Општи вело муабети, прашања, совети

Дискусија во форумот 'Велосипедизам' започната од Anonymus1, 2 јули 2005.

  1. choker

    choker

    Член од:
    24 ноември 2013
    Мислења:
    143
    Допаѓања:
    117
  2. D_T

    D_T Чорбаџи Димко

    Член од:
    8 март 2009
    Мислења:
    2.010
    Допаѓања:
    1.516
    Рокхопер, одлично моделче и бренд (y)
    За да си намалиш 5500 ден од буџетот види го и овој https://pro-sport.com.mk/product/gt-bikes/avalanche-comp/ со подобра опрема од Рокхоперот.
    За жал, во поново време,отприлика, на нов велосипед +- толку се плаќа само за основна опрема каде и да побараш по продавниците. Многу пати е правен муабетот тука дека повеќе се исплати за тие пари да си земеш половен со ТОП опрема, но ти си знаеш. Единствено добро што добиваш со купување на нов велосипед е гаранцијата - ти си првиот газда и почнуваш од нула. За останатото, дискутабилно е колку време ќе те служат деловите (пренос, менувачи, шифтер, амортизер, кочници) и нема да ти отворат дополнителни трошоци и нервози, посебно ако се вака entry level... нормално, зависно и од тоа какви ти се плановите и теренот за возење на дотичниот велосипед.
     
    На Rocker05 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sasa Ilic

    Sasa Ilic

    Член од:
    24 август 2016
    Мислења:
    1.148
    Допаѓања:
    1.461
    Колку чинат нови кациги и каде се поефтини?
     
  4. Jordanco djani 1

    Jordanco djani 1

    Член од:
    14 јуни 2018
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    7
    Имаш кациги од 6, но и од 2.000 денари. Јас искрено, зедов од Бит Пазар за 600 денари, потшо не бев при пари
     
    На Sasa Ilic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sasa Ilic

    Sasa Ilic

    Член од:
    24 август 2016
    Мислења:
    1.148
    Допаѓања:
    1.461
    Разни величини имаат?
     
  6. Jordanco djani 1

    Jordanco djani 1

    Член од:
    14 јуни 2018
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    7
    Па од таму кај што зедов, имаше само Л. Добра ми е засега
     
  7. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    67
    Имаш во скоро секоја точкарница.

    Cube и слични брендови во Пробајк, околу 3000.
    Drag во Цикло - Ас, околу 2-2500
    Limar во Бајк Центар, ?
    Alpina во Номад, околу 4-5000...

    Зависи за каква употреба ти е. Ако ти е за лежерно возење и качување, земи си од 3000 +/-.
    Ако ти е за спустови и сериозно возење земи поквалитетна.

    Кацига е нешто на кое што не се штеди.

    Квалитетот се гледа по самата кацига, материјали од кои е направена школката, дебелина и квалитетот на штитниот материјал, квалитетот и конструкцијата на механизамот за штелување, калапите за различни големини...
     
  8. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    271
    Допаѓања:
    381
    Лимар е на попуст во Бајк Маркет/Бајк Центар, на 50%. Се наоѓаат добри кациги од 1700-1800 денари.
     
    На Rocker05 и Sasa Ilic им се допаѓа ова.
  9. Sasa Ilic

    Sasa Ilic

    Член од:
    24 август 2016
    Мислења:
    1.148
    Допаѓања:
    1.461
    Среќни празици другари и другарки велосипедисти, најпрво ви посакувам добро здравје, а потоа многу повеќе извозени километри.

    Дојдов тука да прашам дали има некој искуство со порачување некои работи за велосипед преку али експрес и каков е квалитетот, цената, колку чини шипингот.. (конкретно планирам да нарачам летна облека, држач за бидон и светло за ноќно возење). Поздрав и се најдобро
     
  10. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.342
    Допаѓања:
    1.812
    Среќни празници и на тебе. :) Имам одлично искуство со светла и батерии од алиекспрес, можеш и бидон да нарачаш, такви работи се ок. Но облека не ти препорачувам од таму да земаш.
    Облека или од квалитетниве online продавници или од кај нас од продавнициве некаде, особено ако си ентузијаст и возиш повеќе од 2-3 пати месечно.
     
    На Sasa Ilic и Martinmkd им се допаѓа ова.
  11. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    271
    Допаѓања:
    381
    Да го надополнам @Acohipmk, не ја препорачувам облеката ама дефинитивно отепав 2 пара шорцеви преку две сезони. Ако ти е седиштето идеално наместено, океј се за максимум 2 саата на седло.
    Сега сум на Btwin шорцеви, конкретно Btwin 500. Имам 3 пара, стиснав заби и се убедив дека инвестирам, а не трошам пари и дефинитивно возењето точак ми стана уште поголемо задоволство. :)

    За другите работи и додатоци, слободно нарачувај, само гледај да не бидат тоа карбонски држачи за бидони. Квалитетот е навистина низок, често стигаат и напукнати/скршени. Пластика и/или алуминиум само. :)
     
    На Acohipmk и Sasa Ilic им се допаѓа ова.
  12. Sasa Ilic

    Sasa Ilic

    Член од:
    24 август 2016
    Мислења:
    1.148
    Допаѓања:
    1.461
    2-3 пати летоска возам у седмица, не па месечно :D Мене не ми е проблем у шорцеви и маици да возам како и секогаш, ама глупо ми е кога ке видам велосипедисти рекреативци возат во униформи, мада и мене велосипедот ми е стар. Ама си го терам меракот

    Гледам на Страва некои следачи имаат од Sky марката, затоа и прашав какви се. Инаку 2 саати ретко возам, прво велосипедот ми е стар, друго обожавам да возам долго, освен ако немам време па морам да повозам до кај 10 км.

    Инаку фала и до двајцата за одговорите :D
     
    На Acohipmk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jordanco djani 1

    Jordanco djani 1

    Член од:
    14 јуни 2018
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    7
    Среќни празници и од мене пријатели велосипедисти. Многу извозени тури оваа година. Слободно придружете се на Macedonian Bike Riders од Скопје, заедно да освојуваме дестинации. Спортски поздрав
     
    На Acohipmk и Sasa Ilic им се допаѓа ова.
  14. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.342
    Допаѓања:
    1.812
    Јас сеуште имам од кинеските и сеуште ги користам ако ми се сите други на перење. Не се до толку лоши, особено за парите. Муабетот ми е ако може човек да си дозволи, убаво е од поквалитетните да земе. И јас како и повеќето кога почнував скоро се од алиекспрес нарачував, ама сега имам доволно искуство за да не купувам од таму повторно, особено ако споредам со B-twin, кои имаат одличен квалитет што може да се носи со далеку поскапи брендови. Доста од опремата им е поделена на категории, 100,300,500,700,900. 100 и 300 не нудат некој којзнае каков квалитет ама од 500 па нагоре се одлични.
     
    На Martinmkd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    67
    Среќни празници!

    Имам досега нарачувано доста работи, но не и облека од причина што гледам многу огласи на Sporty Sale и другите групи каде што истите ги препродаваат поради згрешен број.
    За облека најубаво е на лице место да пробаш бидејќи не се сите алишта со исти крој.

    За ситни работи нема проблем, само пред да нарачуваш види колку вкупно нарачки има тој производ, и обавезно читај ги рецензиите. Ако има гледај ги сликите во какви пакувања и состојба пристигнуваат, и дали производот е ист како на сликата.

    За поголеми работи, истото важи како и за ситните, плус можеш да се договориш со продавачот да ја измени декларацијата, со што ќе стави пониска цена за да избегнеш плаќање царина.
     
    На Sasa Ilic му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: