Општи вело муабети, прашања, совети

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Случајно вртев по ФБ и налетав на оваа страна :)
https://lrclubs.com/index.php?route=product/category&path=168_175
Продаваат велосипеди за ниска цена и гледам Free Shipping.
Што мислите за сајтов и дали е можно да е превара.
Поздрав.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Случајно вртев по ФБ и налетав на оваа страна :)
https://lrclubs.com/index.php?route=product/category&path=168_175
Продаваат велосипеди за ниска цена и гледам Free Shipping.
Што мислите за сајтов и дали е можно да е превара.
Поздрав.
ti so mislis ? koj ti dava velosiped za 110$ nov ?

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
ti so mislis ? koj ti dava velosiped za 110$ nov ?

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
Јас доколку нешто мислев немаше да прашам тука. За ефтина цена гледам Роуди затоа ме заинтересира.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас доколку нешто мислев немаше да прашам тука. За ефтина цена гледам Роуди затоа ме заинтересира.
Не зафркавај, на странава роуд со ултегра за 100 и нешто фунти, па само еден STI шифтер кошта повеќе од тоа не па точак со цела група.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Не зафркавај, на странава роуд со ултегра за 100 и нешто фунти, па само еден STI шифтер кошта повеќе од тоа не па точак со цела група.
Се согласувам потполно. Сакав мислење од сите вас, можеби се крадени, премногу изамортизирани итн итн. Дали некој знае што е со странава која продава Роуди 1.200$, а гледам ги намалила до 150$ :)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Има ли некој искуство со пазарење од bike-components.de или bike-discount.de. Колку царина и данок да очекувам, на пример за седиште, плочки и уште некој ситници. Се во вкупна вредност од околу 150 евра
Купувај слободно. Bike-discount ја снабди пола Македонија со делови. На вкупната сума што ќе ја добиеш, делови + шипинг се додава ддв 18% и царина 5%. Ако имаш облека, царината е 22%.
Не праќаат преку DHL Exprees, освен ако ти избереш така. Германската пошта е под DHL, па кога праќаат си стои дека ја праќа DHL, што е сосема нормално затоа што не се работи за DHL Express. Пратките пратени преку DHL си стигаат со нормална пошта кај нас и не се наплаќаат никакви скриени трошоци и лежарини. Пратките преку DHL стигаат за помалку од една недела така да нема никаква потреба од DHL Express освен ако не ти е прашање на живот и смрт за некој дел. :)[DOUBLEPOST=1525796353][/DOUBLEPOST]
Се согласувам потполно. Сакав мислење од сите вас, можеби се крадени, премногу изамортизирани итн итн. Дали некој знае што е со странава која продава Роуди 1.200$, а гледам ги намалила до 150$ :)
Излегоа доста вакви страни во последно време. Пример има најмалку дузина страни што продаваат Scott велосипеди со цени под 100 евра а кои се со реални цени од 5000+ евра.
Од Scott мораа да излезат со соопштенија затоа што глуп народ се пали, па нарачува и после кукаат на сите страни. Се работи за измами.
 
Последно уредено:
T

Terroir

Гостин
Стравата ме зафркава цело време, фалат делови (км) од возењето. Имал некој ваков проблем и ако да, како го решил истиот ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Стравата ме зафркава цело време, фалат делови (км) од возењето. Имал некој ваков проблем и ако да, како го решил истиот ?
Со друга апликација ти прави ли исто? Чисто да си провериш дали е до страва или до телефонот.
Пробај со wahoo fitness, јас таа ја користам затоа што можам да ги врзам сензорите со неа, со страва јок.
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Стравата ме зафркава цело време, фалат делови (км) од возењето. Имал некој ваков проблем и ако да, како го решил истиот ?
Најчесто е до подесувањата во телефонот и рестрикциите. Провери во рестрикциите на телефонот и подесувањата за GPS.
 
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
89
Стравата ме зафркава цело време, фалат делови (км) од возењето. Имал некој ваков проблем и ако да, како го решил истиот ?
Ја лично користам Sport tracker и немам воопшто проблем, најд 100 км возење го регистрира , значи не пријавила досега никаков проблем ... А тоа со Strava проблемот што фалат КМ го имам слушано и од други велосипедисти кои ја користат, исто и на нив им фалат километри, не запаишува се Strava-ta незнам оти. Пробај со оваа што ја користам ја , Sport Tracker...ја имаш бесплатно на Play Store :)
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Стравата ме зафркава цело време, фалат делови (км) од возењето. Имал некој ваков проблем и ако да, како го решил истиот ?
Можно е да е резултат од губење на GPS сигнал на некои места. Поготово ако ја користиш на постар уред.
 
T

Terroir

Гостин
Можно е да е резултат од губење на GPS сигнал на некои места. Поготово ако ја користиш на постар уред.
Не е постар уред напротив..
И порано си работеше се како што треба, сега после последниов апдејт на софтверот (не сум сигурен дали е само случајно поклопување на тајмингот) почна да зафркава

А може и нај паметно е да го земам ова. Има некој забележано вакво нешто во нашиве продавници ? Да не чекам преку нет и да се замарам со ддв/царини
https://www.amazon.com/Bryton-Rider-GPS-Cycling-Computer/dp/B074QGYFTQ/ref=pd_sbs_468_5?_encoding=UTF8&pd_rd_i=B074QGYFTQ&pd_rd_r=D04BWN0RH0BXM2BY2BW8&pd_rd_w=1xf4i&pd_rd_wg=Vj4pu&refRID=D04BWN0RH0BXM2BY2BW8
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Не е постар уред напротив..
И порано си работеше се како што треба, сега после последниов апдејт на софтверот (не сум сигурен дали е само случајно поклопување на тајмингот) почна да зафркава

А може и нај паметно е да го земам ова. Има некој забележано вакво нешто во нашиве продавници ? Да не чекам преку нет и да се замарам со ддв/царини
https://www.amazon.com/Bryton-Rider-GPS-Cycling-Computer/dp/B074QGYFTQ/ref=pd_sbs_468_5?_encoding=UTF8&pd_rd_i=B074QGYFTQ&pd_rd_r=D04BWN0RH0BXM2BY2BW8&pd_rd_w=1xf4i&pd_rd_wg=Vj4pu&refRID=D04BWN0RH0BXM2BY2BW8
Со модерниве телефони да се фрлат пари на гпс уред е малку безвезе, поготово кога можеш истите сензори да ги врзеш на тел. Купи или направи mount за на телефонот ќе имаш уште подобар сигнал на гпс. Ама сепак провери си дали имаш и некои battery saver опции вклучено.
 
Да ставам телефон од 500+ евра на моунт ми е некако ризично ако веќе имам слична опција за “мерење“ за 50тина евра, плус нема да трошам батерија при долги вожњи

Инаку да batery saver имав уклучено, веројатно тоа бил проблемот
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.348
Aбе јас пред некоја година за саат од 10-тина долари DHL ме тераа да платам уште 3.000 денари (лежарина, шпедитерски трошоци, царина и што уште не).
Нормално, часовникот не ни требаше да се царини, ама они си се во некаква бизнис релација и љубов со цариниците - па мислам дека се' што пристигнува преку нив се царини (поради трошоците). Поднесов жалба, однесов фактури и на крај одлуката беше: не треба да се плаќа царина, но треба да се плати жалбата (1.500 денари) :))))

Одбегнувајте ги DHL секогаш кога можете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom