Општи вело муабети, прашања, совети

Дискусија во форумот 'Велосипедизам' започната од Anonymus1, 2 јули 2005.

  1. Zoran55Zoki

    Zoran55Zoki

    Член од:
    9 јули 2012
    Мислења:
    8
    Допаѓања:
    2
    Здраво, Барам совет некој да ми помогне околу виљушката на Biser-Ohrid MTB велосипед. Имам проблем со чукање на виљушката при кочење (напред-назад). Проблемот го гледам во изедени/скршени пластики на средишниот дел од виљушката, внатре во заштитната гума. Прикажани се на сликата и виљушката од велосипедот а и самите изедени/скршени пластики. Не го знам нивното вистинско име (стручен термин а ниту улога) а и самиот тип на виљушка (знам дека е од евтините со федери). Ме интересира за каков тип на виљушка станува збор, како може да ги набавам/најдам тие пластични прстени, како може да го средам проблемот???? Секој совет е добредојден !!!
     

    Прикачени податотеки:

  2. roke mandolina

    roke mandolina

    Член од:
    7 јуни 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    0
    здраво за сите на кајгана форумот, бидејќи сум нов сакам да прашам која големина на Рамка на Роуд (road bike) велосипед би ми одговарала за мојата висина што ј имам? M големина, S големина, L големина итн? Ве молам за помош
     
  3. ficdogg

    ficdogg 221b

    Член од:
    29 септември 2008
    Мислења:
    1.066
    Допаѓања:
    645
    А да пишеше колку си висок?
     
  4. roke mandolina

    roke mandolina

    Член од:
    7 јуни 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    0
    170 santimetri imam visina
     
  5. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    375
    50 или 52 цм должина на top tube, или во превод S големина.
     
  6. roke mandolina

    roke mandolina

    Член од:
    7 јуни 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    0
    а шо е това Top Tube другар? ке можиш да ми објаснеш како да провервам и јас? ке те замолам пиши ми :) фала
     
  7. petrovski.bagi

    petrovski.bagi

    Член од:
    11 август 2013
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    14
    Шипката што иде од седиштето до воланот се вика топ тјуб. Пиши на гугл road bike explained и види слики. :) ти си за S големина од повеќето брендови

    Sent from my SM-G930F using Tapatalk
     
  8. miki_miki

    miki_miki

    Член од:
    8 јуни 2014
    Мислења:
    470
    Допаѓања:
    89
    Drustvo so sto e najdobro da se podmackuva lanecot?nekoj vikaat so nekoj si sprey imalo nekoj vikaat so maslo imalo posebno za prasina posebno za vlazno vreme sto mislite vie I sto koristite
     
  9. umetnikot.

    umetnikot.

    Член од:
    19 февруари 2018
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    3
    Prvo isperi go so famin da bide cist potoa so voda, otkako ke go isperes prebrisi go i ostavi go da se isusi. Najdobro e da se podmackuva so ulje za lanci za tocaci ako nemas takvo togas moze so motorno ulje no so najretka gradacija, po edna kapka na sekoj link, na sekoi 120 - 150 pominati km. se povtoruva postapkata.
     
    На miki_miki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.465
    Допаѓања:
    732
    Во Грција често возат IDEAL велосипеди па да ве прашам дали фирмата IDEAL е грчка и какво мислење имате за велосипедите воопшто.
    --- Споено дупло мислење, 11 јуни 2018 ---
    Некои најпрво земаат четка за заби и со нафта или бензин го чистат целиот ланец и касетата. Откако ќе се исчисти со вода па со сува крпа и следи подмачкување со масло.
     
  11. Rocker05

    Rocker05

    Член од:
    7 јуни 2013
    Мислења:
    107
    Допаѓања:
    65
    Мислам дека се slider sleeves за кои што зборев во минатиот пост. Не го вози во ваква состојба бидејќи можно е да има некој остар агол од пластиката насочен кон телескопот и да ти го гребе како што оди виљушката горе-долу.
    Види ако можеш да најдеш ознака со марката и моделот на виљушката и барај дел по тоа, но за постари модели се сомневам дека лесно ќе најдеш дел.
    Најдобра варијанта ти е да најдеш виљушка на старо, или да го извадиш делот и здравиот од другата страна и да го споредиш и побараш со некој доволно сличен во димензии со кој ќе можеш да ја поправиш.
    --- Споено дупло мислење, 11 јуни 2018 ---
    За надворешно чистење - нафта (не дизел, права нафта). Или цел ќе го ставиш во канче со нафта и ќе го оставиш преку ноќ, или со четка ќе го поминеш надворешно додека не ја добие оригиналната боја и се што е насобрано на него не испадне. Можеш и со Virosol, но сеуште не знам дали има кај нас и каде да се најде.

    За внатрешно чистење мора со degreaser, обавезно да е на база на цитрус. Со вода никако.

    После чистење го оставаш на топло или добро го загреваш за средството/средствата кои што си ги користел комплетно да испарат за да не го контаминираат уљето и да му ја намалат ефикасноста.

    За подмачкување или специјално уље што го има по точкарниците, или уље за ланец на моторна пила. Можеш и со моторно уље за автомобил, но многу лесно и брзо собира ѓубре и бара редовно чистење. Важно е да не биде претенко за да излета брзо од ланецот и да не биде прегусто за да не може да влезе каде што треба.
    Го ставаш капка по капка на секој ролер - најсигурна варијанта и знаеш дека не си испуштил место или си ставил премалку. Го вртиш ланецот неколку минути за да го разработиш и да влезе секаде каде што е потребно и вишокот го бришеш со крпа за да не ти привлекува ѓубре на надворешноста.
     
    Последно уредено: 11 јуни 2018
  12. Bubache

    Bubache

    Член од:
    27 октомври 2015
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    45
    јас ова си го користам 1854055.jpg
     
  13. miki_miki

    miki_miki

    Член од:
    8 јуни 2014
    Мислења:
    470
    Допаѓања:
    89
  14. Bubache

    Bubache

    Член од:
    27 октомври 2015
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    45
    скапо, мислам некаде 800 ден го земав, од вурт продавница патот после охис
     
  15. roke mandolina

    roke mandolina

    Член од:
    7 јуни 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    0
    А што ако земам со М големина на рамка, што ке биде? не е толку голема разликата нели?
     

Сподели преку: