Оплодување со полови клетки на донатори

Член од
14 јануари 2008
Мислења
134
Поени од реакции
0
Брачните парови кои не можат да имаат потомство поради стерилитет, наскоро ќе можат да се оплодуваат со полови клетки од донатори.
Предлог законот за биомедицинско потпомогнато оплодување кој веќе е усвоен од Владата и доставен е на разгледување до Собранието.
Со овој закон се овозможува со полови клетки од донатори да се оплодуваат брачни парови, полнолетни мажи и жени кои живеат во вонбрачна заедница, како и жени кои немаат партнер и сакаат самите да одгледуваат дете. Донирањето на половите клетки ќе биде бесплатно и донаторот не смее да бара никаков надоместот од здравствената установа. Лицата што ќе се определат за ваков начин на оплодување нема да имаат податоци за донаторот. Пред почетокот на постапката ќе бидат запознати со основните карактеристики на донаторот, како што се евентуалните генетски наследни болести, бојата на кожата, косата, очите, образованието, кои во никој случај нема да го откријат неговиот идентитет. Никакви податоци за лицето што е оплодено со неговите клетки нема да има ни донаторот. Тој писмено ќе се обврзе дека нема да бара никакви родителски права. Еден донатор ќе може да донира полови клетки само за оплодување на две деца. За да се спречи евентуалното стапување во брак на деца кои се добиени од ист донатор кои се во крвно сродство, родителите ќе треба по извесно време да им соопштат на децата за начинот на кој се добиени. Децата би имале обврска да појдат во здравствената установа каде што е извршено оплодувањето и да проверат дали со партнерот се во крвно сродство. Строго ќе биде забрането и во тој случај здравствената установа да го открие идентитетот на биолошкиот родител на детето.
Како и кај ин витрото, и во овој случај осигурениците ќе имаат право само на три бесплатни оплодување кои ќе бидат на товар на Фондот за здравство.
"Овој закон ќе овозможи остварување на една многу хумана и природна цел, мажите и жените кои не можат да имаат сопствено потомство, да добијат дете на овој начин. Со тоа ќе се даде придонес и кон кампањата на Владата за зголемување на наталитетот во државата", рече вчера министерот за здравство Имер Селмани.
Сите податоци за донаторот и лицето кое ги користи неговите полови клетки ќе бидат зачувани во здравствената установа и ќе бидат строго доверливи.
Дали ова значи дека детето ....
и уште едно браво за владата на Р.М
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
134
Поени од реакции
0
ДА ВО ПРАВО СИ ЗЕМЈАЧКЕ, ЗДРАВО Е ДА СЕ ИМА SEX
АМА ОВДЕ МИСЛАМ ПИШУВА ЗА ОПЛОДУВАЊЕ БЕЗ SEX
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
bas ubav zakon no ne mi izgleda bas pravilno da bide dozvoleno bas na site (zeni bez partner ili vonbracna nestabilna zaednica).
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
bas ubav zakon no ne mi izgleda bas pravilno da bide dozvoleno bas na site (zeni bez partner ili vonbracna nestabilna zaednica).


Каква е таа нестабилна вонбрачна заедница?И зошто да не може жена/девојка без партнер да чува дете?
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
vonbracna zs ne se sepak vo brak a nestabilna: neseriozna ili mozebi ne dovolno seriozna vrska. na dete treba da mu se dade moznost za ubav zivot (vo slucajov e mozno da se vidi kade ke zivee). To ke e srekno ako ima familija... a samohrana majka nemoze da go zameni i tatkoto sigurno. Da ostavime nastrana primeri na razvedeni ili pocinati roditeli...koga veke neso odnapred se planira neka e neso vo korist na deteto.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom