Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Прегледај го приврзокот 259971Прегледај го приврзокот 259977

Дечки стаса велосипедчето.
Вчера го зедов но само кратко се дружевме (15тина мин). Денеска поминав 10тина километри и задоволен сум.

Единствено нешто што ми пречи естетски се калниците, сакам да ги извадам, но ваму скоро секој ден врни дожд и не знам дали ќе е паметна опција...

А исто така сакам да прашам дали е нормално од само 15 мин возење да ме боли газето :icon_mrgr: ? (Одамна немав возено морам да да напоменам)
Глупо прашањево знам, но вчера од само 15 минути цел ден воспаление имав и болка при допир, размислував да го променам седиштето, а денеска правев и некои измени во позицијата но ништо не се промени.
Ајде честитки, многу километри и авантури да поминеш!

За болката во газот 100% ти тврдам дека причината е спуштено седиште. Петата треба да биде 90 степени исправена со најдолното педало. Погледај неколку клипови на јутјуб како да се наместиш.
Со правилно наместено седиште, ти гарантирам целодневно возење без да добиеш воспаление. Истите прашања со болки во газ ми ги поставуваат сите што за првпат извозале над 10км, па по истиот совет, следната тура не ми се жалат воопшто :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325

Фала ти друже.

Вчера беше уште повисоко и го спуштив денес, а сѐ уште едвај на прсти стасувам со нозете седнат на седиште. Висок сум 179. :(
Болката ја осеќам во пределот пред овие sit bones што ги викаат, мислам ако успеам да го префрлам теретот на нив дека подобро ќе биде.

Ќе видиме, ќа направам некои измени повторно...
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Прегледај го приврзокот 259971Прегледај го приврзокот 259977

Дечки стаса велосипедчето.
Вчера го зедов но само кратко се дружевме (15тина мин). Денеска поминав 10тина километри и задоволен сум.

Единствено нешто што ми пречи естетски се калниците, сакам да ги извадам, но ваму скоро секој ден врни дожд и не знам дали ќе е паметна опција...

А исто така сакам да прашам дали е нормално од само 15 мин возење да ме боли газето :icon_mrgr: ? (Одамна немав возено морам да да напоменам)
Глупо прашањево знам, но вчера од само 15 минути цел ден воспаление имав и болка при допир, размислував да го променам седиштето, а денеска правев и некои измени во позицијата но ништо не се промени.
Ќе се навикнеш на болките ке поминат после 3-4 возења.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
@_BerzerkeR_ Калниците можеш да си ги смениш со нешто ко ова подоле, калници пак ќе си имаш ама многу поубаво ќе изгледаат
1595448479453.png 1595448594044.png
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
@_BerzerkeR_ Калниците можеш да си ги смениш со нешто ко ова подоле, калници пак ќе си имаш ама многу поубаво ќе изгледаат
Прегледај го приврзокот 259983Прегледај го приврзокот 259984
Да да далеку се помодернистички, ако можи така да ги наречам. А за поефективни мислам дека се овие стандардниве, подолги се и зафаќаат поширок агол. Ама грди се ко гроб, се осеќам ко пензионер на пазар во сабота. :D

Само ќе морам да се ослободам од кабелот за задното светло, тоа ќе ме зафркава конкретно на задниот калник.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.100
Прегледај го приврзокот 259971Прегледај го приврзокот 259977

Дечки стаса велосипедчето.
Вчера го зедов но само кратко се дружевме (15тина мин). Денеска поминав 10тина километри и задоволен сум.

Единствено нешто што ми пречи естетски се калниците, сакам да ги извадам, но ваму скоро секој ден врни дожд и не знам дали ќе е паметна опција...

А исто така сакам да прашам дали е нормално од само 15 мин возење да ме боли газето :icon_mrgr: ? (Одамна немав возено морам да да напоменам)
Глупо прашањево знам, но вчера од само 15 минути цел ден воспаление имав и болка при допир, размислував да го променам седиштето, а денеска правев и некои измени во позицијата но ништо не се промени.
Прво со среќа да го возиш, па за месец дена да правиш по 60-70 км.
Друга работа нели седиштето треба да му е подигнато малку?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Прво со среќа да го возиш, па за месец дена да правиш по 60-70 км.
Фала ти многу!
Друга работа нели седиштето треба да му е подигнато малку?
А бе изгледа дека треба да е поткренато да, но верувај едвај достасувам со нозете кога сум седнат - на прсти. Со цела нога да застанам морам да го навалам малку. Ваљда рамката е голема, иначе 27ца се тркалата. А и како што кажав, авериџ сум - 179.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.100
Фала ти многу!

А бе изгледа дека треба да е поткренато да, но верувај едвај достасувам со нозете кога сум седнат - на прсти. Со цела нога да застанам морам да го навалам малку. Ваљда рамката е голема, иначе 27ца се тркалата. А и како што кажав, авериџ сум - 179.
Е да и купи бидон и носи си вода увек со тебе! После да не издишуваш како Борха Валеро после 90 минути одигран меч. :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Сега проверив, 50cm му е висина на рамката од центар на запчаник до минимална положба на седиштето, плус 15 седиштето потренато 65 цм... :/
Автоматски споено мислење:

Е да и купи бидон и носи си вода увек со тебе! После да не издишуваш како Борха Валеро после 90 минути одигран меч. :D
Да имам, само го извадив да го дезинфицирам и такви ствари. :D
Ама не ме бендисува ќе го сменам, фабрички е без капачка, ќе се лепи прашина. Стварно не знам зошто им е без капачка предвидено...
1595451096767.png
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Фала ти многу!

А бе изгледа дека треба да е поткренато да, но верувај едвај достасувам со нозете кога сум седнат - на прсти. Со цела нога да застанам морам да го навалам малку. Ваљда рамката е голема, иначе 27ца се тркалата. А и како што кажав, авериџ сум - 179.
Ај погледни ги клиповите бидејки по она што го читам не ти е правилно подесено седиштето:https://www.youtube.com/watch?v=oE3XyTXUIxU&t=163s
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Не се разбирам во точаци па да ве прашам кој е најдобар од овие или ако знаете некој друг за овие пари предложете,точаков би го користел највеке за низ град.

TRINX M-100

TRINX K-36

VIPER 29XM

VIPER 29
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Ај погледни ги клиповите бидејки по она што го читам не ти е правилно подесено седиштето:https://www.youtube.com/watch?v=oE3XyTXUIxU&t=163s
Утре ќе проверам, ќе пробам да ја применам оваа метода и овие математики и ќе видам што сум направил. :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Сега проверив. Аголот кој се прави кога ќе ја спуштиш педалата долу беше отрпилика измеѓу 30-40, како што гледав тоа е прифатливо. Е сеа кај тестот со хоризонтално поставените педали, испаѓа дека треба да го турнам седиштето поназад, но веќе беше на максимум и не можеше повеќе, па решив да го поткренам 2cm седиштето со кое би се добил тој агол.
Енд нау уи вил фајнд аут на следното возење кој ќе е резултатот.

Фала ви за советите во секој случај.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Возам и тоа и тоа.

Кај МТБ возам исклучиво по земјен пат и подмачкувам после секое возење, макар сум возел само 20км. Не е можно да избегаш од прашината што се лепи за ланецот (исклучок да кажам дека си возел строго на тревно поле). Сум пробал и со велосипедско улје и други видови, иста е приказната.

Кај друмскиот точак подмачкувам на 200 км, иако улјето изгледа како да било мачкано вчера со 0 километри извозени :) Многу професионалци препорачуваат еднаш неделно да се подмачкува, дури и воопшто да не ти бил возен точакот бидејќи прашина се лепи постепено.
Да и јас имам чувство дека ланецот е сув после секое возење, ама практикувам на секои 100-тина км да го исчистам од наталожениот песок и прашина на ланецот , касетата и погонот, и повторно да нанесам масло. Одзема време, ама му го продолжуваш векот на целиот велосипед, посебно ако возиш скапи компоненти.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.498
Поени од реакции
4.325
Не можам да најдам видео на Јутјуб...
На калникот заден имам светло од кое кабелот излегува дирертно од рамката и е прицврстен на калникот, сакам да го вадам калникот али не знам како да постапам со кабелот. Не сакам да го оневозможам за понатамошна употреба, можеби во некоја прилика пак ќе треба да ги ставам.
Некој да предложи солуција?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom