Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Здраво, возев "активно" МТВ 4-5 години, и решив да го продадам бидејќи не го возев off роад, него само по асфалт, и главно на водно. Многу малку дистанци надвор од Скопје. Решив да земам city или turing модел од Giant, ама некако не го ми легна, дали поради слабиот пренос, опрема... па го продадов за 2 месеца и него.
Сега сум или бев на ум да земам road, меѓутоа не планирам да бркам времиња, да возам над 100км должини, и планирам да го возам на водно. Прашањето ми е дали е подобро или еве да речеме полесно возењето до средно/врв со хибрид или turing на пример 3 х 9 брзини, или со road велосипед? И еве ако земам road, на што би требало да обрнам внимание за да можам водно да го искачувам? Колку брзини или каква касета треба да гледам да има? Тие моменти некако не ми се баш јасни, па би замолил за совет.

фала
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069

Чим повеќе сакаш искачување, гледај касетата да биде 11-32. Crankset-от 50-34. Само да знаеш оти со друмскиот точак имаш многу поагресивна положба на телото. Идеален е ако го возиш брзо, и тоа до 2 часа отприлика. После тоа, станува веќе некомфорен.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Не дека повеќе сакам искачување, ама некако со МТВ желба за возење долги тури или релации. И водново блиску за саат време завршена активност. Ама сега решив да сменам, па ако веќе земам road, нека биде со опрема која моѓам да ја користам и за водно. Гледајќи ги како ме проаѓаа колегите со road велосипеди, добив впачаток дека е којзнае колку полесно. Или се супер спремни, или јас веројатно не сум знаел да возам :)
 
Многу е побрзо искачувањето со него. Едноставно е дизајниран да си брз. Не е до тебе. Возам и МТБ и друмски, кога возам со МТБ чувствувам колку сум само спор при ист напор. Но, ако сакаш повеќе да уживаш во природата, тогаш остани на МТБ. Со друмскиот повеќе внимание се обрнува на условите на патот (да не погодиш дупка, или кола да не доаѓа позади тебе оти зафаќаш дел од патот поради брзината :D )

Btw, не сите го замислуваат велосипедизмот вака, но јас уживам да посетувам места што никогаш не сум ги посетил (главно села). Дури сум посетил околу 15-тина села што никогаш не сум слушнал дека постојат, а ми биле во непосредна близина. Така да, еве ти еден предлог како да си го направиш поинтересно возењето, а да не биде само до Водно и назад. Секако со друмски точак ќе сакаш и до соседните градови да тркнеш, ако не и до многу подалечни ;)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.081
Поени од реакции
4.576
Бидејки имам и МТБ 29 од 15кг како и Роуд од 9кг алуминиумски со карбонска виљушка,Тиагра опрема, стандардни осовини и гуми 25-622 Continental Ultra sport 2 реално роудот е побрз околу 30% односно при ист отпор на педалите за одржување брзина со МТБ од 23км на час кај роудот изнесува 30км на час.Не сум возел од најскапите каде што се е карбонско и со кои се тркаат па да кажам искуство но верувам дека со таквиот би се постигнале брзини од 35км на час па нагоре.Планирам да земам педали со Power Meter чисто информативно да ја измерам силата во вати со која ги возам турите.
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
136
Дали знае некој кај може да се најдат овие клешти?

Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
За висина 170, која големина на рам треба да барам 50 или 53? Збориме за роуд или гравел

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
За висина 170, која големина на рам треба да барам 50 или 53? Збориме за роуд или гравел

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
1.70 и возам 54 рамка. Зависи колку ти се долги прстите и рацете. Мене најидеално би ми било 53, но не можев никаде да најдам со таа големина на рамка. Добро ми е и со 54ка :)
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Тоа би било М величина?
Најдов еден модел пишува М, ваљда треба да се измери.

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.081
Поени од реакции
4.576
Тоа би било М величина?
Најдов еден модел пишува М, ваљда треба да се измери.

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
Ако пишува М таа е големината.Нов ли е или половен и ако имаш слики пушти.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.081
Поени од реакции
4.576

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Дали знае некој кај може да се најдат овие клешти?

Јас ги користам од Униор 584/4DP се поскапи али вредат за парите, мојш да ги најш во продавница кај нив Инаку мојш да најш исто и на велосипед.мк таму имат и тро поефтини, а и двете продавници ти се преку блиску на едно 150-200 метри.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2

Kajgana Shop

На врв Bottom