес Свиленкаст Пат и Изохронија?

Ако не, и download линк за овие на Стринг Форсес може. И не бришете за пиратерија постов, коа и вака и така нигде не можат да се најдат.
Темава и не е баш намената за твоето мислење но ајде нека стои... инаку има тема наменета за тоа.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Туу после 8 години ја отварам пак темава.
5 евра од MediaMarkt во Германија, би рекол џабе. Штета што мал избор имаше, али доволно беше и ова. Еден од моите омилени албуми и веројатно најјакиот албум на Мегадет.

IMG_20220716_185817.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom