Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
10 јули 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
здраво ве молам за помош до сега сите велосипеди ми биле со 26.гуми до пред некое време неможев да замислам со поголеми гуми али решив да купувам со поголеми гуми али не знам дали да купам со 27.5 или 29 некој по искусен да каже што е подобро
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177

Ако си до 170 см, земи 27,5, ако си повисок 29. Тоа е мое мислење.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Како направи релација на висина со големина на гуми многу ме интересира.
Инаку, @Badr7Hari големината на точакот треба да ја одредиш во споредба со висината а сигурно ќе имаш избор дали 27 или 29ка на гума пак во зависност од обрачите.
 
Сигурно нема на 17ка рамка да стават 29ка бандажи.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Здраво на сите, гледам многу активна е темава па да прашам за совет ако има некој. Веќе 5 години сум и повеќе од задоволен од Polar Mirage Sport како што постирал @naumdb, го имам користено скоро секојдневно но рекреативно за градска вожња(работа,кеј). Во последниве месеци со оглед на ситуацијата почнав да возам доста поголеми дистанци и потешки патеки, ептен мерак се прави. Решив да се подновам со некој ''посериозен'' модел, најмногу око ми фаќа да земам Cube или Specialized, би одел до 40-45к. Ако имате некои совети или препораки би бил благодарен.
Cube е бест бај за парите. Specialized е прескап, со најсиромашна опрема за тие пари. Било што да зежеш, гледај да има минимум SLX не гледај Acera или Alivio.
Ако си до 170 см, земи 27,5, ако си повисок 29. Тоа е мое мислење.
Така некако и би му дошло според големината на рамот. До 17" оди стрикно со 27.5" , а сите нагоре се со 29" бандажи. Мада ова оди според висината на возачот.
Сигурно нема на 17ка рамка да стават 29ка бандажи.
Точно. Рамот и бандажите мора да бидат пропорционални.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Дечки јас пак, ај совет за пумпање на гумата. Земав нова внатрешна 23ка и нова пумпа со манометар и јачина до 8 бара, пробав да ја пумпам гумата и под дизната неќе да се напумпа само таму останува празно, пробав да ја извадам па да ја ставам неколку пати ама пак иста прича. Што би било проблемот лошо местење на гумата/превртување ? но проверив тоа све убаво си пасуваше колку што можев да видам.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44

Под која дизна? Дај сликни да видиме кај грешиш....
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Под која дизна? Дај сликни да видиме кај грешиш....
Па венилот кај што се дува гумата тој предел под него од 6 7 цм не се дува за слика ќе патам утре ако има потреба
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Па венилот кај што се дува гумата тој предел под него од 6 7 цм не се дува за слика ќе патам утре ако има потреба
Како мислиш не се дува?
Да не ти е дефект внатрешната нешто, проба ли да ја напумпаш надвор од обрачот?
Прв пат слушам вакво нешто.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Како мислиш не се дува?
Да не ти е дефект внатрешната нешто, проба ли да ја напумпаш надвор од обрачот?
Прв пат слушам вакво нешто.
Не монтирана топ се пумпа, кога ќе ја ставам на гума не се пумпа само во пределот кај што кажав, нез шо к*р и е.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Сигурно нема на 17ка рамка да стават 29ка бандажи.
Упс, некој си направил едит на постот и сега се праи паметен. Нејсе си се корегира и си пиша како што треба.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Не монтирана топ се пумпа, кога ќе ја ставам на гума не се пумпа само во пределот кај што кажав, нез шо к*р и е.
Прво не знам како знаеш дека не е напумпана баш тука тој дел, второ внатрешната гума ако е во ред напумпана надвор не е проблемот до неа. Пушти слика ако имаш желба, сакам да го видам ова чудо што се случува и ако е некој редок случај да ти го купам цело тркало.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Прво не знам како знаеш дека не е напумпана баш тука тој дел, второ внатрешната гума ако е во ред напумпана надвор не е проблемот до неа. Пушти слика ако имаш желба, сакам да го видам ова чудо што се случува и ако е некој редок случај да ти го купам цело тркало.
На допир другар сегде кај ќе допрам е тврдо делот под вентилот е мек
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
На допир другар сегде кај ќе допрам е тврдо делот под вентилот е мек
Надворешната гума во каква состојба е? Прашувам во случај да е стара или пазарска. Провери дали е иста дебелината на надворешната гума целосно. Дали ѕидовите на надворешната гума се порамнуваат со обрачот кога е напумпана? Точна е големината на надворешната гума?
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Надворешната гума во каква состојба е? Прашувам во случај да е стара или пазарска. Провери дали е иста дебелината на надворешната гума целосно. Дали ѕидовите на надворешната гума се порамнуваат со обрачот кога е напумпана? Точна е големината на надворешната гума?
Па на старо го земав точакот така да...стара е сигурно. Не некој места е излижана. Ќе ја проверам утре. Големината е точна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom