Оправдување за сопствениот избор

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Вие сте посебна личност, имате пријатели и другари, они ве обожаваат вие правите се за нив. Најчеста тема за разговор ви се различните избори и одлуки, во некои се подржувате, во некои се препирате и убедувате.
Процедурално.
Со вакви предетерминанти, ме интересира дали темава важи само за тие кои се посебна личност, кои се обожавани од пријателите и другарите и кои прават се' за нив? И дали е дозволиво да пишуваат само оние кои со блиските и не-толку-блиските пријатели како најчеста тема за разговор ги имаат различните избори и одлуки во кои се поддржуваат, препираат и убедуваат?
Загрижен сум затоа што мислам дека дел од горенаведените предуслови не ги исполнувам. Имам пријатели и другари, се случува да разговараме за различните избори и одлуки....ама мајке му поим немам дали ме обожаваат и дали би направиле се' за мене и vice-versa.
Ама ме замисли. Ќе ги прашам. :)
 
S

Stivie G

Гостин
Мислев дека не потпаѓам под нечие туѓо влијание но не било така.Бев и сум заљубен во една девојка но една братучетка почна да ме разубедува дека не е за мене, дека залудно си трошам времето кај неа, дека ништо немало да биде бидејки знаела некои работи за неа. После тоа некако почнав да го сменувам мислењето за таа личност со оглед дека за неа се ми кажаа. и сега сум во ситуација да незнам што да правам. Дали да си терам по свое или да ја послушам неа. Со сигурност братучката ми не ми мисли лошо но јас некако не сакам да поверувам во тоа што ми го каже.Тоа што ми го кажаа ми направи целосен хаос во главата.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Процедурално.
Со вакви предетерминанти, ме интересира дали темава важи само за тие кои се посебна личност, кои се обожавани од пријателите и другарите и кои прават се' за нив? И дали е дозволиво да пишуваат само оние кои со блиските и не-толку-блиските пријатели како најчеста тема за разговор ги имаат различните избори и одлуки во кои се поддржуваат, препираат и убедуваат?
Загрижен сум затоа што мислам дека дел од горенаведените предуслови не ги исполнувам. Имам пријатели и другари, се случува да разговараме за различните избори и одлуки....ама мајке му поим немам дали ме обожаваат и дали би направиле се' за мене и vice-versa.
Ама ме замисли. Ќе ги прашам. :)
Нема потреба да ги прашуваш знаеш и сам дека те обожаваат :) А дали би направиле се' за тебе досега би требало да знаеш, тука неможам да одговорам.
И темата се однесува на правдање пред своите најблиски другари, а не пред светот и познаниците. Ќе доловам преку пример иако сите горе доле се на темата. Јас и ти Рејзи се знаеме од мали, сум ти помогнала многу, си ми помогнал многу. Заедно излегуваме, се подржуваме, се шегуваме. Доаѓа ред да си фатиш девојка и ми велиш слушај Леа ова е девојката која ми се допаѓа што мислиш за неа? И јас како од пушка ти велам кај го најде „гробов“ жити се! Ќе ми се правдаш за својот избор или ќе ме игнорираш?:)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Правдање пред другите или пред самиот себе, хм, богами тешко прашање. Релативно лесно е да го правдаш сопствниот избор пред другите, за да им докажеш дека си добар " аналитичар". Но, кога ќе дојде ред да го правдам својот избор пред самиот себе, тука работите се комплицираат, а оваа работа добива нова димензија. Грешките ти се пред нос, но или премногу сакаш за да поминеш преку нив, или гордоста ти е голема, па не сакаш да признаеш дека си згрешил. Границата е одредена субјективно, но и те како е под влијание на објективни фактори. Должината на врската, блискоста со партнерот и слични ствари, што доколку се поизразени тежнеат кон големо поместување на границата на толерантност, иако некогаш си свесен дека тоа и не е баш добар потег. Едноставно кога си свесен дека сонуваш, но сепак веруваш во сонот, небаре е јаве. Таквите ситуации во последно време се чести, но мудроста е се поретка па незнаеш како да постапиш. Забегуваш во нешта, што ни на крај памет не треба да ги мислиш, но ете ги мислиш, не сакаш, но тие се тука. Температурата е на црвено, а ти ладиш со хартија и со надеж дека тоа е само повремена појава, која наскоро ќе биде спомен. Свесен си дека не си во право ама продожуваш и продожуваш... до кога? Само бог знае.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
Секад ми збореле дека маж ми е крут, бил па и себичен и незнам ти каков.... нема никому што да оправдувам чим сум со него 10 години очигледно убаво ни се наместило капачето од тенџерчето, немам кому сметки да полагам и да правдам, јас баш го сакам таков каков што е, без лицемерие и искрен секогаш па дури и да боли јбга вистината секогаш боли, единствен одговор на тие така меродавни усти ми е дека јас него си го сакам, а што тие мислат за него нека им стои, и да ги прашувам во иднина кога ќе одберат некого за која јас би им рекла некој грд збор, дали би се правдале или би го напуштиле?, тука настанува штама, никогаш незнаеш во што ќе те навее ветрот и во кого ќе ти се втренчат очите, али ваљда сме големи и си знаеме што сакаме нели? :)
 
С

Сатори

Гостин
Сакам да им се допаѓа и нивното мислење да ме стимулира и убедува повеќе од сите мои рационални причини само ако не сум сигурна дека сакам да бидам со него. Но, кога станува збор за некој кој што реално ми се допаѓа, сакам да бидам со него и до него, да го слушам како зборува, како пие чај или кафе ... хех, тогаш моите пријатели имаат право само да бидат среќни за мене, ништо повеќе или помалку од тоа.
Реципроцитетот е секогаш загарантиран. :)
Затоа што дури и да не го одобруваат, ( а го одобруваат :) ) доволно е да ме прави мене среќна. Правдањето е резервирано само за правењето грешки. Не ми изгледа како грешка да бидеш во врска со човек кој го сакаш.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Jas "ne ebam" ziva sila :)) ... Prasuvam za mislenje , sovet i sl... ama retko gi prifakam, koga nesto mi se naumilo , toa e. Nekako se si mislam deka ako ne probam, ne go iskusam to na sopstveniot grb, bilo cie mislenje nama da pide (ne)opravdano.
A ete imav bas eden konkreten slucaj, kade drugar mi se ozeni so devojka, so koja vo podamnesni denovi sum imal nekoja avantura, koe devojce , nemase bas nekoe renome kaj nas , onie, koi ja poznavavme, pa iako na nekolku pati taa tema dojde na muabet, ete sega mu e sopruga. Pa od se srce im posakav sreka i gi goltnav site soveti i mislenja koi sum mu gi dal.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Мој избор, моја среќа, мои убави мигови, мое патење. Не се оправдувам на никој за таа што јас сум ја избрал да бидам со неа . Секако дека од тие неколку личности кои ме познаваат, сакам да слушнам мислење. Неможе некој да ми каже абе таа не е за тебе. Моите очи гледаат на еден начин, твоите на сосема друг, тоа што за мене е убаво за тебе не. Затоа не дозволувам да ми влијае нечие мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom