Мислам океј, такви улички се огромен проблем, ги има насекаде во аеродром, посебно во тазе изградените делови.
Во населбата прилично фреквентни улици се во катастрофална состојба, да не зборам за мали улички како таа кај тебе.
Твојот проблем реално засега неколку згради (не дека го релативизирам, да не ме сфатиш погрешно) ама од инфраструктурен план општината на многу повисоко ниво мора да се среди, и секако, да се воспостават правила на игра кои нема да го попречуваат животот на останатите. Бидејќи не се живее од градежни активности. Одамна треба да има мораториум во општинава, ама очигледно тоа ќе стапи на сила се додека сите бараки не се претворат во згради (нови активности се во тек).
Еве раскрсницата кај Блок кафичот. На 100 метри од ОУ Блаже Конески, нити има знаци ко што треба, нит има пешачки. Мислам заебана е улицата не само поради школото во близина и безбедноста на децата, туку и од аспект на возачи (нема скоро никаква сигнализација). Знам карши Блок раскопаа уличка за таа зграда што се праи сеуште, и ископаната дупка ја пополнија верувале или не - СО БЕТОН. Фала богу и тоа скроз аматерски изведено.
Верувам дека комуналните претпријатија не го ни регистрираат тој дел од Аеродром бидејќи (претпоставувам) се свесни дека џабе ќе чистат и средуваат кога веќе наредниот ден тоа се ќе биде пак руинирано од преголемиот обем на градежни активности во целата населба.