Општи вело муабети, прашања, совети

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Вакви гуми на кој притисок треба да се пумпаат? За стандардна гума од ваков пони точак.

треба да пишува на самата гума. Ќе биде назначено во бари или psi. Најверојатно околу 3-4
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Здраво на сите,

добив на поклон "валиспет" TRINX м139 , многу убав црн со зелено и портокалово,

шала на страна, немам искуство од ко бев дете со точак, ама ми падна чудно шо како прво ко че кочам некако ми квичи кочницата, друго брзини не ми менува баш ко шо треба - блокира синџир, па треба да вратам назад брзина и сл.

дали е ова проблем оти е нов неразработен или? треба да одам кавга да фајчам?

демек има гаранција 1 година

фала,

поздрав
Да одиш....
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069

Ако чекаш да се разработи, само ќе скинеш ланец, ќе пореметиш брзини итн :D
Кај сите нови точкови мораш детална проверка да направиш кога ќе купиш, па сите проблеми што ќе ги забележиш, треба да го однесеш на сервис и да им ги потенцираш (под гаранција е, бесплатен ти е сервисот за вакви работи). Во твој случај, треба да се штелуваат брзините. Бидејќи си почетник, никако сам не чепкај.

А за дисковите, ќе ги навикнеш. Уште од прв ден ми квичеа, со тек на време малку попушта звукот, но сѐ уште ми свират. Е сега, дисковите имаат разработување, што значи колку повеќе ги користиш, толку повеќе ќе попушта звукот што ќе се испушта. Ако сакаш краткотрајно решение, можеш со алкохол да ги исчистиш, ќе траат 2-3 дена без да ти свират.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558

Зависи и од пакните,ако се органски не рикаат како магариња а ги има на aliexpress по цена максимум за 200 денари пар.
Автоматски споено мислење:

Вакви гуми на кој притисок треба да се пумпаат? За стандардна гума од ваков пони точак.

Ако пишува колку бари ќе има бројка дали 2,3,4 но доколку има ознака PSI 40,50,60 го делиш со 14.5 и количникот ти е вредност во бари.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
Дечки, некој да сподели искуство со хидраулични диск кочници? Вреди ли да се инвестира пред механички? И најбитно од се - какви се за одржување и лајфтајм?
Гледам некои видеа на Јутјуб но би сакал да прашам и тука.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746

1. Секако дека вреди.
2. За одржување коштаат 400-700 денари по шепа во зависност од моделот на кочниците. Или тотал одвој си околу 1500 денари за да смениш комплет предни и задни плочки на тркалата.
3. Лајфтајм зависи од тоа колку ти е тешка раката, и каков терен возиш. Повеќе агресивно кочење - побрзо менување на пакните. Но стандардно со комбиниран терен, се истерува година комотно со еден пар пакни на двете тркала.
 
А хидрауликата во кочниците? Каков е процесот на одржување (масла, надополнување итн)?
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
А хидрауликата во кочниците? Каков е процесот на одржување (масла, надополнување итн)?
Тоа се менува еднаш на 5-6 години, така да не го ни сметам во тековно одржување на кочниците. Како и да е, една кочница собира околу 100мл минерално масло што кошта околу 150-200 денари. И за другата уште толку, топтан околу 600-700 ден со се работната рака на мајсторот, пошо мора искусен мајстор да го прави тоа. Нема да можеш самиот да го смениш. Си има процедура и бара искуство.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Дечки, некој да сподели искуство со хидраулични диск кочници? Вреди ли да се инвестира пред механички? И најбитно од се - какви се за одржување и лајфтајм?
Гледам некои видеа на Јутјуб но би сакал да прашам и тука.
Ако не возиш агресивно по планини земи си Shimano M3xx некој модел и ќе ти траат до крај на животот а ич не се скапи да ги купиш, ако пак возиш агресивно моја препорака Shimano SLX или Shimano XT. Во секој случај хидрауликата е најјаката иновација во велосипедизмов барем според мене.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
Ако не возиш агресивно по планини земи си Shimano M3xx некој модел и ќе ти траат до крај на животот а ич не се скапи да ги купиш, ако пак возиш агресивно моја препорака Shimano SLX или Shimano XT. Во секој случај хидрауликата е најјаката иновација во велосипедизмов барем според мене.
Capture.PNG
Еве друже што сѐ има од опрема.
Јас искрено не се разбирам од велосипедизам, знам само околу изгледот да одллучам што ми подобро :)

250 евра го купив велосипедот (Cube Nature Allroad 2019).
Па дај мислење... :)
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Прегледај го приврзокот 259481
Еве друже што сѐ има од опрема.
Јас искрено не се разбирам од велосипедизам, знам само околу изгледот да одллучам што ми подобро :)

250 евра го купив велосипедот (Cube Nature Allroad 2019).
Па дај мислење... :)
Добра зделка си направил. Вози и не го мисли :)
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Прегледај го приврзокот 259481
Еве друже што сѐ има од опрема.
Јас искрено не се разбирам од велосипедизам, знам само околу изгледот да одллучам што ми подобро :)

250 евра го купив велосипедот (Cube Nature Allroad 2019).
Па дај мислење... :)
По овие спецификации ти веќе имаш хидраулика...или некој го има модифицирано?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
По овие спецификации ти веќе имаш хидраулика...или некој го има модифицирано?
Ако добро ти го разбрав прашањето...
Велосипедот има хидраулика, но дали е модифициран или така е фабрички - не знам. Моментално не го поседувам сѐ уште, вторник треба да го земам.
Вчера го купив, кога пишав тука се двоумев помеѓу овој и еден друг.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Ако добро ти го разбрав прашањето...
Велосипедот има хидраулика, но дали е модифициран или така е фабрички - не знам. Моментално не го поседувам сѐ уште, вторник треба да го земам.
Вчера го купив, кога пишав тука се двоумев помеѓу овој и еден друг.
Ова е супер точаче за низ град. Ако е како на спецификациите ич ништо не го чепкај топ е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom