Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
13 јануари 2015
Мислења
706
Поени од реакции
178
Не реков дека не може да се качи со полош точак туку за човек почетник како него подобро е да има погон со полесно качување угорници отколку со потешко затоа што 90% од почетниците не знаат како правилно се користат брзините и на кој погон кои брзини се употребуваат.Тоа е исто како на почетник планинар што сака да оди на тешка планинарска тура да му кажеш дека врв како Кобилица или Мал Турчин што има нагиб помеѓу 40 и 45 степени не е тежок за качување. Најдобро за него е да најде од некој што веќе има 29 ка со преден погон од 28 заба и касета со 32 заба па нека си проба за утре да не се жали дека некој на форум го излажал при совет за купување на точак.
А кој рече дека сум почетник?:D
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.152
А кој рече дека сум почетник?:D
Според прашањето што го постави испаѓа дека си почетник бидејки искусен бајкер не поставува такво прашање на форум туку си оди директно во неколку продавници и си одбира тоа што му треба.
 
Член од
12 мај 2017
Мислења
16
Поени од реакции
0
Здраво, некој за инфо кои се правилата. Сакам да одам на одмор во Грција и да понесам со себе 2 велосипеди на кола со држач на кука. Фала
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.152
Здраво, некој за инфо кои се правилата. Сакам да одам на одмор во Грција и да понесам со себе 2 велосипеди на кола со држач на кука. Фала
Нема никаков проблем за велосипеди било каде така да терај слободно.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
2.736
Поени од реакции
6.907
Еве добри точаци за парите. Првиот е Corratec Dolomiti Elite, со Шимано 105 и карбонска вила.

Вториот е бренд на Декатлон, Van Rysel со Campagnolo Centaur што за полабава споредба би бил еквивалент на Шимано Тијагра. И карбонска вила.

Corratec е 1500 евра, Декатлон 1000. Corratec пишува го нема на залиха, ама ретко им е ажуриран сајтот на Outdoor.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.152
Kenda 29' za Trinx M1000 PRO.
Ако сакаш преносна земи ја оваа.Дава реален притисок до 20 бари бидејки е погодна за пумпање и на амортизери а понатаму ако земеш роуд без проблем ќе можеш и тие гуми до 8 бари да ги пумпаш со неа.Последен пат се продаваше во outdoor пред 2 и повеќе години и чинеше 2000 денари:
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.059
Поени од реакции
20.878
Има бе некоја страна кај што има добри тури (мапи) за возење низ Македонија?
Или па некој добар Страва профил што ги има возено веќе туриве низ Македонија па од кај него да се види.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
4.457
Поени од реакции
13.836
Има бе некоја страна кај што има добри тури (мапи) за возење низ Македонија?
Или па некој добар Страва профил што ги има возено веќе туриве низ Македонија па од кај него да се види.
Прво прашање, што сакаш роуд или оф роуд. Друго прашање колку долго, трето ако не е тајна од каде си?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.059
Поени од реакции
20.878
Прво прашање, што сакаш роуд или оф роуд. Друго прашање колку долго, трето ако не е тајна од каде си?
Може и роуд и оф роуд, не е проблем.
Максимум 65 километри и да нема премногу стрмни угорници.
Не сме нешто кондициски премногу спремни, ја и другар ми, ама па и не сме закржлавени да не можеме да одиме.
Од Скопје сум, не е проблем турата да е и надвор од Скопје зашто имаме држачи за точаците на кола да ги ставиме, но искрено би преферирал доколку би била тука, околу Скопје негде.

Член од
23 февруари 2011
Мислења
923
Поени од реакции
1.285
Подолга и потешка слична како оваа во Маврово:
1659592579216.png
Пократка и многу полесна скоро цел пат е на рамно: до Катланово
1659592673916.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
6 август 2022
Мислења
2
Поени од реакции
0
Потребен ми е сервисер за електрични тротинети/велосипеди/скутери, кој работи на поставување на ел.делови потребни за претварање на обичен велосипед во електричен. Ми предложија некој мајстор од Кисела Вода кај дом на слепи кој работел такви работи ама немам контакт и име. Некој да не знае контакт за мајсторот или да предложи друг мајстор.
Ви благодарам
П.С. Велосипедот кој го имам е Сити верзија од најголемите и е речиси нов и затоа сакам истиот да го прилагодам да има и ел.верзија
 
Член од
9 март 2011
Мислења
155
Поени од реакции
115

Исто планирам и јас но проблем ми е што кај нас нема китови за Ел. конверзија. Ако не е тајна од каде го имаш набавено китот, претпоставувам имаш веќе купено штом прашуваш за мајстор.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom