Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Дечки каде во Скопје може да се најде tire tube sealant, која е цената на едно? Уште подобро дали знаете место каде што може директно да ти го наместат при купување? И уште едно прашање, дали една течност 180ml се става во една гума, или течноста се распределува на 2 дела, 90ml во предната 90ml во задната гума? Дали има посериозна разлика во ефикасноста?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Има некој искуство со варење на алуминиумски рам или да знаете кој вари алуминиум? Се работи за легура 7005 алуминиум double buffed
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Дечки каде во Скопје може да се најде tire tube sealant, која е цената на едно? Уште подобро дали знаете место каде што може директно да ти го наместат при купување? И уште едно прашање, дали една течност 180ml се става во една гума, или течноста се распределува на 2 дела, 90ml во предната 90ml во задната гума? Дали има посериозна разлика во ефикасноста?
Во Bikestop имаат добро млеко. Ќе ти наместат таму се. 180мл ти е за двете тркала. Можеш да земеш три шишиња од по 80мл мислам дека беа и да ги распоредиш по едно и пол во тркало. Од 80 до 100мл по тркало. Нема потреба повеќе од тоа. Цената на едно шишенце од 80мл мислам 250, ама не сум сигурен.
 
nozo.mk

Ultras Karpos Boys
Член од
6 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
18
Веќе подолго време сакам да го купам Cube AIM PRO 2020, но никако да го добијат на залиха.

Препорака за велосипед од друг бренд со слични перформанси и цена?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.072
Поени од реакции
4.567
Веќе подолго време сакам да го купам Cube AIM PRO 2020, но никако да го добијат на залиха.

Препорака за велосипед од друг бренд со слични перформанси и цена?
Провери и DRAG во Цикло Ас бидејки повеќе им верувам на нив него ли на Probike.
И овој е со подобра опрема од Cube:
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Дечки каде во Скопје може да се најде tire tube sealant, која е цената на едно? Уште подобро дали знаете место каде што може директно да ти го наместат при купување? И уште едно прашање, дали една течност 180ml се става во една гума, или течноста се распределува на 2 дела, 90ml во предната 90ml во задната гума? Дали има посериозна разлика во ефикасноста?
Зависит од волуменот на гумата и типот на бандажот и средината во која возиш и стилот на возење, за да го извлечиш максимумот од истото, генерално можит да се завршит работа со 60мл до кај 90мл, во некои случаи и со поќе. Можам да ти кажам дека лично користам Stans No Tubes Tire Sealant (возам 2.3 гуми, комбинација назад/напред особено со поголем крампон од два различни производители) во мојов случај јас поминвам добро со 60 максимум 70мл во една гума.
Пред да почниш со ова, најбитни фактори се да имаш коматибилен бандаж и гуми за тубелес, тубелес вентили со висок квалитет и добро е да се има и екстра трака за заптивање. Ова е најдоброто решение за понатаму да си немаш многу главоболки и математики. Исто е изводливо и на обичен бандаж со тубелес реди гума, трака за заптивање и вентили, но прашање на време е колку истата ќе издржит, колку ќе е ефикасна и кој перформанси ќе ги добиеш. Еднашка чим почнат овие проблеми тогаш им нема крај, од ново на ново ќе се појавуваат истите. Исто имам пробано, на стандарден бандаж (внатрешна со надворешена), од внатрешната гума на вентилот ја вадиш иглата тураш течност, ја врќаш иглата ја стегаш и пумпаш и истата функционира, изводливо е но не е то то, шо требит да е.
Покрај Stans, можам да ти препорачам и MucOff sealant или Joe's No Flats, со овие имам позитивно искуство и ги препорачвам, а сум имал и Еffetto и Tufo а биле буквално никакви. Ова е ако сакаш по дома да си отвориш работа за прв пат редење ако прајш знајт да бидит доста заебано и нервозно, а и да напрајш лом наоколу со течноста/млекото.
Ко шо спомна Ацохипик и јас ќе ти речам ако неќиш по дома да си отвараш работа, тогаш можат во Бајкстоп или во Проспорт да ти завршат работа, не сум прашал но и во Аутдор најверојатно можат да ти завршат работа, за другиве места незнам.
Автоматски споено мислење:

Здраво дечки,

Ме интересира дали може велосипед кој има 3x7 или 3x8 брзини со tourney мењачи да се надогради со 3x9 или 3x10 од повисока класа. Дали има врска рамката за таа можност. Ако има можност дали може да се смени независно само задниот дел или се оди комплет.

Поздрав

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Moжно е да се напрајт промена и наградба, но мора да се види точакот прво. Рамката, тркалата и останато... Исто многу голема мана на истите е то шо имет интегрирана кочница и шифтер, дали е ви-брејк или механички диск, типот на средна осовина... Сите евтини групи ко Турнеј и останати да не набројувам кога сакаш да надоградиш повлекуваат верижно повеќе делови кои треба да се сменат. Можно е и да се поминит со преден/заден менувач и нова касета ако постоечката е истрошена, евентуално и синџир, на постариве модели Шимано Алтус М310 и Ацера М360.
Добри групи се наоѓаат сеуште со прифатлив буџет, ко на пример Алтус М2000/М2010, Аливио М3100, Аливио М3120, M4000 истиве се сосема солидни но нудат 3х9 2х9... Исто така добра половна варијанта ако начекаш таква група ти е Деоре М6000 која е 2х10, но треба да се земит во предвид дали фрихабот назад е комаптибилен со 10ка касета... Опции имаш, овие не се кизнајт колку скапи се во некој ранг на нормален буџет, но само ти можиш да знајш колку си спремен да потрошиш.
Сума сумарум, најдобро е да се видат точаците и после то да се напрајт промена или надоградба врз основа на рамката и компонентите кои располага, во согласно со буџетот кој планираш да го потрошиш.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590
Здраво дечки. Размислувам помеѓу два велосипеди: KROSS LEVEL 4.0 и Cube Aim Race 2020
Дали има искуство некој со овие два модели и што би ме советувале
Дали за таа цена има некоја подобра опција (само да не биде на старо)?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177

Кросот има подобра опрема, за тие пари нема подобар.
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
17
Дечки од каде купувате шорцеви со перниче, препорака некоја

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
17
Aliexpress или Ebay.Таму ти се најевтини.
Разгледував и таму само не знам со целава ситуација како одат пратките. Може да се нарача еден пар за проба. Фала на инфо
Поздрав

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.072
Поени од реакции
4.567
Разгледував и таму само не знам со целава ситуација како одат пратките. Може да се нарача еден пар за проба. Фала на инфо
Поздрав

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Колку што знам пратките од странство си стигнуваат без проблем бидејки карго авионите си работат независно од пандемијава.Само патничкиот авионски превоз е во мирување.
 
Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.451
Поени од реакции
5.417
Колку што знам пратките од странство си стигнуваат без проблем бидејки карго авионите си работат независно од пандемијава.Само патничкиот авионски превоз е во мирување.
Паузирани се, т.е у Турска се допрени дезинфекцие ова она и дел по дел пуштаат, многу каснат... Ја имам 20 пратки од февруари наваму уште нема ништо стигнато.

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
152
Поени од реакции
154
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Дечки едно прашање, овие навлаките за седиште со гел бркаат ли работа?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom