Опција:Факултет или работа

Член од
17 август 2011
Мислења
7.221
Поени од реакции
12.128
Жално е што ги имаат спуштено критериумите апла многу на сите факултети на УКИМ, како кинисало кој се запиша тој инженер стана, па после ќе се нафаќаат да работат и за 150-200 евра плата.
Што е најтрагично покрај овие 940 кои слушнале дека програмерите се добро платени, имаш уште толку а може и повеќе запишани на дисперзирани, Климент Охридски, Апостол Павле, Гоце Делчев, приватните универзитети и барем уште пола од тоа на приватни школи за програмирање (Брејнстер, Семос, Сивус, Код Академи...)каде се што промашило професија и се запишало на некој од општествените факултети стана програмер.
Мислам дека е време да се воведат приемни испити и минимален број на поени за прием на факултет и да се зголеми контролата на приватните универзитети и школи, оти со ова темпо и на умрените ќе им дадат дипломи.
Зашто? Ко што глеам има огромна потреба за кадар, речиси сите што имаат завршено факултет се вработени(дури и оние без). Нели е попаметно некој да ги прочешла 1000 студенти кој ќе завршат бизнис менаџмент или туризам и ќе работат бог знае каде?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
10.401
Поени од реакции
20.830
Жално е што си веб девелоперче и му гори под нозе зошто луѓево почнуваат да сфаќаат колку е смешна и преплатена работата на "фул стек риект/енгулар/ларавел нинџа" програмерите низ Македонија (а и низ светот).

Програмирање во рамките на enterprise срање апликации е copy/paste код 99% од времето и разменување по некоја реченица со клиентот.

Ми се полни душава со радост кога луѓе што се сјебале и оставиле живот на факултет доаѓаат на работа и им командува некој што не знае ниту една структура покомплексна од низа. :)

А кариера како програмер генерално е невиден пекол, посебно ако работиш во македонска фирма опкружен со напатени провинцијалци што би убиле човек за да си ја задржат работата. За некоја година најатрактивна струка ќе биде CEO на "програмерска" фирма. Маркетот ќе биде толку начукан со провинцијалци програмери што се дојдени во Скопје, што ќе можеш да си бираш од 200 луѓе по интервју (и да го бираш најдобриот да работи за 150 евра, додека ти земаш по 15 евра по проект од саат :))
Ама погоди што сум алал да ти е ;)[DOUBLEPOST=1543919379][/DOUBLEPOST]
Зашто? Ко што глеам има огромна потреба за кадар, речиси сите што имаат завршено факултет се вработени(дури и оние без). Нели е попаметно некој да ги прочешла 1000 студенти кој ќе завршат бизнис менаџмент или туризам и ќе работат бог знае каде?
Јас ако се прашувам нема ни 10% од тие запишаните дудуци да завршат факултет, во државава секоја будала е со факс и мастер.
 
fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
29
па пиши што работиш де, и колку од продуктивното време ти е поминато на стек оверфлоу.

99% од "програмерската" работа во македонија може да се научи да се работи (шаблонски) по 2 месеца обука, и не е ни чудо што секој втор запишува курсеви. Преплатени, преарогантни, преамбициозни, пренапатени, идеална почва за жнеење 150 евраши (и тоа можеш да ги ротираш и да ги фрлаш кога нема да ти требаат) :)
 
Доста тресеш глупости. Просечна програмерска плата во Македонија е 1000 евра, над 2 пати од просечната.[DOUBLEPOST=1543935689][/DOUBLEPOST]
Ама погоди што сум алал да ти е ;)[DOUBLEPOST=1543919379][/DOUBLEPOST]
Јас ако се прашувам нема ни 10% од тие запишаните дудуци да завршат факултет, во државава секоја будала е со факс и мастер.
На крајот на денот не мења и 10000 да се запишат, на своја одговорност си трошат време и пари што нема да им користат ништо ако не научат. Факултетот ти е само за да добиеш повеќе шанса за работа.
 
fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
29
Доста тресеш глупости. Просечна програмерска плата во Македонија е 1000 евра, над 2 пати од просечната.[DOUBLEPOST=1543935689][/DOUBLEPOST]
На крајот на денот не мења и 10000 да се запишат, на своја одговорност си трошат време и пари што нема да им користат ништо ако не научат. Факултетот ти е само за да добиеш повеќе шанса за работа.
Кои глупости? Јас можам кон 5-6 луѓе од лично исуство да те посочам што работат веќе година-две за 200-250 евра плата.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.915
Поени од реакции
40.067
Сигурно ќе можат од 200 пријавени да си го изберат најдобриот што ќе работи за 150 евра. Мисли си. :icon_lol:
Тие 5-6 ако навистина ги има и после две години земаат таква плата нека се фрлат во Вардар.
 
fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
29
нема што да се мислам, лично имам интервју правено на прилично спремни дечки што црнчеа за без пари првите 3-4 месеци без ниеден денар исплатен (ова на прилично голем sample од студенти), потоа почнаа за 200 евра да работат.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.654
Поени од реакции
1.356
Без факултет не си осуден да работиш едно исто, туку баш многу повеќе.
Можеш и 200 работни места да промениш, исто ти се фаќа, на исто ниво си од прв до последен ден, платата е таа и немаш можност за напредок, едноставно си осуден тоа да го работиш, и за толку.
Кога имаш факултетска диплома, имаш многу повеќе предности во животот, и постојано си во трка за повисоки и поплатени работни позиции, едноставно ја немаш таа рампа шо те кочи за да можеш да напреднуваш. Дипломата нема рок на траење, таа ти е за цел живот..
- 4 години рмбајтен(во замена за факултет) нема никого да го направат побогат, запишете факултет и не си играјте, разликата после тоа евидентна.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.915
Поени од реакции
40.067
нема што да се мислам, лично имам интервју правено на прилично спремни дечки што црнчеа за без пари првите 3-4 месеци без ниеден денар исплатен (ова на прилично голем sample од студенти), потоа почнаа за 200 евра да работат.
Ако биле толку спремни немало да го направат најлошиот избор. На некои без искуство и никаква пракса може да им се понуди неплатена пракса и толкава плата после неколку месеци, ама мислам дека сега и на таквите им е покачена и колку и да ги има нема да се симне на 150 евра како што мислиш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.221
Поени од реакции
12.128
Кои глупости? Јас можам кон 5-6 луѓе од лично исуство да те посочам што работат веќе година-две за 200-250 евра плата.
Не знам колега програмер од факултет што зема помалце од 500 евра. Со оглед на годините немаат поише од 2 години работно искуство. Затоа има државна статистика во која просечна плата во ИТ секторот е 1000 евра, да не се држиме до рекла казала муабети.
И едно е да работиш 3 месеци неплатено ако појма немаш, ама ако останеш неук цел живот нема да мрднеш од 200 евра.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
10.401
Поени од реакции
20.830
Доста тресеш глупости. Просечна програмерска плата во Македонија е 1000 евра, над 2 пати од просечната.[DOUBLEPOST=1543935689][/DOUBLEPOST]
На крајот на денот не мења и 10000 да се запишат, на своја одговорност си трошат време и пари што нема да им користат ништо ако не научат. Факултетот ти е само за да добиеш повеќе шанса за работа.
Менува, квалитетот на образованието е на најмизерно ниво што може да биде, покрај сувото гори и суровото, имаш околина каде не се замараат ниту студентите ниту професорите. Без разлика дали се приватни или државни универзитети се е станато бизнис, гледаат само бројка колку ќе се запишат и да не бидат „лошите чичковци“ колку ќе завршат, бубица систем ти е поголемиот дел од предметите.
 
fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
29
просечна плата е 1000 зошто има луѓе со 10 години искуство што земаат по 3-4к, не заради тоа што просечниот вработен во ИТ сектор зема 1000. Колку што гледам ти пишуваш во темана за ФЕИТ, и тоа не го сметам за просечен почетник, таму ти се најамбициозните луѓе (што уствари учат, и затоа и имаат по 500 евра плата) и не е ни чудно што напреднуваат, ама не ти треба некој опасен напредок да правиш WP сајтови (да речеме со курс од бреинстер).

Зошто би вработувал некој од ФЕИТ кога ме боли кур дали знае за фуриеви тарнсформации, кога можам да запослам дечак од бреинстер што куца просечен код и си ја врши работата (поврзува апи и манипулира со елементи, а е свесен дека можам да го малтретирам колку сакам зошто нема диплома од факс)?

@milan под спремен подразбирам to-do апликација или некој сличен мал проект, не да решава DP проблеми од codeforces. А "добар избор" нема во први неколку години од работа, зошто немаш ни некој опасен избор.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.221
Поени од реакции
12.128
Зошто би вработувал некој од ФЕИТ кога ме боли кур дали знае за фуриеви тарнсформации, кога можам да запослам дечак од бреинстер што куца просечен код и си ја врши работата (поврзува апи и манипулира со елементи, а е свесен дека можам да го малтретирам колку сакам зошто нема диплома од факс)?
Класично размислување на македонски газда:icon_lol: Сва среќа грото од фирмите тука се странски, па го разбираат пазарот на понуда и побарувачка на работна сила. Факсот ти помага до одреден степен, ама дека ќе малтретираш некој без факс а што си ја знае работата во ИТ секторот тешко. Прашање е и во кој било сектор освен администрација дали е така.

Тоа што си го објаснил во првиот пасос, тоа е просек. Истиот принцип е и кај молери и кај банкари и тн.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.069
Кои глупости? Јас можам кон 5-6 луѓе од лично исуство да те посочам што работат веќе година-две за 200-250 евра плата.
Значи твојот програмерски круг е луѓе со 200 до 250е плата и мислиш дека голем дел од нив земаат толкава плата.
Почетна плата зависи од фирма до фирма и можност за напредок. Реално додека немаш над 5 години искуство, најголемо покачување се добива ако смениш фирма.
Првите 2 години 250 до 300е, вторите 2 500 до 700е и после над 1000е.
Затоа и не се чуди, кога некој што зема 300е плата планира да смени фирма тоа е нормално.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.743
Поени од реакции
13.928
Можеш и 200 работни места да промениш, исто ти се фаќа, на исто ниво си од прв до последен ден, платата е таа и немаш можност за напредок, едноставно си осуден тоа да го работиш, и за толку.
Кога имаш факултетска диплома, имаш многу повеќе предности во животот, и постојано си во трка за повисоки и поплатени работни позиции, едноставно ја немаш таа рампа шо те кочи за да можеш да напреднуваш. Дипломата нема рок на траење, таа ти е за цел живот..
- 4 години рмбајтен(во замена за факултет) нема никого да го направат побогат, запишете факултет и не си играјте, разликата после тоа евидентна.
Факултет да ама да знаеш дека истиот ќе ти користи и лесно ќе дојдеш со него до работа.Трошење време на глупи факултети и џабе фрлени пари е промашена работа и подобро за тие 4 години да си работел вака ќе треба дури на 23 години да го имаш првиот работен ден а не си на струка шо верувам дека е заебано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom