Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062

HOLY SMOKES!
Јас па така го чистам ланецот, директно со спрејот :facepalm:
Мислам дека поинаку не би бил потполно чист...

А јас некако ги комбинирам советите од горниот линк со влажни марамици како следниот линк

Не се чисти темелно, но е сосема солидно со нив, ако не сакаш многу замарање. Недостаток: Темелно ќе треба прстите да си ги чистиш со овој метод :D

Зошто е подобро општо точакот да го чистиш со нив? Не ти влегува влага (вода) во внатрешноста на рамот, па го елиминираш ризикот од одмастување на сајли (да не ти крцкаат педалите на пример). Овој совет ти е само ако си насочен кон асфалт. Ако возиш по земјен пат, цел ќе ти се направи прашина па многу време се губи со нив. Во тој сличај попрактична е водата + средства.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.284

Јас многу му се посветувам, а не сум задоволен од резултатот воопшто.
Еден час губам, чистење + подмачкување.

Како што пишав и погоре... го прскам со спреј поединечно во секој ролер, го оставам кратко време па го ставам во канта со топла вода + некаков детергент за садови. Го чистам со четка за заби секој ролер поединечно, го бришам со сува крпа - со сушам, па го подмачкувам накрај.
И замисли... после толку чистење откако ќе нанесам масло излегуваат повторно црнила на крпата како воопшто да не е исчистен, and this drives me insane!
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44

HOLY SMOKES!
Јас па така го чистам ланецот, директно со спрејот :facepalm:
Мислам дека поинаку не би бил потполно чист...
Не е страшно ако прскаш помеѓу пренос и задна главина. Не треба да се прска директно во затворени делови каде што треба да има маст, главини, погон, хедсет, амортизер ако е коил. Исто така кочниците (диск, пакни) не треба да дојдат во допир со одмастувач или масло. Диск се чисти со алкохол а пакни никако зошто како тврд сунгер се и впиваат. После чистење со одмастувач добро миење со сапуница и по можност топла вода ако ти се замара толку, добро сушење па нанесување на масло.
Автоматски споено мислење:

Ж
Јас многу му се посветувам, а не сум задоволен од резултатот воопшто.
Еден час губам, чистење + подмачкување.

Како што пишав и погоре... го прскам со спреј поединечно во секој ролер, го оставам кратко време па го ставам во канта со топла вода + некаков детергент за садови. Го чистам со четка за заби секој ролер поединечно, го бришам со сува крпа - со сушам, па го подмачкувам накрај.
И замисли... после толку чистење откако ќе нанесам масло излегуваат повторно црнила на крпата како воопшто да не е исчистен, and this drives me insane!
Самото масло има црнило. Можеби нанесуваш многу. Со крпа кога го чистиш вишокот, крпата сигурно се црни. Не му се замарај во ред е се додека нема слоеви од нечистотија, најчесто на џокеј вил се забележува ( тркалата на заден менувач)
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.284
Не е страшно ако прскаш помеѓу пренос и задна главина. Не треба да се прска директно во затворени делови каде што треба да има маст, главини, погон, хедсет, амортизер ако е коил. Исто така кочниците (диск, пакни) не треба да дојдат во допир со одмастувач или масло
Да да, јас те сфатив не треба директно во ролерите од ланецот да се прска, си реков wtf...
Затоа и го вадам ланецот комплет и го чистам настрана од точакот, внимавам да не испрскам ротори, дискови и слично.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Од каде можи да се набави и колку чини?
Од Chain Reaction Cycles.

HOLY SMOKES!
Јас па така го чистам ланецот, директно со спрејот :facepalm:
Мислам дека поинаку не би бил потполно чист...
Ако имаш алат да го извадиш ланецот најубаво да го потопиш во одмастувач (Dettol или Denk Mit од dm користам јас, мада нежни се) во шише со широко грло и протресеш убаво и подолго, потоа да го испереш со вода, па го потопуваш со медицински алкохол (70% или 90%) и повторно протресуваш убаво. Остави го да испари алкохолот неколку минути од ланецот и ролерите, врати го ланецот и подмачкај го. Ретко правам ова обично го бришам само зашто ме мрзи, а и не знам колку се добри такви одмастувачи за векот на ланецот и згора на тоа ослабува quick link-от со секое вадење, мада јас сум немал проблем до сега.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.284
Од Chain Reaction Cycles.

Ако имаш алат да го извадиш ланецот најубаво да го потопиш во одмастувач (Dettol или Denk Mit од dm користам јас, мада нежни се) во шише со широко грло и протресеш убаво и подолго, потоа да го испереш со вода, па го потопуваш со медицински алкохол (70% или 90%) и повторно протресуваш убаво. Остави го да испари алкохолот неколку минути од ланецот и ролерите, врати го ланецот и подмачкај го. Ретко правам ова обично го бришам само зашто ме мрзи, а и не знам колку се добри такви одмастувачи за векот на ланецот и згора на тоа ослабува quick link-от со секое вадење, мада јас сум немал проблем до сега.
Знам дека има доста замарање, но го правам често бидеќи премногу ме нервира кога слушам звуци долу од ланецот. Сакам само звукот од гумите и струењето на воздухот да ги слушам. :D

Но во последните неколку возења слушам и некое рандом крцкање кое не е од ланецот и кое доаѓа највероватно од bottom bracket-от. Тоа ми е најкомплициран дел за одржување а највероватно ќе треба да го отворам... 2 месеци го имам точакот а само тоа и маслото во кочниците не ми се чепнати воопшто, можеби ќе треба да отворам таму долу и да подмачкувам упм
 
Истрошен ти е ланецот, смени го.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Од Chain Reaction Cycles.

Ако имаш алат да го извадиш ланецот најубаво да го потопиш во одмастувач (Dettol или Denk Mit од dm користам јас, мада нежни се) во шише со широко грло и протресеш убаво и подолго, потоа да го испереш со вода, па го потопуваш со медицински алкохол (70% или 90%) и повторно протресуваш убаво. Остави го да испари алкохолот неколку минути од ланецот и ролерите, врати го ланецот и подмачкај го. Ретко правам ова обично го бришам само зашто ме мрзи, а и не знам колку се добри такви одмастувачи за векот на ланецот и згора на тоа ослабува quick link-от со секое вадење, мада јас сум немал проблем до сега.
Да не имаш искуство од странава колку е legit како иде ако купам гуми пример сакам schwalbe smart sam.. освен shipping да не ми стигне некоја плус давачка итн?

Дали можам слободно да си купувам делови и што да внимавам?
 
Член од
1 август 2020
Мислења
35
Поени од реакции
45
Мислев дека за Вело оној лудакон доктор што е е темава улетав "вафли" да изедам хахаха имајте убав ден !
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
87
Поени од реакции
95
Како се покажани велосипеди од името "Toplife, Dook" ??
Сакав да купам еден бајк, гледам имаат и модели кои одат над 300 еу
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Како се покажани велосипеди од името "Toplife, Dook" ??
Сакав да купам еден бајк, гледам имаат и модели кои одат над 300 еу
Со тие што возам, а ја имаат TopLife марката, се многу задоволни. Но, не е најбитно името на рамката, гледај опремата да е добра. Со Шимано Алтус група се продаваат под 500 евра тие точкови под името TopLife.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
31
Поени од реакции
12
Да не имаш искуство од странава колку е legit како иде ако купам гуми пример сакам schwalbe smart sam.. освен shipping да не ми стигне некоја плус давачка итн?

Дали можам слободно да си купувам делови и што да внимавам?
Сајтот си е одличен, повеќе членови од форумов нарачуваат од таму ако побараш низ претходните страни. Освен shipping, данок и „лежарина“ на DHL ќе треба да платиш ако прекорачиш 22 евра (сосе шипингот го рачунаат на царина) зашто праќаат преку DHL Express сега иако одбереш „standard shipping“. Веројатно поради коронава е тоа. Види го ова и ова мислење за повеќе информации.

Сум нарачувал гуми од bike-discount.de само shipping-от кај нив е 20 евра. Не се покажаа слаби Schwalbe Smart Sam? Можеби некој друг модел да си побараш ако веќе си решен да купуваш нови гуми.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom