Општи дискусии за македонските тв канали

Дали гледате македонски тв канали ?


  • Вкупно гласачи
    105
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569


Темава ја отварам да се дискутира околу нашите телевизии.
Дали мислите дека треба повеќе да се отвараат телевизии ? Дали ни се потребни повеќе тематски телевизии? Ваши мислења за законот за медиуми и ред други работи .

Јас сакам да кажам дека ни се потребни доста телевизии и тоа да бидат тематски но да не се многу со политиката поврзани туку да се за музика, за филмови и серии, за мода и убавина, за IT и мнгоу друго.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Потребно е овие канали што ги имаме да понудат повеќе.

Сител е најгледана телевизија (така имам прочитано), а еве колку емисии снимаат тие или се снимани за нив:
1.Ја сакам Македонија (утринска)
2.Македонски стари приказни
3.Се или нешто
4.Спортско студио
5.Брза кујна
Можеби има и некоја нивна емисија, а се останато е турско-српски преведени програми.

Но и овие што ги имаат не вложуваат труд во нив, тоа Македонски стари приказни не се прави во нивните студии, емисијата Спортско студио нити знам дека постои, знам тој пензионерот ја водеше порано, со дебати против ФФМ, како во кафана, ама тешко да разбереше нешто друго околу спортот.
Не се мачат бе воопшто да направат емисија, најмногу работа во нашите медиуми имаат преведувачите.

Знам дека мразите да ви ја пофалам Албанија или Косово... ама искрено ви кажувам дека се многу понапред со медиумите, каков медиумски простор.
Најпознатата телевизија во Албанија, Топ Чанел има 14 свои емисии, Визион плус има 10 емисии, Клан има 7 емисии, а има и многу други медиуми ... веќе направија тие специјализирани канали кои нормално се гледаат само со плаќање на дигитален пакет, ама се е на албански барем.
Тие емисии не се случуваат колку да се наполни програмската шема, туку стварно нудат квалитет и се гледа дека вложуваат максимум ... имаат истражувачки емисии кои стварно покренале реакции и на јавноста и на власта... со тајни камери се фатени функсионери како бараат корупција, сексуални услуги, воспитувачи кои малтретираат деца ....
Исто и на Косово, ртв21 има над 10 свои емисии, на државната телевизија на Косово немаш шанси да приметиш некое влијание на Владата.

Кај нас уште малце и бевме на пат да ни се инсталира едноумие, уште Телма беше останало, и веќе во државата све ќе беше розево, ќе не убедеа дека единствена црна точка е опозицијата, па и таа веќе беше сузбиена .... таман едноумие за малку фалеше.

Особено македонските медиуми се прераснати во чудни створења, да ти се кења и поврати кога ги следиш ... а пари си лапаат секога година, и тоа милиони евра.

Албанските медиуми во Македонија се послободни од македонските, се направија доста, и се гледа дека сакаат да направат сопствени емисии, но тие немаат доволно пари како што имаат Сител, Канал5, Алфа кои земаат многу од реклами од Владата.

Мислам дека македонските новинари се многу ограничени, осакатени се заради стравот од одмазда, ете една новинарка беше истерана од Сител пошто напишала колумна за некој портал ... останатите си одлучија да трпат и да ја прифатат цензурата. Голем застој има кај медиумите, цела генерација новинарска се истроши во цензура, којзнае колку успешни новинари се кријат во нашите медиуми, ама им фали храброст.
 
Последно уредено:
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Зевзекманија, Еднооки, вести од спорт, временска прогноза, магазин на лига на шампиони на МРТ и спорт кога има на МРТ. Се или нешто иако нормално таму се мести играта да не може често да има играчи кои во своја кутија имаат милион или висока сума.
Е да, баш сега во моментов на Телма има документарец за Втора светска војна од Понеделник до Петок, добар е документарецот иако го имам гледано на Виасат Хистори.
Тоа е тоа од домашни телевизии.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
Многу ретко гледам македонски канали, зошто нема буквално ништо интересно да се види. Сите се со иста содржина. Најдоминантни турските серии од кој ми се повраќа. Најмногу ме иритира алфа тв, освен вестите на македонски, се останато се српски емисии, филмови, шоу-а итн. Ниту пак студијата се добри, визуелниот идентитет, логоата на самите телевизии и слично. Од страна на визуелен идентитет најмногу се истакнуваат алфа и 24 вести, а и мтв, ама во секој случај не е то ништо во споредба со програмската шема.
Зато ми фали А1! :(
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Гледам најмногу спорт, Лига на шампиони на МТВ и кога е во сезона и Формула 1. Од останатото, понекогаш ги следам „Круг на знаење“ на Алфа и „Еден на еден“ на Телма. Фалат повеќе наши емисии, едно време имаше добри емисии за спортски теми, за филм, за underground музика и сл., сега нема скоро ништо.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Не сум ненормален да гледам.[DOUBLEPOST=1457979031][/DOUBLEPOST]Јанко јади бурече, Миленко Шарпланинец, Латас, Мењам Жену, продајем фамилију?
Добро Утро Палестина?
Eлиф, Стојна и Босиљка?
Балканске преваре, Твоето куче звучи познато, Ветрот ми шепотит, Рането Срце, Бурхан мојт син од Сингапур, Девојката од Амамот.
Во виорот на судбината бе? Во ВИОРОТ:popce:
Пинк Ѕвезди и Пинк Ѕвездички? Мала мечка, голема мечка?
Ја сакам Палестина, Здраво Фиром, Малечката Неста, Убавата Сељанка, Украден Живот вратен живот, Отфрлента...
Шо да гледам бе, абе даби не прогледал јас, скраја да е да чукнам во дрво.
Само фудбал, пренос ЛШ, ЛЕ, Европско или Светско првенство. Ама и тие неможам поќе да ги пратам особено ко ќе се влезени во елемент Калински и пријателон негов, психички ме имет побољено.
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Македонска телевизија се тешка мизерија им фали документарни емисии како кај дискавери или Нашнел Џиографик или слично само најмногу политики и турските серии кое ме фати проливи.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Гледам Македонска телевизија од проста причина што е Македонска и е најпрвивлечна и разбирлива за мене. Колку и да е телевизијата затруена од турски серии и политика, сепак го гледам оној дел каде се емитува музика, квиз или некој друг вид на забавна емисија. Но треба нашите телевизии уште многу да вложуваат во емисиите од забавен карактер ако сакаат да бидат погледани.

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom