Општи дискусии за македонските тв канали

Дали гледате македонски тв канали ?

  • Вкупно гласачи
    105
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
Инаку да не занеш зошто околу 1 месец ја нема Среќни коцки со Вучич на Канал 5?
Не сум ја ни гледал во последно време таа емисија пошто откако стана топло времето често сум надвор.
Изгледа толку од неговата емисија. Почекај можеби после лето ќе се врати со некој квиз на некоја телевизија.

По не знам кој пат пак ќе пишам ни фали телевизија на која ќе има само забава, вести и политика да нема.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Има доста добри проекти пример Талкачи одличен проект на МТВ едно огромно браво за цела таа инцијатива , потоа Стисни Плеј како музичка емисија ми се допаѓа од другите Круг на знаење како единствен квиз што опстоја,Еден на еден како забавно шоу и толку е од добрата програма од македонска продукција. Од увезена пак води МТВ со откупување на серии како Куќа од карти , Црната листа , Брекинг бед ( Пад кон дното) се искачува и одскокнува од монотонијата наречена турско индиски срања. Мене искрено ми фалат проекти од типот на Дајте музика , Во светот на бајките , Бушава азбука.... За тв серии да не зборам сигурно ќе испуштам некоја а беа снимени со максимум 2 камери , а остана легеди до ден денес. Пак ќе кажам кога лудоста дозволи да се сопре проектот Сашко и Сашка и сега да ми ја форсират српско-хрватската варијанта Анџелко и Анџелка е стварно дебилно. Незнам што е следно ќе увезат можеби хрватска бушава азбука? Пак ќе се навратам на периодот кога АМУ или совет за радио дифузија по старо им нареди на сите оператори да се исклучат хрватските верзии на каналте Национална географија и Фокс лајв . Тогаш господинот директор на Канал 5 Иван С. Мирчевски изјави дека им биле нелојална конкуренција затоа што дел од компаниите решиле да се рекламират токму таму. Цитирам “ Замислете си српските весници да ви доаѓат преведени на македонски јазик како ви се чини тоа?“ Истиот овој откупи заедно со Сител и Алфа толку турски и српски шоуа што неможеш да сватиш како некој стасува да ги гледа. Па како тоа да не е доволно по еднаш премиера и еднаш реприза тие имат по мимимум уште една реприза во текот на денот и групна реприза за време на викенд. Ех коа ќе ми текне дека имаше преноси Премиер лига , Италијанско калчо , Наши потраги по ѕвезди и што уште не за сега да кажеме поефтино ни е да се откупи нешто од надвор? Ми се гади од уништувањето на приказните кои ги создаде Колозов , унакажувањето на Тврдокорни и немањето на никаква образовна програма.
 
Од ова што си навел Талкачи одамна не се емитува веќе на МРТ а сериите Куќа од карти, Брекинг бед ( Пад кон дното) МРТ не ги има почнато со емитување сеуште
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Изгледа толку од неговата емисија. Почекај можеби после лето ќе се врати со некој квиз на некоја телевизија.

По не знам кој пат пак ќе пишам ни фали телевизија на која ќе има само забава, вести и политика да нема.
Обично квизовите на Вучич одеа до Јуни месец, сега можеби спонзорите го затвориле вентилот и не даваат повеќе награди.

Нема шанси да дочекаме квалитетна телевизија.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Изгледа толку од неговата емисија. Почекај можеби после лето ќе се врати со некој квиз на некоја телевизија.

По не знам кој пат пак ќе пишам ни фали телевизија на која ќе има само забава, вести и политика да нема.
Вчера пуштив на Канал 5 некаде околу 17:30 и го имаше Среќни Коцки со Драган Вучич само сега имаше публика во студио, и 2 натпреварувачи од кои едниот играч го знае зборот кој треба да се обиде да го објасни а овој другиот играч да го погоди зборот, пантомима играат.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
Вчера пуштив на Канал 5 некаде околу 17:30 и го имаше Среќни Коцки со Драган Вучич само сега имаше публика во студио, и 2 натпреварувачи од кои едниот играч го знае зборот кој треба да се обиде да го објасни а овој другиот играч да го погоди зборот, пантомима играат.
Сега квизот му се вика Среќни луѓе :icon_lol:
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Сега квизот му се вика Среќни луѓе :icon_lol:
Онаа играта кога едниот играч има слушалки на уши и не слуша што зборува оној другиот кој се дере за да објасни збор е аут.
Само е сменет начинот на игра со парнери. Наградите горе долу исти се.
И ова сега веројатно не одат во живо емисиите, како што беше додека се јавуваа во живо гледачи преку телефон.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мислам дека тука е соодветно место, да ја пофалам емисијата со Живкица на МРТВ. Доаѓаат гости што се справуваат со хронични болести, здравствени потешкотии и жртви што ги прават за професијата итн. Многу добра емисија да научиш нешто повеќе од искуството на други луѓе и да си ја кренеш совеста (y)
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
402
Поени од реакции
82
Aбе искрено откако воведоа ова со јавувањава на гледачи во утринските, утринска саглам нема на Сител нити на Канал 5. Само се слушаат пензионерите како се жалат и некој луѓе се јавуваат да искритиуваат една партија друга да пофалат.

Иначе ни другиве не се нешто поарни. Не паметам во мојов живот утринска програма саглам дали имало, се е безвезе. Едни политика уште од рано наутро, други за здравјето оправаат не треба ова да се јаде тоа да се јаде, ден било на канцерот, ден за мозочни болести и многу друго.
Утринска на телма е ок. За мене е добра. И плус тоа таму нема политика уште на сабајле.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
Утринска на телма е ок. За мене е добра. И плус тоа таму нема политика уште на сабајле.
Добра е на Телма утринската ама па долго им трае некаде до 10 мислам беше. После имаат во склоп на утринската и две емисии за здравје од кој едната е за трудници и за бебиња.

Абе утринска се знае од 8 или 7 часот па се до 9 со се вестите и доволно е за дента. По утринската нека оди народот нека си ги врши своите обврски.
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
402
Поени од реакции
82
Добра е на Телма утринската ама па долго им трае некаде до 10 мислам беше. После имаат во склоп на утринската и две емисии за здравје од кој едната е за трудници и за бебиња.

Абе утринска се знае од 8 или 7 часот па се до 9 со се вестите и доволно е за дента. По утринската нека оди народот нека си ги врши своите обврски.
Од 8 до 12 им трае.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
Од 8 до 12 им трае.
Eпа ептен е тоа.

Мое мислење е дека фали утринска во која ќе има музика во живо, хумор, гостувања на гости кој ќе прават разговори за некој повесели теми (без тоа здравје и политика) каде цело време гледачот нема да го остават насмевката од лице да не му се симнува.
Сега е модерно време и редно е телефонските јавувања да се заменат со интернет - фејсбук, скајп, вибер и останати други интернет зезанции.

Знам пензионерите оние стари лица - баби и дедовци ќе нема многу да имаат корист од утринската ама па утринската нека биде за оние помладите и оние кој се чуствуваат мади во душа, користат вакви интернет зезанции.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Добра е на Телма утринската ама па долго им трае некаде до 10 мислам беше. После имаат во склоп на утринската и две емисии за здравје од кој едната е за трудници и за бебиња.

Абе утринска се знае од 8 или 7 часот па се до 9 со се вестите и доволно е за дента. По утринската нека оди народот нека си ги врши своите обврски.
ХРТ 1 и РТС имаат добра утринска програма.
На ХРТ 1 од од 7 до 9 им трае утринската програма што е и ок.
Ми се допаѓа што знаат да пуштат програма со гимнастика вежби за растегнување на телото, тоа е полн погодок според мене.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.889
Поени од реакции
7.569
Последниов период дојдов до заклучок дека ни фали еден тематски детски тв канал. На времето 90- тите (пишувам 90-тите затоа што таа година сум роден) и се до не знам точно која година телевизиите беа преплавени со анимирани цртани филмови и образовни детски емисии. Денес ги има но не доволно или се тие во програмата половина час или се викендашки сабота, недела. Повеќе во преден план на телевизииве се политичките дебатни емисии.

МРТ 1 / МТВ 1 пред нејзиното ребрендирање се утепа од прикажување стари добри цртани серии но ден денес тие се заборавија и се спомнуваат само одреден период на социјалните мрежи, форуми или некој ако снимил нешто па прикачил на јутјуб.

Ѕвон, Сител банбини, Зимско и летна рекреативна програма на времето беа пример и емисии за респект. Денес погледнав дел од Ѕвон кој е со некое си ново име и трае само еден час додека пак порано траеше дури и повеќе. Во самата емисија имаше доста прилози, цртани серии, македонски образовни тв серии, разговори со психолози, разговори со лектори и многу друго но денес нема скоро ништо од ова.

Фали денес детски образовен канал или барем таков дел од програмата на една телевизија. Можеби ова сум го пишал и порано но ајде не е на одмет пак да се почне дискусија на оваа болна и комплесна тема.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom