За (не)полн месец ќе ги сменам педалите на Меридата со M520-ки.
Прво планирам да ги отворам и сервисирам, а во меѓувреме треба да набавам шпринтерици.
Овие ќе ми бидат првите шпринтерици, затоа ве замолувам за совети.
Какви? Од каде да ги набавам? На старо, или на ново? Дали клитови доаѓаат гратис или треба и нив да ги докупам? Какви да барам? Од тука, или од АлиЕкс? Како да проверам/знам што е квалитетно, а што не?
Имаш доста океј попусти (30-50%) во Номад во моментов, со Групер купон (кој во реалност не треба, таму ти средуваат). Држат претежно Northwave од облека и обувки, кои се доста солидни.
Gaerne има во Outdoor, не знам какви се али ги носат доста луѓе. Sidi има кај Томас ама ич не можам продавници што немаат нити желба да истакнат цена на производите дури ни откако ќе ги прашаш.
Најбитно е да не купуваш на слепо и да не пробуваш да се упикаш во обувка со тесен ѓон ако имаш широко стапало. Прво, ќе ја деформираш обувката, второ ќе си предизвикаш секакви непријатности и потенцијални повреди на стапалото (кое нели, по природа, е најнежната група на коски).
Шетај по продавници, пробувај, запишувај што си забележал и на крај одлучувај. Со наши стандарди, спринтерици се купуваат еднаш за 5-8 години, така да одвои си време да го направиш правилниот избор.