Операција на крајници

Член од
21 септември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
22
Па вака: сакам убаво да се разработи тематиката на темата односно да слушнам ваши искуства со тоа кога крајниците ќе отечат. Не ги боли само децата туку и возрасните ги гушат и дават. Како ги лекувате потечените крајници и во кои случаи се препорачува вадење доколку, дојде до формирање на гнојни ќеси? Јас најчесто пијам топли напитоци а, знам да земам и замрзнати плодови. Ако е дупла темата- канта!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
Операцијата вадење на крајници на полнолетни е поврзана со одредена доза ризик. Колку помал се оперира пациентот, толку можноста за компликации е помала. Проблемот после операцијата е што може да се појави крварење од раната која може потенцијано да биде и опасна по живот.

Сепак доколку се јавуваат почесто гнојни ангини, перитонзиларни абцеси инт, треба да се направи проценка ризик/полза за одстранување на крајниците.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Мене на 9 години ми ги вадеа бидејќи беа трајно жариште и претставуваа повеќе опасност отколку што користеа за нешто. Сум слушнал дека масло од оригано помага при воспалени крајници. Го има во аптеките.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.613
Поени од реакции
10.861
Ми ги извадија на 3пол години и тоа татко му на Венко педерот Филипче и од тогаш немам никакви проблеми. Инаку ми сметаа на дишење, зборување и мал милион говна ми се исподесија заради нив. Сечеш, фрлаш и чао пријатно.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
Јас на малиот и ги извадив крајниците кога имаше 3год затоа што многу проблеми и правеше, се давеше у спиење, во моменти многу ќе ме изплашеше, имаше ризик дека ќе остане без доволен кислорд во мозокот, па се решив за операција и остранување.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
Јас на малиот и ги извадив крајниците кога имаше 3год затоа што многу проблеми и правеше, се давеше у спиење, во моменти многу ќе ме изплашеше, имаше ризик дека ќе остане без доволен кислорд во мозокот, па се решив за операција и остранување.
Има разлика од таа операција и операција кај возрасен.

Кај твоето дете крајниците не се комплетно извадени туку делумно одстранети а со тоа ја прави операцијата со помалку можност за компликации.

Кај возрасен мора целосно да се одстранат а со тоа и ризикот од крварене после операција е поголем.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.694
Поени од реакции
9.532

А со ласерско отстранување, нели е подобра варијанта, отколку класичната операција ?
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.699
Поени од реакции
19.732
Овде ги прават со ласер, tonsillectomy and adenoids, 10 минути зафат, кај постарите е малку подолго и зависи колку scar tissue има пациентот, толку е потешко за хирургот да ги извади крајниците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.753
Мене на некои 4-5 г. ми ги извадија сите три.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Еве и јас да го споделам своето искуство. Извадени ми се крајниците на тригодишна возраст. Според мене порано докторите почесто ја практикуваа оваа операција, па дури и кај мене според ова што ми го кажуваат родителите не била многу голема потребата да се отстранат, не ми сметале во зборување, дишење и сл. Сега познавам еден куп деца и скоро да не познавам некое на кое му се отстранети крајниците. Во мојот случај цел досегашен живот (сега имам 33 години) после операцијата ме прати слаб имунитет, многу често настинувам, а кога и да настинам, ако во просек кај другите поминува за неколку дена, кај мене најмалку две недели. Имам и пролетна алергија, буквално животот ми е одмилен во пролет со сите работи кои ги носи алергијата. Често и правам споредби кај луѓето што ги познавам со извадени и неизвадени крајници, и реално истата мака ја делам токму со оние на кои им се извадени. Еве, не сум доктор или научник, но мислам дека крајниците и тоа како имаат влијание на имунитетот.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
А со ласерско отстранување, нели е подобра варијанта, отколку класичната операција ?
Дали ќе биде ласерско или не, ризикот од компликации е ист. Крварење може да настане дури и месец дена после операцијата.

Како што кажа Луси, доколку има премногу сврзно ткиво причинето од многубројни перитонзиларни абцеси, тогаш самата процедура е за некое ниво покомплицирана за операторот.
Автоматски споено мислење:

Еве и јас да го споделам своето искуство. Извадени ми се крајниците на тригодишна возраст. Според мене порано докторите почесто ја практикуваа оваа операција, па дури и кај мене според ова што ми го кажуваат родителите не била многу голема потребата да се отстранат, не ми сметале во зборување, дишење и сл. Сега познавам еден куп деца и скоро да не познавам некое на кое му се отстранети крајниците. Во мојот случај цел досегашен живот (сега имам 33 години) после операцијата ме прати слаб имунитет, многу често настинувам, а кога и да настинам, ако во просек кај другите поминува за неколку дена, кај мене најмалку две недели. Имам и пролетна алергија, буквално животот ми е одмилен во пролет со сите работи кои ги носи алергијата. Често и правам споредби кај луѓето што ги познавам со извадени и неизвадени крајници, и реално истата мака ја делам токму со оние на кои им се извадени. Еве, не сум доктор или научник, но мислам дека крајниците и тоа како имаат влијание на имунитетот.
Доколки често се воспалуваат и прават абцеси, тие веќе толку ќе бидат зафатени од сврзно ткиво што дури и ќе ја изгубаат таа функција. Единствено што ќе бидат е како инфекциозно огниште кое на долги стази може да причини проблеми со срцевите клапи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.618
ice_screenshot_20221008-223325.jpeg

Препорачана диета после операција:

ДЕН 1:
Вода, млеко, сладолед, леден чај, замрзнат јогурт, желе може да се сервираат често, но во мали количини секој пат.

2 ДЕН:
Крем, пудинг, јогурт, ајран

3 ДЕН:
Супа (без честички во неа).

4 ДЕН:
Пире од компири, меко варено јајце.

5 ДЕН:
Одгледан или бисквит стопен во млеко, weatbix.

6 ДЕН:
Тестенини.

7 ДЕН:
Топлата, иритирачка храна со остри рабови треба да се избегнува, треба да се почне со јадење по 30 минути по аналгетикот.

ice_screenshot_20221008-224209.jpeg
Имај на ум:

Првите седум дена по операцијата;

1- Избегнувајте топли и кисели течности (сок од портокал, лимонат, кока-кола, сок од цреша)

2- Чоколадо и храна подготвена со чоколадо,

3- Избегнувајте храна во вид на ленти (шпагети)

4- Зголемете го внесот на течности (вода, леден чај итн.)

5- Избегнувајте храна или пијалоци со црвена боја.

6- Избегнувајте зачинета храна

7- Избегнувајте храна со остри рабови како чипс,

8- Добро џвакајте и потоа голтајте.

... тонот на говорот и слушањето на звукот од назофаринксот е нормално чуден во првите денови, не дека гласни жици се оштетени, туку затоа што крајници се отстранети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom