Општи дискусии за ТВ серии

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Епа драги членови на форумот, ваква тема ни е одамна потребна. Како што кажува насловот се зборува за се поврзано со ТВ серии. И тоа е тоа.

И сега нормално треба да избериме тема на разговор, па јас велам нека биде за омразата кон неамерикаските серии. Ќе почнам вака.

Ако ви е смачено од мексиканско, венецуелско, турско, индиско, хрватско и сл. „срање“, оти не ви е смачено од американското срање?
Да бидиме реални, колку што сме изложени на неамриканските содржини на нашите телевизии барем исто толку сме изложени и на америкаснки (на наши телевизии, на кабелски телевизии, на интернет и сл.)

ПС. Сум го згрешил подфорумот лол. Ако може во серии да се премести.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Разликата меѓу американското "срање" и неамериканското е тоа што ние сами си бираме кои американски серии да ги гледаме. Верувам дека многу млади луѓе воопшто не го користат телевизорот во последно време затоа што сите работи им се достапни на интернет. Тоа само старите уште гледаат ТВ, а на ТВ не бираш што ќе гледаш, туку што ќе ти пуштат. Бидејќи во последниве 3 години кај нас се форсира неамериканското срање - нормално е дека старите ќе го гледаат само тоа. Затоа пак, ние младите си имаме интернет и си гледаме тоа што САКАМЕ.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не можеме да ги споредиме индиските, турските и не ти знам кои серии со американските или англиските... Можеби се супер за некој, ама ептен депресивни се мајќе ми. Уште не можам да сфатам како може некој да ги гледа Бандини, невести, тетки, лисја... Српски и Хрватски имам гледано од постарите серии и моментално гледам Бела Лаџа, Наша Мала Клиника понекогаш; добри се за да се насмееш и утепаш време.

Него друго ми беше мене зборот... :icon_bigg

Има некој гледано The Chicago Code? Нова е, 9 епизоди има излезено до сега.
 
I

Intex

Гостин
Има неамерички серии кои се одлични.

Бригада гледал некој? Аларм за Кобра ви е позната скоро на сите, германската.

Петербург или така нешто има една друга, руска серија е.

Причината зошто не гледам шпански/венецуелски серии е пошто се лејм. Се знае кој со кого ќе заврши, најчесто се со иста тематика.:toe:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Плачам за деновите кога се емитуваше Lost,Sunset Beach ако се секава некој на серијава која имаше возбудливи епизоди,Комесар Рекс...сето тоа е подобро од латино американските серии кои признавам дека ги гледам само кога нема ништо на телевизија за емитување.Или турско индиските срања со слична тематика ко латиноамериканските сапуници на крајот остануваат заедно главните улоги.
 
Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Гледа некој ова? Вреди да се почне? Од она што прочитав фино делува, па ако некој знае да каже нешто повеќе (јес да се само 5 епизоди).
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Разликата меѓу американското "срање" и неамериканското е тоа што ние сами си бираме кои американски серии да ги гледаме. Верувам дека многу млади луѓе воопшто не го користат телевизорот во последно време затоа што сите работи им се достапни на интернет. Тоа само старите уште гледаат ТВ, а на ТВ не бираш што ќе гледаш, туку што ќе ти пуштат. Бидејќи во последниве 3 години кај нас се форсира неамериканското срање - нормално е дека старите ќе го гледаат само тоа. Затоа пак, ние младите си имаме интернет и си гледаме тоа што САКАМЕ.
Види никој не тера да го гледаш тоа што го даваат на нашиве телевизии, сам си бираш дали ќе гледаш или не. (ако одиме во крајност ти никогаш не гледаш што сакаш туку тоа што авторите сакале да го направат). Но тоа не ми е муабетот.
--------------------------------------
Работата е тоа што кај нас, чим се најави нова неамериканска серија, по форуми по муабети одма од некои, посебно од ние помладите, се слушаат негативни коментари и тоа без да видат трејлер или барем еден кадар од серијата. Доволно е да се разбере дека не е американска. А за американските е обратно, се величат на невидено.

Точно е дека од латиноамериканските серии пуштија не мал број со иста тематика па и тема, но тоа не значи дека секоја нова треба да се критикува. Тоа се само лажни претпоставки.
Пример. Имаше еден куп мексикански серии. И оп по едно време се појавија неколку бразилски, пример Клон, и беа поинакви. Сега незнам какви беа реакциите за Клон ама знам дека цела Македонија го гледаше и дека имаше нешто во серијата.
Ај беше што што беше туркаа со овие, и пред некоја година ни пуштија турски. Требаше да се очекува нешто ново, ама по форумов сето беше негативни реакции. А ако гледаме реално и турските серии се разликуваат од претходните и има добри и меѓу нив.
Всушност „... Волците“ на мојата (топ) листа ја ставам рамо до рамо со некои америкаснки серии. „... Лисјата ...“ не е лоша серија, има добро сценарио, има драма.
Индиски серии... Ја изгледав првата епизода од „Малечката невеста“ и се изненадив како беше направена. Имаше квалитети на кои многу американски серии би и завиделе (фотографија, сценографија, музика).
Поентата ми е дека не треба да се следи стереотипот кој се создаде кај нас за неамриканските серии. Види епизода-две па кажувај.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958

Гледај се, значи никој не вели дека се што е турско е глупо, ама стварно ја претераа. Нека направат некоја баланс ако сакаат да даваат сапуници, нека има 1 турска, 1 шпанска, 1 бразилска, 1 хрватска, а не вчера даваа Фернандо, Флоресита, Рикардо, а наредниот ден се префрлија на Џем, Ферхунде, Али Риза, Полат.
И еве другариве кај мене се заболени по Волците, јас пробав да ја гледам, зигледав некои 5-6 епизоди. Има добра замислам серијава, пукање, тепање, класично мафијашка серија, ама барем тоа тепањето и пукањето и бркањето по улиците да го направеле малку пореално. Од тие 5-6 епизоди и нешто што имам рандом фаќано ќе биде благо речено ако речам дека некои сцени беа смешни. Една знам Полат бега со кола, позади го брка полиција овој им избега шо на една раскрсница сврти полукружно, а полицијава продолжи право.....мислам хелоу.
Не дека во американските серии нема овакви mission immposible ситуации, ама не се толку чести и не се толку приметливи. Или тоа Бандинито беше најглупаво нешто што можеше да и се случи на телевизијата. Тој Дарамрач мафијашот шо беше :):) не старее. Нели дале по којзнае колку години, он немал ниедно бело влакно на косата.

Едит: Има ли некој гледано ова?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Порано, ептен порано гледав една серија Tales From the Darkside и тогаш ми се виде многу добра. Дали некој ја има гледано поскоро, дали е ок, т.е. дали да ја симнам?

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Кога ќе има нешто добро некој нека ми се јави по ПП.
не е баш пп али ај :)

Веќе ти ги имам предложено, но изгледа немаш доволно време да се фрлиш на гледање на серии.

Ако имаш ги знаеш моите фаворити, од минатото Six Feet Under (мислам дека многу ќе ти се допадне) а од она што е актуелно сега.. Breaking Bad :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
не е баш пп али ај :)

Веќе ти ги имам предложено, но изгледа немаш доволно време да се фрлиш на гледање на серии.

Ако имаш ги знаеш моите фаворити, од минатото Six Feet Under (мислам дека многу ќе ти се допадне) а од она што е актуелно сега.. Breaking Bad :)
Breaking Bad лично за мене е mind blowing во два дена ги изгледав 3-те сезони, ама не е за сечиј вкус
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Breaking Bad лично за мене е mind blowing во два дена ги изгледав 3-те сезони, ама не е за сечиј вкус
Точно. Од оваа и Six Feet Under нема потешки драми-серии. А Iosono бара динамичност во серија, или барем некое поглавно дејствие околу кое ќе се ориентира раскажувањето на приказната. Јес да е фан на драми како филмови, ретко го имам видено во тема за драма серија. Од мене предлог, и оваа е на мода ако сакаш серија предлог, Californication. Фузија од ситком, драма, реалити тв, глума, музика опака и се потребно за квалитетна серија. :)

За филмови, наебавме..
 
G

grande-juve

Гостин
Ова не е за тие што бараат само квалитет. Ова е и за тие што бараат ремек дела. Серија, комедија, неверојатно реална, пресмешна, дел од инспирацијата на уште две 10-ки: CYE, и Extras, ви го преставувам (освен ако некој добар скаут не ја гледал), Шоуто_На_Лери_Сендерс

The series, is ranked by various critics and fans as one of the best TV comedies of the 1990s.[4] The series ranked #38 on TV Guide's 50 Greatest TV Shows of All Time, the only HBO comedy to make the list.[5] It was also included in Time magazine's list of the "100 Best TV Shows of All Time
Единствен “проблем“ е што нема превод за серијава, дури ни Англиски титлови нема за пола епизоди, ама за тие што прилично добро знаат Англиски, не би требало да има проблем
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Yay mind blowing :)
тогаш единственото нешто што ти преостанува е да гледаш стари филмови. Дали ти е гледан Jacobs Ladder? :)
Да не ми беше гледано се не кукав :)
Шала, имам по дома стари филмови за гледање, само некогаш ми се гледа нешто ново ама од 20 обиди само еден филм ми го задржува вниманието, и тој е обично тежок просек. Не знам дали јас станав пребирлив или стварно не чинат. Jacobs Ladder го гледав пред некој месец... Од Breaking Bad имам 7-8 епизоди некаде, штом ги ископам ќе почнам да ја гледам. Среќа GOT ми фати око иначе немаше ништо за гледање.

@wot, гледам јас драми серии, само одамна не сум гледал таква. Порано класици гледав, како North & South и Winds of War. Последно што гледав како драма беше Grey's Anatomy, додека вредеше да се гледа...
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Дур сме кај серии да прашам овде пошо е попрометно. Гледам The Wire имат ненормално голем рејтинг со бајаги гласачи.
Дали пропуштам ремек дело од серија, и да баталам некоја моментално шо пратам за да ги изгледам на брзина?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom