Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
Ова е супер точаче за низ град. Ако е како на спецификациите ич ништо не го чепкај топ е.
Да, немам планови за екстремни авантури во блиска иднина.
А знам дека за тоа ќе ми треба нешто фазла на дурабилити, фул маунтин, а тие се поскапи.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.920
Каде можам да најдам торбица, голема колку да ми собере телефон, новчаник и клучеви, и цена до 1000 денари? Не ми се даваат повеќе пари за една обична торбица, грабеж се цените кои ги гледав.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Каде можам да најдам торбица, голема колку да ми собере телефон, новчаник и клучеви, и цена до 1000 денари? Не ми се даваат повеќе пари за една обична торбица, грабеж се цените кои ги гледав.
Jovan Oprema Za Velosipedi. Исто така и продавницата Velo Riz ти ја препорачувам. Најди ги на фејсбук, имаат ставено ценовник на производите, а се многу евтини.
Да, немам планови за екстремни авантури во блиска иднина.
А знам дека за тоа ќе ми треба нешто фазла на дурабилити, фул маунтин, а тие се поскапи.
Ако ти е за издржливост, ако правилно го одржуваш, и со најниско ниво на опрема да е, ќе ти издржи долго. Од искуството со другарите, а и моето, повеќе пари за сервис (или обнова на дел) фрлиле тие што возат поскапи точаци бидејќи сметаат дека имаат добар точак и не треба да го одржуваат како бебе :D
Сакам да кажам, без разлика каква опрема имаш, мораш да го одржуваш.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.091
Каде можам да најдам торбица, голема колку да ми собере телефон, новчаник и клучеви, и цена до 1000 денари? Не ми се даваат повеќе пари за една обична торбица, грабеж се цените кои ги гледав.
Што ти го кажа човекот, значи најдобар е и најевтин. Ако он нема, а тоа е тешко да се случи барај кај Велосипеди и опрема. Ако си од Скопје договори се некако да ти дадат да не плаќаш карго, бидејќи ми ебаа матер со тоа.
Автоматски споено мислење:

Да, немам планови за екстремни авантури во блиска иднина.
А знам дека за тоа ќе ми треба нешто фазла на дурабилити, фул маунтин, а тие се поскапи.
Само подмачкувај го на секои 200-300 км ланецот (е сега ја го мачкам со она како бензин раствор, да видам како се вика ке ти пишам пп, други ке ти предложат друго). Тоа би било мој најглавен совет.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
Само подмачкувај го на секои 200-300 км ланецот (е сега ја го мачкам со она како бензин раствор, да видам како се вика ке ти пишам пп, други ке ти предложат друго). Тоа би било мој најглавен совет.
Фала ти.

Проблемот е што велосипед не сум поседувал не паметам од кога... - дете од ко бев (си велам не сум уште) :)
Ќе треба да ги освежам познавањата и скиловите, но да се стекнам и со нови кои ќе ми го олеснат одржувањето. Да не одам по сервиси за основни работи :)
 
Имаш милион клипови на Јутјуб за одржување. Исто така доста корисни работи ако гуглаш. Слушај совети од професионалци. И овде на форумот имаш доста искусни велосипедисти што ќе ти дадат добар совет (не ме рачунај мене во нив :D )
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Фала ти.

Проблемот е што велосипед не сум поседувал не паметам од кога... - дете од ко бев (си велам не сум уште) :)
Ќе треба да ги освежам познавањата и скиловите, но да се стекнам и со нови кои ќе ми го олеснат одржувањето. Да не одам по сервиси за основни работи :)
Освен менување на масло во хидраулични кочници се останато можеш сам да си го сервисираш како најосновните работи,менување и лепење на гуми,менување на дотраен ланец и спојување на постоечкиот со радапцигер доколку не дај боже ти се скине некаде,центрирање на бандажи, менување на средна осовина,менување на пакни,менување на педали,менување на лагери во осовини доколку има скршен и така натаму.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Што ти го кажа човекот, значи најдобар е и најевтин. Ако он нема, а тоа е тешко да се случи барај кај Велосипеди и опрема. Ако си од Скопје договори се некако да ти дадат да не плаќаш карго, бидејќи ми ебаа матер со тоа.
Автоматски споено мислење:

Само подмачкувај го на секои 200-300 км ланецот (е сега ја го мачкам со она како бензин раствор, да видам како се вика ке ти пишам пп, други ке ти предложат друго). Тоа би било мој најглавен совет.
За МТБ подмачкување е на секои 100-150км поради специфичниот терен по кој што се возат. Многу прав, кал , ѓубре од листови и слично многу побрзо го валкаат ланецот и мора побрзо да се чисти и подмачка секако. Кај роад може на секои 300 км ради почистиот терен по кој што се возат.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Возам и тоа и тоа.

Кај МТБ возам исклучиво по земјен пат и подмачкувам после секое возење, макар сум возел само 20км. Не е можно да избегаш од прашината што се лепи за ланецот (исклучок да кажам дека си возел строго на тревно поле). Сум пробал и со велосипедско улје и други видови, иста е приказната.

Кај друмскиот точак подмачкувам на 200 км, иако улјето изгледа како да било мачкано вчера со 0 километри извозени :) Многу професионалци препорачуваат еднаш неделно да се подмачкува, дури и воопшто да не ти бил возен точакот бидејќи прашина се лепи постепено.
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
што би можело да биде ми прошлајфува у место при појако напрегање уз брдо... има ли некој идеа
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
што би можело да биде ми прошлајфува у место при појако напрегање уз брдо... има ли некој идеа
Тоа ти е исто како да пробуваш со кола да се искачиш на појака угорница со 4 та брзина во менувач.Само си ги зголемуваш шансите да ти се скине ланец и повредиш колено.Се станува само тогаш кога не можеш во 1 напред и 1 позади да искачиш во седечка положба а доколку сакаш посилен отпор ќе ставиш позади втора брзина и ќе ги зголемиш вртежите на педалите.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
што би можело да биде ми прошлајфува у место при појако напрегање уз брдо... има ли некој идеа
Еве ти го решението на проблемот што го имаш.
Кај нас го нема да се набави, мора нарачка да правиш од сајтовиве. Некој од тука вози со ваков среден запчаник?
1595416122430.png
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
IMG_20200722_194713.jpg IMG_20200722_202325.jpg

Дечки стаса велосипедчето.
Вчера го зедов но само кратко се дружевме (15тина мин). Денеска поминав 10тина километри и задоволен сум.

Единствено нешто што ми пречи естетски се калниците, сакам да ги извадам, но ваму скоро секој ден врни дожд и не знам дали ќе е паметна опција...

А исто така сакам да прашам дали е нормално од само 15 мин возење да ме боли газето :icon_mrgr: ? (Одамна немав возено морам да да напоменам)
Глупо прашањево знам, но вчера од само 15 минути цел ден воспаление имав и болка при допир, размислував да го променам седиштето, а денеска правев и некои измени во позицијата но ништо не се промени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom