Општи дискусии за македонските тв канали

Дали гледате македонски тв канали ?

  • Вкупно гласачи
    105

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.435
Македонска телевизија се тешка мизерија им фали документарни емисии како кај дискавери или Нашнел Џиографик или слично само најмногу политики и турските серии кое ме фати проливи.
Нема да има гледаност. Ретко паметни има у државава да можат да ги разберат тие емисии.
Според пинк-цицки-грицки емисии и шоуа јасно е на кое инетелектуално ниво е мнозинството кај нас.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ако сакам трагикомедија пуштам собраниски канал.
Ако сакам филм/серија гледам Телма.
Ако сакам документарка го гасам телевизорот.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.435
Ако сакам трагикомедија пуштам собраниски канал.
Ако сакам филм/серија гледам Телма.
Ако сакам документарка го гасам телевизорот.
Ако сакаш порно пушташ Латас,Миленко,Јанко...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Канал 5 и Сител каканици... Алфа делумна каканица, Телма и 24 Вести многу исти, Наша ТВ и ТВ Сонце стандард средни, но знаат да изненадат ама секоја чест за К1 Телевизија дечките се врв и со многу малку услови и средства чуда прават и во организацијата и во концептот и во идеите алал нека им е. :)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ако сакаш порно пушташ Латас,Миленко,Јанко...
Не бе какво порно :D Друг тип на порно сакам. Такви едноумици било од тие тројцата, било од тие на 24 вести каде тројца експерти серат строго контра, или Телма, не ни гледам :D Освен Ацо Станковски ако е негде. Тој ми е ок, сакам да го слушам.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.435
Не бе какво порно :D Друг тип на порно сакам. Такви едноумици било од тие тројцата, било од тие на 24 вести каде тројца експерти серат строго контра, или Телма, не ни гледам :D Освен Ацо Станковски ако е негде. Тој ми е ок, сакам да го слушам.
Ова е нов правец во порно индустријата . Се вика mindfuck. :D
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Кај нас за програмската шема на телевизиите, може да се зборува само со носталгија. Денес тоа што го имаме како програмска шема е толку сељачка програма што мислам дека и сељаците ќе се оградат од нејзе. Има малку светли точки (како Телма и МРТ(без вестите)), ама тоа не е доволно.
За добра и квалитетна програма треба пари или пиратерија, бидејќи второто е забрането со закон, а за првото сме слаб пазар имаме тоа што имаме на тв.
Како да се реши ситуацијата ?
Ако се намалат телевизиите ќе имаме ситуација од комунизамот (реално многу квалитетна програма имало тогаш) и вестите ќе бидат комунистички (мада денес освен две телевизии, сите други даваат исти вести), ако се зголеми бројот на телевизии, ќе се намали колачот и телевизиите уште помалку пари ќе имаат за добра програма.
Не би било лошо да се формира некој културен фонд во кој ќе членуваат истакнати културни дејци од Македонија (има малку такви, како на пример Панта Џамбазов од Телма), музичари, уметници, ама не оние поп уметници, туку постарата гарда од 80-тите, што биле членови на Мизар, Анастасија итн т.е луѓе што се разбираат од квалитетна културно образовна програма. Буџетот на овој фонд е уствари радио дифузната такса. Се собираат еднаш годишно и одлучуваат на што да бидат потрошени парите т.е лиценци за прикажување на филмови, серии, документарци како и концерти, до душа може да се најдат и материјали за што не е потребна лиценца.
Нивното учество во ваквиот фонд ќе биде волонтерско т.е без надоместок. После составувањето на листата телевизиите за ич пари си бираат што да прикажат. Со текот на годините репертоарот на ваквиот фонд ќе расти и ние како луѓе ќе почнеме конечно да гледаме добра културна програма од нашите пари за радиодифузија.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Последниот можен одговор од анкетата. Тоа имам да кажам само.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.711
Поени од реакции
7.844
Откога турско-српски телевизии што на својата програма пуштаат емисии на македонски после два ноќеска, се нарекуваат македонски тв канали?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Добро биваше Сител и Канал 5 да не дави со политички теми и во утринска ? Разбирам актуелно е ова што го направил Иванов и дека ни се слушуваат разно разни глупости со политикава, ама они во утринската секој ден со јавувања на гледачи кој уште од рано наутро се нервираат се се негативни, наместо да има во утринските емисии нешто позитивно, нешто што ќе не расони, ќе ни го направи денот да ни е нас убав.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.104

Сеа наеднаш и Сител и Канал5 се со негативни програми?
А до сеа со какви беа?

Само кој слепец да види, не?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Сеа наеднаш и Сител и Канал5 се со негативни програми?
А до сеа со какви беа?

Само кој слепец да види, не?
Aбе искрено откако воведоа ова со јавувањава на гледачи во утринските, утринска саглам нема на Сител нити на Канал 5. Само се слушаат пензионерите како се жалат и некој луѓе се јавуваат да искритиуваат една партија друга да пофалат.

Иначе ни другиве не се нешто поарни. Не паметам во мојов живот утринска програма саглам дали имало, се е безвезе. Едни политика уште од рано наутро, други за здравјето оправаат не треба ова да се јаде тоа да се јаде, ден било на канцерот, ден за мозочни болести и многу друго.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445

Затоа е тука ХРТ 1 со утринска програма во која имаат вежби за гимнастика, размрдување и слично вежби. Имаат јавувања од репортери од разни места од Хрватска, имаат и рецепти и готвење јадења. Интересни содржини нудат и ми го задржуваат вниманието.
РТС 1 утринската и нив понекогаш им ја гледам посебно временската прогноза им е сосема точна.

Кај нас само МРТ 1 има понешто добро во утринската програма.
Овие другите телевизии лесно направиле, пуштаат програма базирана на јавувања во програма на секакви луѓе, а повеќето од тие што се јавуваат се ликови што скоро секој ден се јавуваат во тие емисии. Има пензионери што никој дома не им обрнува внимание, но има и партијаши од партии што се јавуваат.

Да имаме нормално општество оној Александар Блажевски би бил водител на некој квиз како на времето кога водеше квиз на А!.

Инаку да не занеш зошто околу 1 месец ја нема Среќни коцки со Вучич на Канал 5?
Не сум ја ни гледал во последно време таа емисија пошто откако стана топло времето често сум надвор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom