Општи вело муабети, прашања, совети

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.988
Вака многу ми издишува внатрешната гума на едно тркало. Кога ке ја извадам и пумпам си стои убаво како што е напумпана, а кога ке ја намонтирам издишува. Исто се случува и со другата внатрешна. Да не е нешто до надворешната, затоа што е пред менување. Инаку ја пумпам со рачна пумпа, глупо прашање да не треба до максимумот да се напумпа за да не издишува?

П. С. Пробав да видам да не е дупната, ама нигде не дишеше.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062

Welcome to road biking.

Пумпање пред секое тргнување. :)
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
175
Поени од реакции
181
Maxxis Overdrive
(https://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10256_10283&product_id=50775&mfp=manufacturers[408])
(https://velosiped.mk/produkt/maxxis-overdrive-28x1-5-wire/)

Specialized Triger Sport
(https://pro-sport.com.mk/product/velosipedizam/delovi/gumi/triger-sport-700c/)

Continental Contact
(http://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=135&product_id=1831&sort=p.price&order=DESC)

Поевтини алтернативи ти се Kenda, CST, Rubena.. Но ако планираш често и далеку да го возиш, земи си поквалитетна. Се исплати.
100% го возам на асфалт, сакав следните да ми бидат помазни и потенки, логиката ми вели така помало триење и помал отпор па би бил побрз (или со помалку потрошена енергија би стигал од точка А до точка Б), па ако може некој да препорача некои гуми?
Имав континентал контакт на мојот спешалајзд кростраил 2 години и ниедна дупка за тоа време, а точакот се возеше и по полиња и по асфалт, така да ја препорачувам. Има некоја заштита од дупвење на неа, малце потешка ама се исплати. И секако добри внатрешни и 5 бари притисок.

На кјубов имав 29х2.25, замав 29х2.1 и се осети разлика, а тек најголема разлика осетив ко ставив 35-622 митас гуми (тенок буџет, лежеја дома фрлени, пумпање на 4 и пол бари). Со дебелите гуми ми беше тежок за возење и никако да стигнам до најголемата ѕвезда напред, а со тенкиве константно сум на најголема напред и 7, 8, 9 назад - 3х9 ми е точакот.

Иначе одговараат 28ци гуми на бадажите кај што биле 29ки, 622 е дијаметарот и на двете.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
73
Поени од реакции
58
100% го возам на асфалт, сакав следните да ми бидат помазни и потенки, логиката ми вели така помало триење и помал отпор па би бил побрз (или со помалку потрошена енергија би стигал од точка А до точка Б), па ако може некој да препорача некои гуми?
Батка, не си се мачи за бадијала. И сам кажуваш дека со Крапонки гуми велосипедот (МТБ) го возиш по асфалт, не се малтретирај, земи си Road bike и терај си ;)

П.С Со МТБ велосипед цело време да возиш тури по асфалт е убиство :) Има и нешто кое што се вика и Road bike, да го осетиш она вистинското (адреналинското) во Велосипедизмот. Најискрено ти препорачувам ;)
 
Последно уредено:
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603

Не сум милионер да имам 10 точаци, за секоја пригода, а и немам место веќе каде да ги чувам (4 веќе имам, 2 за мене и сопругата 2 за децата), точакот освен за рекреативно возење го користам и како превозно средство секојдневно така да советов да си купам уште еден точак ти е сосема безвреден. Башка не сум ни уфилман велосипедиста дека ако немаш роад, опрема специјални патики или не знам што не треба да возиш воопшто. Прашањето беше едноставно и фала им на тие што се потрудија и одговорија а не се правеа препаметни.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515

Точно е дека роуд бајк е за асвалт но во никој случај не е удобен за долги релации и целодневни тури до 22 саати.Го имам и едниот и другиот и ти кажувам од лично искуство.Ако мислиш дека цел ден можеш скроз наведнат да возиш блазе тебе што имаш јака кичма но удобноста што ја нуди МТБ е неспоредлива со роудот.За да издржиш цел ден возење на роуд потребно е кормилото да го подигнеш минимум 5цм за да дојде на иста висина со седиштето па да можаш поисправен да возиш без никаков проблем.А што се однесува до гумите има и широки гуми за МТБ наменети за асфалт доколку немаш истрошени.Јас на пример за асфалт возам со истрошени крампони и го добивам истиот ефект.
Автоматски споено мислење:

Друже разликата помеѓу роуд и МТБ е буквално како кола и џип.
 
Ако ти е добра геометријата и bike-fitot, многу ама многу покомотен е друмскиот. Посебно со 28мм ширина на гуми ако вози... Мене долгите тури со МТБ не ми се толку пријатни на нозете.

Идеален е МТБ да се качиш на планина и всушност пола од рутата да ти е качување, а пола спуст.
 
Како може положба со свиткана кичма да биде поудобна од положба со исправена кичма?Си возел роуд 22 саати со паузи?
 
Белки не возиш на drop-bar цело време... Како што сам кажа, седиштето да е што порамно со воланот и ќе бидеш исправен исто колку и МТБ. Немој да кажеш дека се будали и тие што возат по 400км на ден со друмски. Исто така ќе ти потенцирам и една наша бајкерка што вози такви тури со друмски (hint: битолчанка) :)
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Ако ти е добра геометријата и bike-fitot, многу ама многу покомотен е друмскиот. Посебно со 28мм ширина на гуми ако вози... Мене долгите тури со МТБ не ми се толку пријатни на нозете.

Идеален е МТБ да се качиш на планина и всушност пола од рутата да ти е качување, а пола спуст.
Сум возел долги тури со роуд и мтб, и со сигурност можам да ти кажам дека е поудобно на мтб.
(Scott Speedster со 23-ки / Merida Big Nine со 56-ки)

Роудовите се главно дизајнирани за брзина. Комфор и се останато не е приоритет. 90% од времето си во иста позиција, која ја менуваш само кога ќе почнат да ти трнат рацете. Исклучок кај нив е "Endurance" геометријата кај која главна разлика е тоа што воланот е значително повисок од земјата во споредба со другите типови. Кај роудовите телото е тоа што претежно ги апсорбира вибрациите од патот, и тоа троши енергија - те изморува.

Додека кај Мтб поголемиот дел од тежината паѓа на газот, кој е посбособен да држи тежина за подолг период во споредба со рацете и кичмата. 99% од точаците имаат комфорна геометрија, и додека не се дизајнирани за долги тури, многу се поспособни истите да ги комплетираат без голем замор кај возачот. Имаш поголеми и пошироки гуми кои иако те успоруваат и бараат поголема сила за да оддржуваш поголема просечна брзина, ширината кај истите е совршена за апсорбирање на вибрации во споредба со "тенкоминците".

Oва ти го кажува човек со искуство, што има поминато 18 саати и 248км на мтб, и 21 саат и 400км на роуд.

Можам со сигурност да ти кажам дека поудобно ми беше на мтб.
 
Јас со 23 ширина не би се нафатил во никој случај. Стави 28мм, може ќе со смениш мислењето. Не е исто со 6 бари и 8 бари да возиш.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
Јас со 23 ширина не би се нафатил во никој случај. Стави 28мм, може ќе со смениш мислењето. Не е исто со 6 бари и 8 бари да возиш.
Точно е дека не е исто да возиш 6 и 8 бари ама на иста ширина на гума а не на различна.8 бари на 23-622 би имала скоро ист отпор на триење како 6 бари на 28-622 доколку се работи за ист производител и ист модел на гума а со подебелата би добил удобност и стабилност во возењето.Затоа на меѓународните трки се повеќе се форсира 28-622.Колку е поширока гумата толку се намалува максималниот притисок во самата гума бидејки се зголемува волуменот на воздухот внатре.Еве ти спореден тест на Continental GP5000 на сите ширини од 23 до 32-622 и колку вати троши струја електромоторот на притисок од 4.1 до 8.3 бари:https://www.bicyclerollingresistance.com/specials/grand-prix-5000-comparison
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Јас со 23 ширина не би се нафатил во никој случај. Стави 28мм, може ќе со смениш мислењето. Не е исто со 6 бари и 8 бари да возиш.
Старичка машина е. Пошироки од 25-ки не собира напред, позади мислам дека не е проблем.
Автоматски споено мислење:

Точно е дека не е исто да возиш 6 и 8 бари ама на иста ширина на гума а не на различна.8 бари на 23-622 би имала скоро ист отпор на триење како 6 бари на 28-622 доколку се работи за ист производител и ист модел на гума а со подебелата би добил удобност и стабилност во возењето.Затоа на меѓународните трки се повеќе се форсира 28-622.Колку е поширока гумата толку се намалува максималниот притисок во самата гума бидејки се зголемува волуменот на воздухот внатре.Еве ти спореден тест на Continental GP5000 на сите ширини од 23 до 32-622 и колку вати троши струја електромоторот на притисок од 4.1 до 8.3 бари:https://www.bicyclerollingresistance.com/specials/grand-prix-5000-comparison
Максималниот притисок препорачан од фабриката мислам дека беше 8/8.5 бари. Јас ги возев на 7.
Поради високата температура и загреаниот асфалт ме советуваа да не ги возам на максимум. А плус и дека бев малку "товарен" не сакав да ги возам многу издишани ради "патиштата" наши.
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Здраво дечки. Во план сум да земам ролери за велосипед за овој никаков период за возење надвор. Разгледав што се нуди и ми се допаѓа Tacx Galaxia ролерите. Ме интересира колку е зезнато да се почне со ролерите, доколку немаш возено досега на ролери? Планирам роад бајк да возам на ролери. Некој со искуство?
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Јас со 23 ширина не би се нафатил во никој случај. Стави 28мм, може ќе со смениш мислењето. Не е исто со 6 бари и 8 бари да возиш.
Возам 25-622. Перфектно за мене. Разиката меѓу 25 и 28 е минимална како во потрошувачка на енергија, така и во самата дебелина на гумите. 25-622 е полесна за 30 грама по гума.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom