Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
16 јули 2011
Мислења
189
Поени од реакции
120
Во принцип секако едно ептен фино искуство.Мислам дека веројатно за неколку месеци би се нафатил на реприза на ваков проект.И би инсистирал повеќе на доследно пазење се да биде фабрички оригинално,иако секако е проблем наоѓање оригинални резервни делови,потоа не би се зезал премногу со четкање,шмиргање и сл.Мислам дека пластифицирањето би поедноставило многу работи.Ама кејфот е голем (озбилно )кога ке го видиш резултатот на крај колку и да е несовршен и со утки.И за крај го фотнав денес во двор на дневно светло ,иако не ми успеа поради дождов да му удрам сефте на кеј. 65.jpg
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Не се велосипеди со некоја реална вредност за да се трудиш се да биде оригинално. Да личи на оригинално - да - тоа е супер, ама имајќи делови кои функционираат подобро а изгледаат „ретро“ - барем јас секогаш ја бирам таа комбинација кај ваквите ефтини точаци. Сакам да те прашам, тркалата се 27 инчи или 28 инчи?
Иначе во Златна рака не примаат рамка на фарбање ако има траги од боја на неа. Само да си знаеш. Треба до метал да биде, и соодветно одмастена на прием.
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
189
Поени од реакции
120
27-ца се и со ептен мали оштетувања и ај помош ако мојт? Пумпата е ок и си функционира ама и фали само оној дел кој влегува во вентилот на гумата.Чаре?
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
27-ца се и со ептен мали оштетувања и ај помош ако мојт? Пумпата е ок и си функционира ама и фали само оној дел кој влегува во вентилот на гумата.Чаре?
Пушти некоја слика за што станува збор. Можеби некој ќе се јави со решение. Сликај ги и вентилите да видиме какви се - за секој случај.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Одлично! Супер изгледа, ми се свиѓа што си се одлучил за погон со една ѕвезда напред. Помалку зезанции, помалку одржување.
Зараза е репарацијава, јас веќе средив два точаци и барам трет проект сега :)
Првиот беше швајцарски точак кој го добив на подарок, многу сличен на твојот. Тоа ми беше прв проект и фрлив преку 9000 денари во него, по што го извозив околу 2500 километри и го продадов - за чудо без загуба.
Вториот го најде сестра ми на терасата од станот во кој се всели минатово лето. Газдата немаше поим чив е точакот, па нормално јас си го земав, го префарбав, го наштелував, подмачкав и сега си е топ. Се тоа ме кошташе 600 денари, и сеа татко ми си има градски точак со корпа, ако му притреба :D

Следен проект ми е женски точак (женска рамка) или пак ROG Pony, зависи што ќе улета. Тој точак ќе го средам по пропис со пластифицирање во Златна рака, квалитетни делови и нови потрошни материјали, и ќе го чувам за мене за градски (префрлајќи нога преку машкиве рамови, скинав 2 пара фармерки кои не беа баш ефтини, затоа сега барам женски рам :D:D:D)

П.С. За следниот проект (ако воопшто се нафаќаш), челична четка на бормашина е супер за вадење боја, да не мораш да шмирглаш 3 дена и после да китираш. ;) Голиот метал го прскаш со некоја основна боја за метал, после со шприц кит, шмирглаш и фарбаш со боја за беспрекорен финиш. :)
Има многу полесен начин да извадиш боја од метал, ќе си купиш Демол. Ќе премачкаш со четка и за пола саат нема боја, без мака. Само да пазиш на гола кожа е опасен, остава пликови.
И двајцата не споменавте, после нанесување на бојата треба и две три раце бесбоен лак, за да ја штити и да и даде длабочина.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689

Најди некое вакво точаче за пристојна цена за да го средам за низ град (јас ќе си го платам) или ако имаш некоја слична рамка за трампа одма прифаќам. Сакам да направам некој синглспид за низ град со тенки гуми, а планинсково ѕверче да се користи за кај што му е местото.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
189
Поени од реакции
120
Пушти некоја слика за што станува збор. Можеби некој ќе се јави со решение. Сликај ги и вентилите да видиме какви се - за секој случај.
Еве слика ,мислам се гледа каде недостасува прстенестото пластично мутерче и за кој тип вентил се работи. Pumpa 1.jpg ventili.jpg [DOUBLEPOST=1448225279][/DOUBLEPOST]
Има многу полесен начин да извадиш боја од метал, ќе си купиш Демол. Ќе премачкаш со четка и за пола саат нема боја, без мака. Само да пазиш на гола кожа е опасен, остава пликови.
И двајцата не споменавте, после нанесување на бојата треба и две три раце бесбоен лак, за да ја штити и да и даде длабочина.
За пластифицирање мислам не е потребно лакирање или грешам? Секако ке си прашам во Златна Рака...
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Еве слика ,мислам се гледа каде недостасува прстенестото пластично мутерче и за кој тип вентил се работи.Прегледај го приврзокот 133449 Прегледај го приврзокот 133450[DOUBLEPOST=1448225279][/DOUBLEPOST]
За пластифицирање мислам не е потребно лакирање или грешам? Секако ке си прашам во Златна Рака...
Не, не, за фарбање зборам.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Има многу полесен начин да извадиш боја од метал, ќе си купиш Демол. Ќе премачкаш со четка и за пола саат нема боја, без мака. Само да пазиш на гола кожа е опасен, остава пликови.
И двајцата не споменавте, после нанесување на бојата треба и две три раце бесбоен лак, за да ја штити и да и даде длабочина.
На три точаци сум вадел боја (два мои), Демолот не ми вадеше боја како што очекував за жал - а и премногу ризичен ми е за работење, ми имаат кажано дека имам „канцелариски раце“ :ROFLMAO:
Тоа со лакот го пропуштив, во право си.

Најди некое вакво точаче за пристојна цена за да го средам за низ град (јас ќе си го платам) или ако имаш некоја слична рамка за трампа одма прифаќам. Сакам да направам некој синглспид за низ град со тенки гуми, а планинсково ѕверче да се користи за кај што му е местото.
Може ли да ми пратиш слика - две во приватна порака од точакот што ти е за трампање? Веројатно може некои луди комбинации да направиме :rolleyes::D
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689
На три точаци сум вадел боја (два мои), Демолот не ми вадеше боја како што очекував за жал - а и премногу ризичен ми е за работење, ми имаат кажано дека имам „канцелариски раце“
Тоа со лакот го пропуштив, во право си.

Може ли да ми пратиш слика - две во приватна порака од точакот што ти е за трампање? Веројатно може некои луди комбинации да направиме :rolleyes::D
Можам ама ќе почекаш да се вратам во Мкд. Од петок натака може да продолжиме на темава. Ако видиш дека ме нема потсети ме.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Денес на офроуд во пневматиците ми влегоа рекорден број на трнчиња, дури 9. Поминував покрај диви костени. 5 трнови прилично крупни завршија во задно тркало, и 4 нешто поситни на предното тркало. Морам да признаам дека млекото за гуми си ја заврши одлично работата и ме донесе до дома. Само ме занима, бидејќи другпат сум немал толку многу дупнувања одеднаш, дали треба да ги прелепувам внатрешните гуми или млекото е сосема доволно и ќе држат без проблем?
Млекото за гуми од каде го земаш и колку пари?
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Кој следеше летово Tour de France, сигурно начека коментари за „допингуваниот“ Chris Froome. Епа, време беше да се стави крај на тие шпекулации. Froome конечно подлегна на лабораториските тестови кои многу новинари и аналитичари ги бараа, и не разочара.

Повелете линкче, одлично за со утринско кафе:
http://chrisfroome.esquire.co.uk/

Off the charts!
:zver:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom