Оптички интернет во цела Македонија

Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Ме интересираше дали е можно во догледно време Телеком да ја смени својата застарена АДСЛ технологија со оптички кабли, со што би добиле пристап сите до оптички интернет (вклучувајќи ги и помалите градови и селата). Постоечката адсл технологија на Телеком https://www.telekom.mk/call-surf-paketi.nspx највеќе што може да обезбеди е 12Мб/с и 736кб/с ???? за уплоад, а цената му е 2000 денари за паќет со тел, како што можете да видете од линкот. Сметам дека тел кабли се застарени и не соодвестува со времето во кое живееме и такви брзини се смеќни во време на оптички интернет и клауд технологија, пробајте нешто поголемо да прикачете со брзина од 768кб/с или недај боже да направите бекап. Сега МКД е мала земја но без оглед таа инвестиција би чинела многу, но е исплатлива на долг рок и ако Телеком нема волја или не е способен да направи промена на фибер, да му се даде концесија на некоја друга фирма која ќе ја издава архитектурата на други провајдери. Ме интересира вашето мислење на оваа тема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Повеќе од очигледно е дека не си баш најдобро запознаен(а) со техничките можности на DSL телекомуникациските линии, а уште помалку со оптичките телекомуникациски мрежи.

За почеток, DSL телекомуникациските линии можат да остварат Интернет брзини и над 12 мегабита во секунда, но технички тоа не е исплатливо бидејќи опремата ќе се прегрева и ќе се расипува пребрзо. Истото важи и за кабелскиот Интернет, но бидејќи кабелските телевизиски оператори како поранешен Кејблтел/Близо, односно сегашен Вип ТВ, неодамна инвестираа во понова и посовремена опрема, постојано ги зголемуваат брзините на кабелскиот Интернет, наспроти телекомуникациските оператори како Македонски Телеком, кои нудат Интернет преку DSL линија, а кои не се толку брзи во инвестирање во понова и посовремена DSL опрема.

Во случајот со Македонски Телеком, повеќе од очигледно е дека компанијата не планира да инвестира во понова и посовремена DSL опрема, бидејќи оптичката телекомуникациска мрежа им е приоритет. Но сепак Македонски Телеком планира да ја задржи и постоечката бакарна телекомуникациска мрежа за да ја изнајмува истата на други телекомуникациски оператори, како Неотел на пример, на кого исто така му ја изнајмува и својата нова оптичка телекомуникациска мрежа.

Понатаму, Македонски Телеком на свој трошок инвестира во оптичка телекомуникациска мрежа во сите населени места во Македонија каде што жителите ќе изразат интерес за пристап до таквата телекомуникациска мрежа, ова не е прашање на концесија, туку на приватна инвестиција за која ти како веќе постоечки или потенцијален корисник, треба да поднесеш барање.

Вообичаено на техничките екипи на Македонски Телеком им се потребни 3 до 5 работни дена за да ја испитаат техничката можност за тоа дали е изводливо поставување на бакарен или оптички приклучок на локацијата на која живееш и/или работиш, а ако техничката можност е изводлива, потребни се отприлика уште 3 до 5 работни дена за да го поврзат твојот дом и/или твоето работно место со бакарната телекомуникациска мрежа преку DSL линија, или со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

За техничките можности околу достапноста на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком ќе мораш да се информираш подетално во најблискиот салон на Македонски Телеком, или во некој од нивните центри за техничка поддршка.

А кога сме кај достапноста на оптичкиот Интернет во цела Македонија, очигледно не си добро запознаен(а) со деликатноста на оптичките влакна и оптичкиот систем на трансфер на податоци.

Добредојден(а) си да се информираш подетално кај компании како Кабтел, кои организираат курсеви за обучување на техничари за работа со оптички кабли, па да се информираш подетално за скапата опрема и не баш едноставните процедури на сечење, лепење и поврзување на оптичките кабли, кои не се поврзуваат како бакарните кабли - врзи ги двата краја во чвор и залепи ги со изолир трака, туку мораат да се поврзат под прав агол и не смеат да се виткаат под агол од 90 степени или повеќе, туку сосема спротивно - колку помалку се виткаат, толку подобар ќе биде оптичкиот сигнал.

http://www.kabtel.mk/mk/education.html

Откако ќе се запознаеш подетално со не баш едноставната и не баш лесната за проширување и за одржување архитектура на оптичките телекомуникациски мрежи, ќе ти стане повеќе од јасно зошто држава која изобилува со планини и котлини како Македонија, не е баш лесен терен за брзо и експресно покривање со оптичка телекомуникациска мрежа.

Само во Скопје ги има барем 3 компании кои ја прошируваат и ја одржуваат оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - Фибернет МК, Овернет и Жикол, а сигурно ги има и многу други, кои и покрај сите средства кои ги имаат на располагање, сепак не можат брзо и експресно да покријат еден град, а уште помалку па цела држава.

Ова се должи претежно на самиот факт дека во Скопје владее хаос во урбаното планирање, односно бидејќи секој гради кога и каде ќе му текне, улиците вријат од дупки и застарена инфраструктура, а тротоари речиси нема во некои населени места, што само дополнително ја отежнува работата на техничките екипи на терен кои мораат прво да ги ископаат улиците или пешачките патеки за да ги пуштат под нив цевките низ кои допрва ќе ги пуштаат цревата, а пред тоа да ги закопаат цевките и да го израмнат теренот каков што бил пред да го раскопаат, па дури потоа низ истите тие црева да ги пуштат оптичките кабли, кои не се ни малку лесни за поврзување. А изградбата на домашната оптичка телекомуникациска инфраструктура во станбените и деловните згради доаѓа дури на крај како шлаг врз тортата.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Da da sosema ubavo objasni samo znaev od nekoi videa na YT kako Linus sto se deka treba da ima pojacuvaci na sekoi nz kolku km da se odrzi kvalitetot na optickiot signal ili taka nesto. No dobro ke si cekame da dojde optickiot kabel i kaj nas a dotogas ke se macime so ova bakarot. Nauceni sme nie Makedoncite na ova veke, ke istrpime nekako.
 
Можеш да се префрлиш на Вип, и нивната кабелска мрежа е бакарна и нуди кабелски Интернет преку коаксијален кабел со многу поголеми брзини наспроти DSL Интернетот на Македонски Телеком.

Или можете да соберете што е можно повеќе потписи од жители кои живеете на иста улица или уште подобро - во иста населба, колку повеќе - толку подобро, и секој од вас да поднесе индивидуално барање до Македонски Телеком за поврзување со нивната оптичка телекомуникациска мрежа.

Можат да ги одбијат барањата на неколку десетици жители поради немање техничка можност, но ако неколку стотици жители на иста улица, или уште подобро - во иста населба - поднесат барања за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш ќе мораат да одобрат проширување на оптичката телекомуникациска мрежа и кон вашата улица, односно кон вашата населба.

Освен ако си подготвен на своја сметка да изградиш локална оптичка телекомуникациска мрежа во твојата улица и да им го отстапиш нејзиното одржување на Македонски Телеком, како и поврзувањето на твојата локална оптичка телекомуникациска мрежа со нивната оптичка телекомуникациска мрежа. Ако го направиш тоа, сигурно ќе бидеш првиот приватен локален инвеститор кој им ги скратил значително маките на Македонски Телеком и им ја олеснил работата за неколку милиони евра.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Da da sosema ubavo objasni samo znaev od nekoi videa na YT kako Linus sto se deka treba da ima pojacuvaci na sekoi nz kolku km da se odrzi kvalitetot na optickiot signal ili taka nesto. No dobro ke si cekame da dojde optickiot kabel i kaj nas a dotogas ke se macime so ova bakarot. Nauceni sme nie Makedoncite na ova veke, ke istrpime nekako.
батали телеком приклучи се на близу имаш фантастични брзини и неограничен нет за поефтини цени од овие, освен ако не ти се само тие нема логика да останеш приклучен кај нив
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
http://www.vip.mk/internet/tarifi
Blizu se VIP neli otidov kaj niv i mi vikaat nema moznost i im pisuva tamu na stranata so asteriks *Во реоните со LAN покриеност максималната брзина изнесува 60 Mbps. i koga otidov mi vikaat ne vazi toa mozes samo Lite paket da zemes so 10Mb/s a cenata pogolema od ovoj so 100Mb/s i im vikam jas zosto ste pisale 60Mb/s i oni ne znaat da mi odgovorata
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
@Dexter26

Уште да кажеше дека сплајсувањето на оптика не е ракетна наука, туку дека се врши со скапа мобилна опрема голема како кутија за чевли. И е претежно лесно, само ти треба трпеливост.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
@Dexter26

Уште да кажеше дека сплајсувањето на оптика не е ракетна наука, туку дека се врши со скапа мобилна опрема голема како кутија за чевли. И е претежно лесно, само ти треба трпеливост.
Точно, гола вода е кај крајниот корисник, ама алатот не е баш евтин, барем за мојот џеб лично. Но оптичките кабли треба да поминат долг пат додека да пристигнат кај крајниот корисник, а и опремата потребна за таквото поврзување на каблите низ истиот тој долг пат не е баш евтина.

Но Македонски Телеком поминува низ трансформација изминативе 4 години, а целта на таа трансформација е отпуштање на што е можно повеќе вработени во одделите за техничка поддршка.

Веќе во некои региони низ Македонија, како што се Дебар и Струга, нема повеќе вработени на Македонски Телеком во одделите за техничка поддршка, туку телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком ја одржуваат локални приватни фирми.

Еве го најновиот пример.

https://www.nabavki.telekom.mk/default.aspx?idpage=57&IDTender=79

Преглед на тендери
Информации
Име на тенедер:
Барање за изразување на интерес Бр.КЈВ 2207/2016
Дата на објавување на тендер: 22.07.2016 00:00
Краен рок за поднесување на понуда: 31.08.2016 00:00
Превземи документ: Превземи документ
Предмет:
Продажба на следните недвижности во сопственост на Македонски Телеком АД – Скопје:
1. Комплекс Маџари во Скопје
– локација ул. Перо Наков бб, вкупна квадратура 8637 м2
2. Одморалиште во Дојран - локација ул. Маршал Тито, Стар Дојран, вкупна квадратура 894 м2
3. Одморалиште во Пелистер - локација Лозје, Магарево (Пелистер), вкупна квадратура 368 м2
4. Одморалиште Маврови Анови – локација Маврови Анови , вкупна квадратура 1676 м2
5. Деловен објект во Струга - локација ул. Маршал Тито број 1 – Б4, вкупна квадартура 87 м2
6. Административно технолошки објект во Виница - локација ул. Браќа Миладинови број 11, вкупна квадратура 571 м2
7. Административно технолошки објект во Делчево – локација ул. М.Милевски Брицо бб, вкупна квадратура 513 м2
8. Административно технолошки објект во Велес – локација ул. Благој Ѓорев број 1, вкупна квадратура 2380 м2
9. Објект Суви Лаки локација Суви Лаки, вкупна квадратура 30 м2
10. Стопански двор Кленоец – локација Кленоец бб , вкупна квадратура 501 м2

Откако Македонски Телеком потпиша партнерски договор со Ериксон летото 2016, од јули 2016 па наваму Ериксон е задолжен за проширување и одржување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Во регионите каде што Македонски Телеком ги продава административно-технолошките објекти нема повеќе вработени на Македонски Телеком во одделите за техничка поддршка, туку телекомуникациската мрежа во тие населени места ја одржува Ериксон или некоја локална фирма ангажирана од Ериксон. Можеби телефонскиот оператор на кого ќе му пријавиш дефект работи за Македонски Телеком, но мајсторите кои ќе дојдат за да го отстранат дефектот работат за некоја локална фирма ангажирана од Ериксон.

Ова за продажба на комплекс Маџари не знам за што станува збор, но чаршиските муабети во фирмите кои ја одржуваат телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком, а кои се ангажирани од Ериксон, се` дека Македонски Телеком планира да ги спои одделот за техничка поддршка од Сингелиќ, Ченто и Маџари, со одделот за техничка поддршка од Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Визбегово, Скопје Север, односно Скопска Црна Гора.

Ова во превод значи дека ако си корисник на услугите на Македонски Телеком во Сингелиќ, Ченто, Маџари, Хиподром, Илинден и останатите населби од тој реон, ќе мораш да одиш дури до центарот за техничка поддршка на Македонски Телеком во Чаир за да ти заменат неисправен рутер или рисивер, наместо во центарот за техничка поддршка во Сингелиќ како што е сега, освен ако планираш да ги чекаш екипите за техничка поддршка кои поради преоптовареност со работа, можеби ќе дојдат дури после неколку недели. Ова сепак е чаршиски муабет, но огласот за продажба на комплексот во Маџари му дава смисла на ваквиот чаршиски муабет.

Повеќе од очигледно е дека планираат да им натоварат што е можно повеќе работни обврски на вработените во техничка поддршка за да им оневозможат да работат брзо и ефикасно, а сето тоа со цел да имаат оправдание зошто да ги отпуштат и да му го препуштат на Ериксон целосното одржување на телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком.

За жал, токму како резултат на македонската анти-инфраструктура која владее низ улиците и патиштата, како и благодарејќи на ваквата трансформација на Македонски Телеком, проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа се одвива со бавна брзина и тешко дека ќе се забрза во блиска иднина.

Но тука е и слабата заинтересираност кај корисниците - колку повеќе постоечки корисници или идни корисници ќе поднесат барања за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, толку побрзо ќе бидат поврзани, во спротивно нема да бидат приоритет.

Еве баш во мојата населба Фибернет МК - ангажиран од Ериксон - ги раскопа улиците и тротоарите минатово лето 2016 и ги пушти оптичките кабли, започнаа некаде кон крајот на јуни 2016, а завршија кон крајот на август 2016.

Конкретно за Фибернет МК, морам да ги пофалам дека се брзи со пуштањето на цевките и цревата, ако не истиот ден кога ќе го/ја раскопаат тротоарот/улицата, тогаш веќе наредниот ден завршуваат и го/ја оставаат тротоарот/улицата ист(а) каков/каква што бил(а) пред да го/ја раскопаат, ако не и подобро - па морам да ги пофалам дека во мојата населба дури и почист го оставија тротоарот, останаа траги на нечист тротоар таму каде што не копаа, таму каде што копаа остана чист тротоар цел месец, а целата работа на тротоар по должина од половина километар или километар ја завршуваат за помалку од 48 часа. Е сега, на улица секако дека им е потешко, бидејќи мораат да остават достапен премин за возилата, па таму вообичаено ја завршуваат работата за 3 дена, односно за 72 часа.

Но и покрај тоа што речиси целата населба ја покрија со оптичка телекомуникациска мрежа и речиси сите станбени и деловни објекти сега се приклучени на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, токму во мојата зграда - која е голема, ги има над 10 ката и над 50 станови - поради слаб интерес, оптичкиот кабел си дреме надвор пред влез, без ормар и не делува како да ќе биде поврзана зградата со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во блиска иднина, од наједноставна причина - станарите не сакаат да плаќаат поскапи месечни сметки за фиксен телефон, Интернет и телевизија.

За волја на вистината, и јас не сум заинтересиран за оптичките телекомуникациски услуги на Македонски Телеком, токму поради високите цени. Имам задоволителна телевизиска, телефонска и Интернет услуга од Вип, односно поранешен Кејблтел/Близо, начекав посебна понуда за претплата и тоа без обврзувачки договор неколку недели пред да ги спојат Вип, Оне и Близо и засега сум задоволен, а бидејќи ја начекав посебната понуда без обврзувачки договор, можам да го баталам Вип кога сакам.

Но откако Иво Ивановски си ја заработи својата нова работна позиција како директор на Вип, односно Телеком Австрија во Бугарија, со тоа што успеа да издејствува нелегално да се спојат Вип и Оне - што е во целост спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, од телекомуникациски триопол се уназадивме кон телекомуникациски дуопол и сега не` дупат во здрав мозок со повисоки цени за истата услуга.
 
Последно уредено:
S

Sukhoi

Гостин
Не знам како е во Скопје, но во Куманово, К-Нет почна пред некое време да инсталира оптика до дома. Инаку мрежата им е metro-ethernet. Оптика се влече до главните јазли на улиците, и после ethernet кабли за интернет, коаксијален за кабловска.
Но сега со новите пакети, оптиката е до дома .
За 1250 денари неограничен интернет 50/50 и 120 дигитални канали. И така никој не користи фиксна, таа не е потребна. Интернетот оди преку Неотел, и можам да кажам дека имаат најдобар пинг спрема надвор и констатни брзини.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

kolku e download/upload realna brzina, ne teoretska od kompanijata tuku tvoja
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Tuka si vo pravo i kaj mene stanarite se postari ili nekoi deca koi nemaat potreba od pobrz internet i simetricen upload i kolku da se trudis da im objasnis prednostite ne sfakaat, podobro im e da plakaat 2000 den za 12Mb na telekom duri i poveke so MaxTv otkolku da stavat optika koja bi trebalo da bide mnogu pobrza za tie pari, no koga ima infrastruktura moze i drugi operatori da ja koristat odnosno da ja iznajmuvaat pa taka mozebi i VIP i nekoi od kabelskite operatori moze da ja koristi i da nudi podobri brzini tuku Dexter znaes li dali kaj optikata ima dedicated line kako kaj DLS ili e kako kaj kabelskite koeksijalnite kable delenje na linija i opaganje na brzinata i pingot koga ima mnogu prikluceni.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.563
@dace@mkd и тоа време се ближи, вака функционираат веќе голем дел од европските земји, а нашиве сакајќи да ископираат направија еден рандом член во закон за легализација на бесправно изградени објекти со што државата сака да ја национализира целокупната инфраструктура, па сите тие црева кои се изградени без документ што ти ги објаснува Dexter, ќе припаднат на државата, а операторот што ги пуштал ќе го легализира само кабелот што минува низ нив.
Само има еден мал проблем, македончето како што е неспособно на државен план, ќе успее да ја уништи и таа направената инфраструктура кога ќе премине под државата, бидејќи додека има приватник што стопанисува, нештото функционира, кога е под државата се е оставено на божја волја.
Инаку не е скапиот дел само во градење на оптичката мрежа, туку поскапо е одржувањето на истата, при дефект за да се лепи истата треба да има операторот сплајс тимови чие опремување е скапичко, без разлика дали ќе ги опреми фирмата или ќе изнајмува надворешна компанија.
Fujikura_70S.jpg
Е ова на сликата ти чини преку 9000 евра, а да не правиме муабет за обука на луѓе, за останата опрема, возило, скали за воздушната и слично.
Инаку од кој град си ти што толку слаб избор имаш за добар интернет?
 
Прегледај го приврзокот 157526
Е ова на сликата ти чини преку 9000 евра, а да не правиме муабет за обука на луѓе, за останата опрема, возило, скали за воздушната и слично.
Инаку од кој град си ти што толку слаб избор имаш за добар интернет?
Ma ne e problem gradot tuku lugeto sto ne sakaat nema vrska toa ako nikoj vo zgrada nesaka da se prikluci dzabe e se toa, moze da se sluci sosednata zgrada da ima, a tvojata da nema se zavisi od toa i koga konecno ke se sluci zamena na bakarot so optika od da receme 90% na celata teritorija togas verojatno ke ima mnogu pobrz internet vo svetot od ova i naskoro celio operativen sistem ke ti bide vo cloudot, a prasanjeto e zosto paketite na telekom im se so brzini 40/40 50/50 i 60/60 i na kraj giga/giga a nemaat nisto pomegu na primer 300/300 sto e verojatno najdobro sredno resenie, za razlika od poveketo EU zemji pa i balkanski na primer Bugarija, Romanija ili Hrvatska. Se nekako mi se cini ova smisleno za da zastedat telekom ili taa firmata dexter sto ja spomna sto ja pravi i odrzuva infrastrukturata nz dali se isti trosocite za kabli za brzini pod 100Mb/s i poveke i dali ima posebni kabli za gigabiten net.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.563
Ma ne e problem gradot tuku lugeto sto ne sakaat nema vrska toa ako nikoj vo zgrada nesaka da se prikluci dzabe e se toa, moze da se sluci sosednata zgrada da ima, a tvojata da nema se zavisi od toa i koga konecno ke se sluci zamena na bakarot so optika od da receme 90% na celata teritorija togas verojatno ke ima mnogu pobrz internet vo svetot od ova i naskoro celio operativen sistem ke ti bide vo cloudot, a prasanjeto e zosto paketite na telekom im se so brzini 40/40 50/50 i 60/60 i na kraj giga/giga a nemaat nisto pomegu na primer 300/300 sto e verojatno najdobro sredno resenie, za razlika od poveketo EU zemji pa i balkanski na primer Bugarija, Romanija ili Hrvatska. Se nekako mi se cini ova smisleno za da zastedat telekom ili taa firmata dexter sto ja spomna sto ja pravi i odrzuva infrastrukturata nz dali se isti trosocite za kabli za brzini pod 100Mb/s i poveke i dali ima posebni kabli za gigabiten net.
Тоа е проблем на државата, народот има низок стандард и затоа ќе тапкаме во место и со технологијата, за некој да инвестира треба да има пазар, во моментов само поголеми компании и чат пат некои гејмери може да платат симетричен интернет со големи брзини.
Може и други брзини да се пуштаат на оптика, на коакс е малку поинаква математиката со картиците на убр.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.012
Поени од реакции
1.268
Во Македонија освен Телеком што има своја најраспространета оптика, Неотел и Телесмарт со многу помали мрежи, никој друг нема. Што повеќе?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom