Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Здраво заинтересиран сум за да купам велосипед, ако може некој да ми предложи каков да барам, сакам половен ама солиден да биде. По можност и со линкови да ми прелдожите некој што во моментов продава и плус по некој совет што да гледам на велосипедот кога ќе одам да го зимам. Фала.

Цена: од 200 евра па се до 350 евра.
Ако ти треба само за низ град купи нов поевтин од Агротехна а ако сакаш да почнеш да возиш тури тогаш земи половен 29 ка до кај 350 евра кај Васко во Ѓорче Петров -Јурија.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Најважната информација не ја кажа, за каква намена да ти е велосипедот? Какви терени и дистанци сакаш да возиш? Дали ти е битна брзината и слично :D
хаха, сакам тури да возам, имам на ум некои рути за почеток од 15-20км. Ако може и линк од тој Васко од Ѓорче.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
73
Поени од реакции
58
Здраво на сите, сакам да прашам некој можеби знае , каде можам да најдам од оние пластиките (како на сликата подолу) за на бандаж?
 
Attachments

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Ако ти треба само за низ град купи нов поевтин од Агротехна а ако сакаш да почнеш да возиш тури тогаш земи половен 29 ка до кај 350 евра кај Васко во Ѓорче Петров -Јурија.
Што ти згрешил толку човекот за да му препорачаш Max?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Што ти згрешил толку човекот за да му препорачаш Max?
Не знам зошто такво мислење имаш дека според тебе сум му згрешил.Напротив со препорака за MAX доколку го вози низ град драстично си ги намалува шансите некој да му го украде доколку некаде го остави во однос на некој со реномирана фирма а доказ се илјадниците поплаки во групата УКРАДЕНИ ВЕЛОСИПЕДИ на facebook.Немам ништо против да вози низ град и велосипед од 1000 евра но нека му ја мисли ако треба некаде да го остави заклучен на одредено време.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Max, Viper, Trinx, Scott, Trek... се само рамките :)
Е сега едните се подобро дизајнирани за аеродинамиката, а останатото зависи од производителот на рамката со опремата која ја набавил за точакот. Може Scott рамка да биде украсенa со опрема што ја носат Max точковите :D

Меѓутоа, точкови под 10 000 според мене воопшто не треба да се гледат, освен ако ти е за до продавница да одиш. Многу ефтина цена = лоша и неквалитетна опрема што многу малку ќе ти трае и во случај да сакаш да возиш долги рути, почесто ќе треба да ги менуваш деловите (бидејќи нели не се издржливи).

Од друга страна, ако купиш на старо, секогаш имаш дополнителни трошоци за менување на делови. Ако некој битен дел е истрошен (како на пример ѕвездата), нов да го набавиш треба да платиш 50-100 евра..
Ако и гумиве се за менување, рачунај и таму ќе фрлиш 50 евра. Со фрлени 150-200 евра на стар точак, уште малку ќе стигнеш до продажната цена или до премиум велосипеди во продавница. Па сега размисли што е подобро :D
 
Тоа е така затоа што со глобализацијата над 90% од рамките на најпознатите фирми се произведени во тајванските фабрики GIANT и Мерида.
Меѓутоа, точкови под 10 000 според мене воопшто не треба да се гледат, освен ако ти е за до продавница да одиш. Многу ефтина цена = лоша и неквалитетна опрема што многу малку ќе ти трае и во случај да сакаш да возиш долги рути, почесто ќе треба да ги менуваш деловите (бидејќи нели не се издржливи).
Јас лично возам низ град најобичен кинески 28 инчи алуминиумски рам со најевтина опрема и дневно вртам во просек од 40 до 45км.Обичен кинески ланец од 150 денари го менувам на 4500 до 5000км,касети користам FALCON обични 7 ца купени по 50 денари нови од магацините на SOBIM од цигански пазар а ги продаваше кумановец брат на сопственикот на познатата кумановска фирма.
Од друга страна, ако купиш на старо, секогаш имаш дополнителни трошоци за менување на делови. Ако некој битен дел е истрошен (како на пример ѕвездата), нов да го набавиш треба да платиш 50-100 евра..
Кај Васко половните точаци на пример се многу малку возени а што се познава по истрошеноста на запчаниците на касетата и истегнатоста на ланецот а на секој точак човекот без разлика колку се возени претходните става нови гуми така што ти за 50% нов од продавница добиваш скоро нов велосипед со некои си 2000км поминати и после 2000 ќе треба да смениш само ланец од максимум 20 евра а касетата издржува 3 до 4 ланци пред да се смени истата.
Ако и гумиве се за менување, рачунај и таму ќе фрлиш 50 евра. Со фрлени 150-200 евра на стар точак, уште малку ќе стигнеш до продажната цена или до премиум велосипеди во продавница. Па сега размисли што е подобро :D
Гуми купувам само за тој што го возам на сериозни тури додека за низ град не сум купил ни внатрешна ни надворешна со години.Ми носат половни бесплатно од точкарниците што ги фрлаат надвор и внатрешни и надворешни а и доста имам најдено фрлени од цигански пазар,внатрешните ги лепам со Лута лепак од 50 денари со 24 или 48 лепенки а надворешните според истрошеноста ги возам од 2000 до 4000км.Користам и внатрешни силиконски ленти кои имаат некаква солидна заштита против дупнување и сега за сега сум задоволен од истите.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Рамка како рамка е издржлива, металургијата е доста напредната. Е сега кога ќе ги споредуваш рамките од поевтин и поскап произведувач ќе ги воочиш разликите.

Пр. ушките каде што влага осовината од тркалата се потенки кај поевтините и се склони кон искривување. На заварените спојки не е обрнато многу внимание и понекогаш се лошо заварени (со дупки или недоволно за да биде цврста спојката)

На тие што доаѓаат со амортизери, брзо разввиваат "луфта" бидејќи фабрички се недоволно подмачкани и "мостот" што ги поврзува двете нозе и го укрутува амортизерот е тенко парче лим свиткано да личи подебело.

Деловите се кинески, или полошо копија на кинески делови.
Средната осовина почнува да крцка после 3 месеци од неквалитетни лагери, предната и задната осовина се недоволно подмачкани од фабрика и развиваат луфта после 3-4 месеци возење (башка и што задната се криви лесно при малку поголем товар или/и мавање од ивица на тротоар или дупка).

Бандажите се најевтините што фабриката може да ги најде, и понекогаш доаѓаат криви од фабрика (за да не се мачиш ти да ги искривиш од кратериве во градот), диплите што ги држат шпиците не се никловани и рѓосуваат на првиот дожд а шпиците ја губат еластичноста после првата година и пукаат.

Преносот е нискобуџетен што значи ланец и заден запчаник без заштита од корозија, заден запчаник со фаличен механизам што почнува да врти во место после 100 километри. Преден запчаник што понекогаш доаѓа крив од фабрика. Преден и заден менувач што се копија на шимано дизајн од 97'ма и се направени од рециклиран отпаден метал (на n+1 циклус рециклирање, после 100 рециклирања престанале да бројат).

Кочниците се штампан лим (или бетер - пластични), сајлите и кошулиците не коштаат ни еден цент, и се друго е нискобуџетно и склоно кон искривување или кршење.

Ова е најосновното. Можам труд да ти нашишам досега колку такви сум правел и на кој начин откажале деловите. Има причина зашто точкарите не се нафаќаат да ги сервисираат (освен промена на гума и ситно штелување). Половен точак од повисока класа е секогаш подобра опција од овие. Секој што се разбира во точаци знае дека испод 20.000 не можеш да најдеш солиден точак, и на ново и на старо. На секој точак без разлика дали е скап или евтин ќе има проблеми, но не секој вреди да се поправи. На Тојота ако откаже дел се менува и вози, на Југо ако откаже дел се менува и после него друго нешто откажува.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
19
Поени од реакции
15

Здраво, гледам дека доста се разбираш во велосипедскиот механизам генерално. Имам проблем при возење се јавува крик/клик во пределот на преносот или поточно Bottom Bracket (не знам кој е зборот на македонски) поточно кога сум станат и спринтам. Во седечка положба звукот го нема. Педалата не се проблемот. Велосипедот е нов, марка Specialized со изминати 1600км. Доколку си имал сличен проблем, молам за решение :D
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Некој да ми каже разлика меѓу механички и хидраулични дискови ? Зошто се хидраулични подобри?
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Некој да ми каже разлика меѓу механички и хидраулични дискови ? Зошто се хидраулични подобри?
Неспоредливо поголема моќ имаат хидрауличните.
 
Член од
7 јуни 2018
Мислења
73
Поени од реакции
58
Неспоредливо поголема моќ имаат хидрауличните.
А разлика помеѓу хидрауличнi кочници и V-brake? Гледајќи ги професионалните тимови на Tour d' frace и на други престижни трки , возат со V-brake скоро 80% од тимовите, зошто? Разлики ? општо мислење твое ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
А разлика помеѓу хидрауличнi кочници и V-brake? Гледајќи ги професионалните тимови на Tour d' frace и на други престижни трки , возат со V-brake скоро 80% од тимовите, зошто? Разлики ? општо мислење твое ?
На роуд возат со cantilever кочници од проста причина што дискови се забранети, демек многу опасни за во случај на сообраќајки.
Инаку ако не се тркаш можеш и роуд со дискови да најдеш.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Исто така имај во предвид дека и кај в брејк имаш хидраулика, не е правило ако е в брејк дека е механичка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom