Ги следам редовно овие роуд тркиве на Еуро спорт.. и за едно нешто имам вечна дилема.
Како успеваат да постигнат толкави брзини стварно ме чуди?!
Не мислам на просечна брзина на цела стаза/трка(и тие им се брутални), туку на онаа во текот на трката кога се во пренос/кадар. На рамно и блага удолница шибаат батињата со 50-60+ km/h, и тоа оние што се најнапред - директно изложени на отпор на ветер.
Како рекреативец (со алиминиумски велосипед со карбон вила), на рамно знам да држам темпо со брзини од 35-40km/h, дури и 40-50km/h на благи удолници и кога ќе фатиш заветрина од некој камион, но со 2/3×10/11 пренос, 50 до 52 заба преден запчаник и 11-25/28ка касета ако сакаш убиј се од вртење толку е максималниот вртежен момент и брзината...
Како успеваат они свака им част. Чат пат ги зумираат во кадар, некои велосипеди имаат и поголеми pulleys на задните менувачи и наместо стандардните со 11 заба користат со 14 заба. Логички тоа би требало да ја зголемува брзината. Можеби тука се крие тајната. Нешто што планирам да го пробам во иднина.
Инаку сваќам дека нема споредба... луѓето се професионалци и цел живот тренираат и се посветени на тоа со специјални исхрани и облека скроена точно за нив, а со обзир на тоа дека просечната тежина на еден професионален велосипедист од 180цм е околу 60кг и тежината на велосипедот(најверојатно карбонски отприлика 5-6кг.( харикирам)) + возат страшни машини, 10 пати поскапи од нашиве рекреативни може и имаат логика тие брзини.