Општи вело муабети, прашања, совети

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Глупо прашање, ама има разлика во ланци, т. е. дали велосипедот го прават побрз?
Нема, ефикасноста е иста кај сите ланци. Има со различни тежини ама ако возиш обичен алуминиумски MTB, ништо не ти менува 100 грама полесен ланец.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Член од
13 мај 2013
Мислења
40
Поени од реакции
12
Мала помош, ми треба добар сервисер за тркала(бандасите) се малце криви,ми треба препорака некој добар.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Мала помош, ми треба добар сервисер за тркала(бандасите) се малце криви,ми треба препорака некој добар.
Љубиша(бајкстоп) кај градски парк и Гоце(КТМ) на партизанска, карпош4.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.518
Мала помош, ми треба добар сервисер за тркала(бандасите) се малце криви,ми треба препорака некој добар.
Оди кај Раде во Автокоманда карши ветеринарното,патот што оди накај железара.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
За (не)полн месец ќе ги сменам педалите на Меридата со M520-ки.
Прво планирам да ги отворам и сервисирам, а во меѓувреме треба да набавам шпринтерици.
Овие ќе ми бидат првите шпринтерици, затоа ве замолувам за совети.

Какви? Од каде да ги набавам? На старо, или на ново? Дали клитови доаѓаат гратис или треба и нив да ги докупам? Какви да барам? Од тука, или од АлиЕкс? Како да проверам/знам што е квалитетно, а што не?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
За (не)полн месец ќе ги сменам педалите на Меридата со M520-ки.
Прво планирам да ги отворам и сервисирам, а во меѓувреме треба да набавам шпринтерици.
Овие ќе ми бидат првите шпринтерици, затоа ве замолувам за совети.

Какви? Од каде да ги набавам? На старо, или на ново? Дали клитови доаѓаат гратис или треба и нив да ги докупам? Какви да барам? Од тука, или од АлиЕкс? Како да проверам/знам што е квалитетно, а што не?
Шпринтерици исклучиво нови, затоа што се формираат според ногата со тек на време.
Клитови доаѓаат со педалите ако купуваш нови педали.
Има три типа на шпринтерици, мтб, комбинирани и роад.

Разликата е во дупките од долу и во тоа што тие за мтб имаат крампони.
Ако сакаш роад шпринтерици ќе мора и други педали да бараш.
Од али не сум носел ама сум слушнал и позитивни и негативни мислења, генерално негативни.
Пробај во Outdoor.mk pro-sport.mk bikestop.com.mk
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Алат за сервис и поддршка на велосипед мтв по пристапни цени и дали воопшто има кај нас? За домашна употреба шимано опрема. Ланец, задно тркало, пренос и течности за подмачкување од каде?
Фала
 
Член од
15 јуни 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Ми треба препорака за велосипед за околу 400 euro крајна горна граница, погоре не би одел. Дали може да се најде за таа цена солиден велосипед? Дали истиот би вклучувал дискови и хидраулични кочници, амортизери? Дали исто имате посебна препорака на бренд на велосипеди (KROSS, Viper итн.), некој подобри, некој полоши или сите се исти? Не се разбирам како и колку се движат цените на велосипедите па така поинформирани членови ве молам не ми замерувајте на прашањата. Живеам во Струга, па добро би било да може да се препорача од продавници во овие делови, бидејќи велосипед не е нешто што би порачувал од Скопје или други делови во државава од причина што би сакал да се проба на лице место.

Фала ви однапред.
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
За (не)полн месец ќе ги сменам педалите на Меридата со M520-ки.
Прво планирам да ги отворам и сервисирам, а во меѓувреме треба да набавам шпринтерици.
Овие ќе ми бидат првите шпринтерици, затоа ве замолувам за совети.

Какви? Од каде да ги набавам? На старо, или на ново? Дали клитови доаѓаат гратис или треба и нив да ги докупам? Какви да барам? Од тука, или од АлиЕкс? Како да проверам/знам што е квалитетно, а што не?
Имаш доста океј попусти (30-50%) во Номад во моментов, со Групер купон (кој во реалност не треба, таму ти средуваат). Држат претежно Northwave од облека и обувки, кои се доста солидни.

Gaerne има во Outdoor, не знам какви се али ги носат доста луѓе. Sidi има кај Томас ама ич не можам продавници што немаат нити желба да истакнат цена на производите дури ни откако ќе ги прашаш.

Најбитно е да не купуваш на слепо и да не пробуваш да се упикаш во обувка со тесен ѓон ако имаш широко стапало. Прво, ќе ја деформираш обувката, второ ќе си предизвикаш секакви непријатности и потенцијални повреди на стапалото (кое нели, по природа, е најнежната група на коски).
Шетај по продавници, пробувај, запишувај што си забележал и на крај одлучувај. Со наши стандарди, спринтерици се купуваат еднаш за 5-8 години, така да одвои си време да го направиш правилниот избор. :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.518
Вреди ли точачево или тешко?

https://velosiped.mk/product/ideal-cityrun/
Ако ти е само за низ град и овој ќе ти заврши работа под услов ако си висок над 180cm.Уште ако не е завршен рокот за поднесување субвенции ќе ти излезе плус 3000 денари поевтино:http://www.bikecenter.mk/index.php?route=product/product&path=65&product_id=858
 

Kajgana Shop

На врв Bottom