Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
22 април 2013
Мислења
98
Поени од реакции
91
99% од сите роудаши што имаат скапи модели се на хемија да не ти ги набројувам по име и презиме ги знам повеќето вклучувајки ги и и МТБ најпознатите тркачи.
Автоматски споено мислење:

Освен чалам друг мотив немаат.Јас исто го користам велосипедот за задоволство без разлика дали е МТБ или Роуд и на ниедна тура не сум запнувал затоа што пред се здравјето ми е на прво место.Земи 2 идентични возила и едното не го бркај повеќе од 120 а другото цеди го нонстоп до максимум на отворен пат и на крај ќе видиш кое возило прво ќе откаже.
на каква хемија што поточно мислиш, лично јас не верувам заради сегменти некој би земал стероиди и слично од тој ранг. За национални титули можам да поверувам. Сегментите се лажираат на икс начини ине мора човек ниту да тренира ниту да даде напор ако му е целта тоа. Е сега мене лично сегментите ми се интересна и мотивирачка работа, но нормално тоа е само 1% од причините поради кои сакам да возам. За скапи карбон точаци нормално ако некој се пали само на тоа, страста за возење брзо ќе исчезне. Интересно е зошто луѓето не признаваат за луксуз скутер од 4-5 иљади евра или all inclusive одмор у Турција од 1500евра, а точак од 4000евра е грев. Едноставно ако некој има можност (јас моментално немам) нека вози, нека ужива и нека се гордее со својата машина :)
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.824
Поени од реакции
1.127
Сигурно со внимание го прочита мојот пост. Но без разлика дали земаат нешто или не, пак ке спомнам. Која им е намерата да извадат време на Страва, која? Само за чаламењње, така? Ништо не добиваат од тоа. Јас лично возам за задоволство и затоа што ме исполнува овој спорт - Велосипедизам. :)
Освен чалам друг мотив немаат.Јас исто го користам велосипедот за задоволство без разлика дали е МТБ или Роуд и на ниедна тура не сум запнувал затоа што пред се здравјето ми е на прво место.Земи 2 идентични возила и едното не го бркај повеќе од 120 а другото цеди го нонстоп до максимум на отворен пат и на крај ќе видиш кое возило прво ќе откаже.
на каква хемија што поточно мислиш, лично јас не верувам заради сегменти некој би земал стероиди и слично од тој ранг. За национални титули можам да поверувам. Сегментите се лажираат на икс начини ине мора човек ниту да тренира ниту да даде напор ако му е целта тоа. Е сега мене лично сегментите ми се интересна и мотивирачка работа, но нормално тоа е само 1% од причините поради кои сакам да возам. За скапи карбон точаци нормално ако некој се пали само на тоа, страста за возење брзо ќе исчезне. Интересно е зошто луѓето не признаваат за луксуз скутер од 4-5 иљади евра или all inclusive одмор у Турција од 1500евра, а точак од 4000евра е грев. Едноставно ако некој има можност (јас моментално немам) нека вози, нека ужива и нека се гордее со својата машина :)
Ќе ги прашаш лично што зимаат бидејки научна фантастика е да правиш просек околу 30 на 200км тура со некои 2000 елевација вкупно качување а пулсот да не мрдне повеќе од 120!
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
844
Поени од реакции
1.089
Постои некоја сигурна рута во опсег 20-30км. за возење низ скопје навечер по 22:00 часот ?
Под сигурна мислам да е добра видливост да нема дупки да се превртам некаде или некој со кола да ме собере.
На кеј возам ама веќе ми здосади истото секој ден.
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
9
Друштво едно прашање. Возам роуд рекреативно е сега сакам да земам брајтон рајдер 320 со каденца и пулс сензор, Дали ова е паметна инвестиција со огледн на тоа дека возам рекреативно ама сериозни километражи?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.470
Поени од реакции
6.114
Друштво едно прашање. Возам роуд рекреативно е сега сакам да земам брајтон рајдер 320 со каденца и пулс сензор, Дали ова е паметна инвестиција со огледн на тоа дека возам рекреативно ама сериозни километражи?
Возам со пулс сензор, а искрен да бидам, најдобрата инвестиција ми беше. Го променив целосно начинот на тренирање и од тогаш многу побрзо и поефикасно напреднувам. Од друга страна си знам до каде ми е фитнесот (со resting heart rate).

Има моменти кога мислиш дека ти е мачно (посебно кога добиваш ветер во гради), а пулсот ако го следиш ќе сфатиш дека можеш уште повеќе да запнеш. Понекогаш пак имаш многу висок пулс, а не си свесен за тоа и после одредено време ќе почнеш да успоруваш доколку продолжиш со истото темпо (ова најчесто се случува при ветер во грб). Со користење на HR сензор, ако возиш според зоната што си ја замислил, ќе извлечеш максимално од телото без да си дојдеш дома исцрпен, а со добра брзина.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
186
Поени од реакции
420
Друштво едно прашање. Возам роуд рекреативно е сега сакам да земам брајтон рајдер 320 со каденца и пулс сензор, Дали ова е паметна инвестиција со огледн на тоа дека возам рекреативно ама сериозни километражи?
Јас го имам.Сите потребни параметри ги има.Без него ко изгубен сум кога возам.За live информации немаш утка.Не ми се свиѓа слаба им е страната и апликацијата за моб.Направиле апликација колку да се каже дека имаат.со милион багови.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
98
Поени од реакции
91
Ќе ги прашаш лично што зимаат бидејки научна фантастика е да правиш просек околу 30 на 200км тура со некои 2000 елевација вкупно качување а пулсот да не мрдне повеќе од 120!
Користам пулсметри веќе +10год, можда 5-6 типа од најефтини до скапи, често батеријата ако е слаба просек пулсот лесно може да биде многу низок. Друга работа е што макс пулс, vo2max и trashhold прагови на пулс се индивдуални, за некој пулс од 140 е јак напор, за втор лесен напор, а притоа првиот е побрз ако се наптреваруваат. Така јас имам макс пулс од 200, trashhold е 175, или при трчање trashhold пулс имам на брзина 4:20min/km, во споредба еден господин што трча доста побрзо од мене има trashhold пулс на брзина 3:40min/km, но кај него trashhold пулсот е 150, а макс пулс од само 170. Трета работа е дека тие што имале 120bpm на 30км/h +2000m при тотал 200км, ги извадиле хр појасите во тек на вожњата и така просек ХР тотално се сменил.

Друштво едно прашање. Возам роуд рекреативно е сега сакам да земам брајтон рајдер 320 со каденца и пулс сензор, Дали ова е паметна инвестиција со огледн на тоа дека возам рекреативно ама сериозни километражи?
знам луѓе што имаат се фалат од Брајтон како најефтин а добар уред. Имаш и подобри уреди како Wahoo и Гармин, ама кога јас би купувал пак наместо Гармин би земал Брајтон. Ако додатно и трчаш види и опција саат за трчање супер служи и како бајк компјутер, јас терав така некое време.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.713
Поени од реакции
1.965
Здраво... Би сакал да ве замолам да ми препорачате некоја апликација за мобилен телефон која што мери брзина на движење, поминати км, и да ми ја зачувува рутата... Не ми треба нешто специјално, возам рекреативно претежно до работа, имам околу 15 км, и често знам да вртам по различен пат за да ми биде интересно... Xiaomi телефон имам, барав низ него нема, само апликација за чекори имам...
Фала ви, поздрав.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.659
Поени од реакции
6.506

Strava
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
84
Поени од реакции
43
Дечки дали има некој возено Скопје - Берово со роад бајк, која е најдобра рута?
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
9
Дечки дали има некој возено Скопје - Берово со роад бајк, која е најдобра рута?
Па избор во рути и многу немаш ако си од Скопје т.е. изборот е дали ќе одиш преку Велес до Штип или по новиот автопат преку Св.Николе, после тоа рутата е таа. Е сега ако оидш преку Велес имаш 15-20 км плус, а во однос на тежина Скопје-Велес-Штип во однос на Скопје-Св.Николе-Штип би ги ставил од прилика на исто ниво. После Штип до Берово најтешкиот дел е од Виница накај Берово т.е. до Обозна. Имаш околу 17-18 км од Виница до обозна искачување од кои 90% ти е благ успон, а само последните 2 км ти се 7% нагорнина.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
44
Батинци до аурора козјак некој да сподели инфо. Колку е искачување ? На бајк мап во флат се смета ама никогаш немам одено натака и воопшто не знам каков е теренот.
Фала
 
Член од
31 јули 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Што понуда на точаци (квалитетни брендови, барам или mtb, fixie или bmx, не од кинескиве максови и све остало) може да се најде тука кај нас? И дали воопшто има некои продавници шо шиткаат fixie или bmx кај нас?
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
84
Поени од реакции
43
Батинци до аурора козјак некој да сподели инфо. Колку е искачување ? На бајк мап во флат се смета ама никогаш немам одено натака и воопшто не знам каков е теренот.
Фала
Еве ти мапа, вкупно е 800 m искачување на 26 км. Не е баш флат, има благ градиент поголемиот дел од 2-3%, а најголемите градиенти се кај каменоломот кај Говрлево и на крај после Нова Брезница кога го качуваш Козјак. Нова Брезница - Козјак е нешто слично како Средно Водно да го качуваш, малку пострмно ама пократко. Не е тежок делот само внимавај да не те фати топло време зошто цел пат е отворено без сенка, ако те спука сонце има да ти биде три пати потешко :)
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom