zocc
911
- Член од
- 9 мај 2011
- Мислења
- 2.912
- Поени од реакции
- 1.678
Друже, кај нас е таков менталитетот на луѓето, ќе видат Рам (бугарски бренд) и одма - не чини, без разлика на опремата. Ти текнува ?? Ова е еден од факторите кои му ја буткаат цената. Тоа со каталошката опрема нема "благе везе". Секој нормален, на половен (возен) велосипед, кога ќе дотрае некој дел, сигурно би го сменил за подобар, него ли истиот да го купи и врати назад. Ако ти "дреме" по дома или возиш само по улица, нормално дека ќе биде со каталошка опрема.Може да си во право не викам не, додуше го продавам а никаде не е огласен само еднаш тука на форум пишав и толку беше. Не сум член на тоа спортисејл, не е пишан на пазар3 или реклама5 никаде. Ако некој го сака и со оригиналните делови и нив ги чувам, ама новиве се возени дали 1500км смешно е. И со тоа што го продавам секако ке сум во загуба само за кочниците се дадени 30бона. Мислиш некој ќе ми даде приближно до таа цена, нема и не ни очекувам. Го спремав за мене точачево за јас да го возам ама коа се нема време подобро биди во загуба и дај го на некој што ќе ја искористи опремата одколку да ми дреме дома во соба. Годинава го неам ни до продавница возено нема ни 100 метра со него поминато а веќе е април. Па сеа ти види. Не го продавам за да земам нов појак, ќе земам некој градски точак накај партизанец за низ град да се возикам од место А до место Б ништо повеќе. Се нема веќе време како што се имаше порано.
Исто е купен од пробајк точакот, и промената на делови е правена кај нив. Дури ако побарам убаво ништо чудно и сметката и од моменталните делови да ја чувам некаде по дома (ако не сум ја забаталил некаде при селењето)
Плус на пазаров се носат доста јаки половни велосипеди од увоз, за смешни пари и е многу нормално дека тешко ќе се продаде тој половниот Cube за 2.000 ЕУР (горенаведениот пример). Кој би дал толку пари за половен, кога истиот или сличен може да го има од увоз за пола од наведената цена ??