Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Здраво, гледам дека доста се разбираш во велосипедскиот механизам генерално. Имам проблем при возење се јавува крик/клик во пределот на преносот или поточно Bottom Bracket (не знам кој е зборот на македонски) поточно кога сум станат и спринтам. Во седечка положба звукот го нема. Педалата не се проблемот. Велосипедот е нов, марка Specialized со изминати 1600км. Доколку си имал сличен проблем, молам за решение :D
Сличен проблем имав и јас. Испадна дека е контактот помеѓу челичната средна осовина и алуминиумските курбли. Го решив (делумно) така што ги извадив курблите и ги исчистив заедно со средната осовина. Ставив многу малце маст на осовината и ја размачкав, со што помогна малку повнатре да влезат курблите на осовината и да се зголеми контактната површина помеѓу нив. Пак прави звук, но значително помалку од тоа што беше. Звук прави исклучиво само на подолги возења со повисоки температури.

Проблемот е различниот коефициент на термална експанзија, алуминиумот повеќе се шири од челикот, колку и да ги стегаш има шанса пак да ти прави звук.

Можно е и да не ти се затегнати доволно штрафовите, поготово ако имаш од имбусите со прашинарник околу нив. Тие се склони кон одвртување и не можеш доволно да ги затегнеш како обичен штраф.
Чаре е да ги затегнеш па да видиш дали ќе се изгуби звукот.

Трето е средната осовина да ти е дотраена, односно некој или двата од лагерите да се оштетени и како што проаѓаат лагерите на оштетеното место прават звук кој резонира низ алуминиумот. Чаре за ова е нова средна осовина, бидејќи не се сервисираат толку лесно, а само лагери коштаат скоро колку нова средна осовина, плус треба да ги монтираш правилно.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
15

Звукот се појавува при флекс на велосипедот, односно кога сум станат од седиштето и спринтам. При возење седнат на седиште нема никаков звук. Пребарав 1001 форум и сфатив дека рамката може да го резонира звукот и да се причинува како да е од едно место, а уствари доаѓа од друго.
Веќе недела дена не можам да откријам што го предизвикува звукот. Ги сменив педалата, денес го подмачкав предниот QR и жлебовите кај што упаѓа "брзиот отворач" или Quick release. Утре ќе пробам да видам дали сеуште е присутен тој нервен звук кој ми го нарушува задоволството, за жал.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
А разлика помеѓу хидрауличнi кочници и V-brake? Гледајќи ги професионалните тимови на Tour d' frace и на други престижни трки , возат со V-brake скоро 80% од тимовите, зошто? Разлики ? општо мислење твое ?
Cantilever (rim brakes) користеа сите тимови до неодамна. Од пред неколку години излегоа хидраулични диск кочници и сега веќе пола тимови користат диск кочници. Диск кочниците имаат подобри перформанси ама сеуште има отпор од голем број на натпреварувачи но ќе возат тоа што ќе им каже спонзорот а не тоа што тие сакаат.
Главната разлика е особено на влажно време каде најмногу доаѓа до предност диск кочницата во однос на Rim brakes. Добри cantilever кочници кочат одлично на секакво време, важно е да се компатибилни пакните со бандажот. Има пакни за различни временски услови и за различен материјал на бандажот.
Сепак во велокрос веќе и да нема rim brakes. Тука предноста е голема за диск кочниците поради условите во кои се вози велокрос.
Лично мене, не ми се допаѓаат диск кочници на Road bike. (плус тежат повеќе)
Автоматски споено мислење:

На роуд возат со cantilever кочници од проста причина што дискови се забранети, демек многу опасни за во случај на сообраќајки.
Инаку ако не се тркаш можеш и роуд со дискови да најдеш.
Не се забранети. Краток период ги забранија додека не ги редизајнираа дисковите. Беа со остри рабови а сега се со заоблени. Од 2018 се официјално дозволени па пола велосипеди се веќе со дискови. 2017 се случи првата етапна победа со дискови на роуд бајк.
Автоматски споено мислење:

Здраво на сите, сакам да прашам некој можеби знае , каде можам да најдам од оние пластиките (како на сликата подолу) за на бандаж?
Ова како што гледам е homemade. Не е тешко, можеш и сам да си направиш. :)
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2014
Мислења
119
Поени од реакции
59
Кајганџии имам постар точак со стари кочници. Каде можам да најдам гуртни за нив? слика од кочницата подолу.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
Дечки каде се продаваат КТМ точаци во Скопје? Збориме за нови.

:)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Дечки каде се продаваат КТМ точаци во Скопје? Збориме за нови.

:)
Не се продаваат веќе, затвори продавницата. Инаку беше на партизанска пред палма слаткарницата.
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
17
Здраво дечки, помина долго време откако возев велосипед како дете :). Сакам да почнам да возам рекреативно во град, друмски пат помеѓу села, покрај река, езера, ништо хардкор за почеток. Би возел можеби 50 до 80 км неделно.

Пред да почнам да разгледувам по нет за избор на велосипед дилема ми е која големина на рамка да ја имам во предвид за МТБ. Барав на интернет за висина од 170 цм со inseam lenght околу 75-76 цм, наидов на различни мислења и препорака од 17" рамка. Бидејќи сакам да земам МТБ со 27.5" тркала, конкретно CUBE моделите со таа големина на тркала се со рам од 16" или 18". Според ваше искуство која големина на рам би била најсоодветна.

За почеток не сакам да вложам многу во велосипед до 500 евра, а ако се навлечам на велосипедизам и почнам да возам повеќе и потешки патеки тогаш би размислувал за друг велосипед. Што би било подобро за овој начин на возење половен велосипед со deore, xt опрема и слично (кој можеби би имал дополнителни трошоци со истрошена опрема) или нов со acera, altus опрема кои се отприлика околку 33 000 денари.

Секое мислење е добредојдено
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069

И јас сум на твоја висина, а возам 18" рамка што воопшто не ми претставува проблем. Напротив, одлични резултати постигнувам ако се споредувам со други МТБ велосипедисти. Идеална рамка за нас би била 17,5", но не се продаваат такви овде :D

Според сајтот, немаш промашување и со 18 инчна рамка :)
168cm - 178cm17" - 18"43 - 47

За другото прашање, јас секогаш би одел на варијанта нов точак - прв газда, без разлика што за иста или пониска цена можеш подобар да купиш.

п.с. Биди сигурен дека ќе се навлечеш во велосипедизмот. Ако си прв газда на точакот и видиш дека сите патеки се освојуваат, нема да сакаш да го смениш макар си купил МТБ од 15 000. Јас ако вложувам пари во нов точак, би вложил единствено во road bike за да освојувам многу подалечни територии, а да имам на располагање два точаци, секој за своја намена. Не дека со MTB не го правам ова, но важно е и времето и брзината понекогаш :D
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Здраво дечки, помина долго време откако возев велосипед како дете :). Сакам да почнам да возам рекреативно во град, друмски пат помеѓу села, покрај река, езера, ништо хардкор за почеток. Би возел можеби 50 до 80 км неделно.

Пред да почнам да разгледувам по нет за избор на велосипед дилема ми е која големина на рамка да ја имам во предвид за МТБ. Барав на интернет за висина од 170 цм со inseam lenght околу 75-76 цм, наидов на различни мислења и препорака од 17" рамка. Бидејќи сакам да земам МТБ со 27.5" тркала, конкретно CUBE моделите со таа големина на тркала се со рам од 16" или 18". Според ваше искуство која големина на рам би била најсоодветна.

За почеток не сакам да вложам многу во велосипед до 500 евра, а ако се навлечам на велосипедизам и почнам да возам повеќе и потешки патеки тогаш би размислувал за друг велосипед. Што би било подобро за овој начин на возење половен велосипед со deore, xt опрема и слично (кој можеби би имал дополнителни трошоци со истрошена опрема) или нов со acera, altus опрема кои се отприлика околку 33 000 денари.

Секое мислење е добредојдено
Земи си половен, но внимавај да немаш големи вложувања. Подобри делови имаат половните нели ама тоа значи и поскап за одржување. :) Инаку ти препорачувам 16' рамка.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Земи си половен, но внимавај да немаш големи вложувања. Подобри делови имаат половните нели ама тоа значи и поскап за одржување. :) Инаку ти препорачувам 16' рамка.
Не ме зафркавај, го направи многу понизок. Дали може објаснување зошто му препорачуваш помала величина на рам?

Баш повеќето велосипедисти тврдат дека е подобро да возиш со малку поголема рамка отколку помала поради аеродинамиката. 16 инчна е идеална за тие под 165 висина.
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Не ме зафркавај, го направи многу понизок. Дали може објаснување зошто му препорачуваш помала величина на рам?

Баш повеќето велосипедисти тврдат дека е подобро да возиш со малку поголема рамка отколку помала поради аеродинамиката. 16 инчна е идеална за тие под 165 висина.
Мислам дека грешиш во врска со тоа дека повеќето преферираат поголема рамка. Напротив, подобро е да интервенираш во големината со стем, волан и седиште кон поголемо отколку обратно. Поголема рамка може да сака само некој што вози друмски велосипед и се трка. Во секоја друга прилика е понеудобно. Помала рамка има поголем комфор и подобра управливост. Ја гледав геометријата на точакот што ги спомена и јас сум на граница на тие димензии а сум повисок за 3-4 цм од него.
Ако се двоумиш меѓу две големини на рам, секогаш се бира помалата.
Ако вози по асфалт и на рамен предел нема да почувствува проблем со 18' но ако почне да менува терен тогаш ќе почне трнење на раце, болка во грбот и слично. :)
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
17
А ќе смета ли нешто доколку на 17" модел 29" тркала се сменат со 27.5"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom