Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Дали би можел некој искусен да даде подетални информации во врска со тоа каква опрема е потребна за зимска вожња? Сигурно постојат некои облеки што не ја задржуваат потта и дозволуваат лесно испарување и слично? Windproof јакни и слични ствари, кои се цените, што се ми е потребно, бидејќи не сум запознаен?
http://www.biker.hr/naslovnica/vijesti/zimske-voznje.html
изволте и тоа на разбирлив јазик:)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ми се дешавале дефекти и срања, ама денес прв пат така да ми се по*бе во живот. Од ЃП возев до Автокоманда. Идев по Патека до Веро Џамбо, тука на мостот свртев и дојдов кај Судот, после завртев десно, па лево кај Саемот и излегов кај Општина Гази Баба. По таа главната улица на крај возев до Парк Автокоманда. За враќање слично, само што наместо од кај Веро Џамбо да се симињам на патека јас отидов преку Мавровка, па кај Влада се симнав на патека.
Ама не знам што ѓаол ме натера да пробувам брзините. Дека имам Road Bike и брзините се мењаваат нели доле и треба на осет да идеш. Јас идиот, не ми префрлаше на крај на последната, кога реков стискам силно. Кога рече кај Градска Плажа Парк да ми се изврти апаратчето и не знам како и да заврши во тркало. Се искриви и ми скрши дури една жица од тркалото. Фатив го исправив некако колку да гурам, и така гладен си гурав до Ѓорче Петров. :coffee: А убаво ми рече дечкото од цел точак, само апаратчето не е оргинално и да си купиш одма ново. Јас светла купував и ново седиште.

Сега, каде да барам добро, оргинално и со не многу солена цена квалитетно апаратче? :D И дали има точкари што работаат зимава наваму накај Западно Скопје, а да знаете со сигурност. :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
10 ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ВОЗАМ ВЕЛОСИПЕД ВО СКОПЈЕ, ВО ЗИМА НА +3°C
Posted on January 14, 2014 by changnesia

1. Се здебелувам од руската салата, сармичките и свинското кои ги изедов за време на празниците, а немам време да спортувам. Дури и спортската сала во која вежбам не работи за време на школскиот распуст;
2. Има повеќе автомобили од вообичаено низ улиците, а скопските булевари не се доволно широки за да ги соберат сите. Па, побрзо стигнувам на работа со велосипед, а и порелаксиран.
3. Надвор е тмурно, а возењето велосипед ме расположува. Ми дава ведрина за првите неколку часа од работниот ден (барем додека не престанат да зборуваат колегите за метежот низ улиците и немањето слободен паркинг пред канцеларија).
4. Поради зголемениот број на автомобили нема слободни паркинг места, па кога немам велосипед приморан сум да бирам меѓу такси или пеш кога по работа одам на пијачка.
5. Воздухот во Скопје е алармантно загаден, а јас нема да дозволам моите внучиња да дишат уште позагаден воздух поради мене.
6. Штом скандинавците можат да возат во градови кои имаат по 4 месеци температури под нулата, и не се спречени да возат велосипеди секој ден, можам и јас.
7. Бидејќи најразвиените земји во светот имаат најголем број на велосипедисти, а јас повеќе би сакал да бидам како нив отколку како новонастанатите богаташи од земјите во развој или транзиција.
8. Бидејќи температурата во Скопје не е доволно ниска и ветерот не е доволно силен за да не можат да бидат покорени со уште еден слој облека.
9. Бидејќи Скопје е рамно ко тепсија и нема по која угорница да се испотам возејќи нагоре-надолу.
10. Бидејќи секое утро по пат сретнувам по некој велосипедист со кој си разменуваме пријателски поздрав и насмевка кои ми го прават денот поубав.
За волја на вистината сакам да ја напишам единствената причина поради која оваа зима – не возев велосипед 3 работни денови:
-Поради загадениот воздух кој ми остава гаден вкус во устата и ми прави вртоглавици одлучив да одам со автобус на работа. Повеќе време ми беше потребно за да стигнам и бев исфрустриран од доцнењето на автобусот и од односот на патниците.
*Причината за пишување на оваа листа беше овој твит:
-Возење точак на три степени може само да значи дека немаш кола.
Спорт и рекреација мај ес.

12:13pm · 9 Jan 14 ·
Blogpost by @dArsovec
http://changnesia.wordpress.com/2014/01/14/10-причини-поради-кои-возам-велосипед-во/
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Здраво до сите,дали некој користи/користел или има слушнато за велосипед драг..? Дали сте задоволни маани недостатоци и тн. поздрав
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Здраво до сите,дали некој користи/користел или има слушнато за велосипед драг..? Дали сте задоволни маани недостатоци и тн. поздрав.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Здраво до сите,дали некој користи/користел или има слушнато за велосипед драг..? Дали сте задоволни маани недостатоци и тн. поздрав.
Супер се за парите!Пиши модел за кој си заинтересиран и ќе ти помогнеме тука.Исто така до колку пари си спремен да одвоиш.
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Па моментално имам еден сакам да го продадам и да си доплатам за некој подобар.Па до 200евра ми се дават сега за сега,а сум заинтересиран за овој DRAG ZX-2 PRO 2013 и плус во бг.има доста избор а и не мора да биде некој од 2013год. може и нешто постара генерација.Сум имал Arow ,Crosswave и сум доста задоволен па сега се прашувам овие Drag да не се некој фалш делови и за еден месец да се распадне пошто претежно возам по земен пат планина.
 
Цената ти кажува сама нели?За по патека арен е.За по планини не го ни гледај!Зоом амортизер.Деловите си се таа класа и никој не треба да обвинуваш доколку ти се распадне.МОј совет собери си уште 100 евра и чекај го Орце да донесе велосипед или види си на спорти сале.Ќе земеш хидраулика за тие пари како што земав јас на времето и со далеку подобра опрема.

Момци да се пофалам малку!Се подновив со Giant Talon 1
http://www.giant-bicycles.com/en-gb/bikes/model/talon/11858/56883/#specifications

Стигна нешто порано од планиранато.Одам сега на водно да го пробам за првпат.:vozbud::vozbud::vozbud: Се гледаме горе:)
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 15:49 ---

Многу магла,од видиковец нагоре.Ми се расипа задоволството,па отидов само до средно.Да напоменам,машинава е феноменална:)
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Многу магла,од видиковец нагоре.Ми се расипа задоволството,па отидов само до средно.Да напоменам,машинава е феноменална:)

Си требал да продолжиш нагоре кога ке те опечело сонце одма ке ти се поправело расположението :D
и со здравје да го возиш точакот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom