Операција за алериски ринитис (Мукотомија)

Член од
1 февруари 2016
Мислења
238
Поени од реакции
189
...што значи „ се одржуваш“ ? примената е максимално само една недела, после следи пауза? за кое одржување зборуваш месец? два ? го применуваш цело време? сакаш да имаш проблем со покачен крвен притисок и атрофија на носната слузница ?
...што мислиш зашто никаде не се спомнува целосно составот на СептаНазал спреј за нос? што е првата најважна компонента Xylometazoline, а се потенцира и убаво се објаснува втората компонета по важност - Dexpanthenol дека е дериват на пантотенска киселина т.е. Витамин Б5? ама фактот дека САМО 7 ДЕНА СЕ ПРИМЕНУВА значи таа прва компонента е „опасна“, така!? инаку што би била опасна втората компонента што е дериват на некој си витамин ?!

Прегледај го приврзокот 218099 Прегледај го приврзокот 218100

...така да со спрејот спречуваш моментално носниот оток, а расипуваш десет други работи (постепено, но сигурно), а главниот проблем на алергијата ниту го знаеш ниту пак некој се труди да ти го пронајде ако сам не се потрудиш?
си направил ли нешто лабораториски тестирања конкретно алерго тестови??
...за да немаш алергија мора да го најдеш причинителот што ја прави таа алергиска реакција кај тебе, кои се тие надворешни агенси, алергени што телото доаѓа во допир и реагира така- со алергиска рекација, дали знаеш?
...еве накратко, алергенот претставува супстанца која е препознаена од твојот имунолошкиот систем, кој продуцира IgE антитела против него, кога алергенот ќе навлезе во твоето тело ( а ти се уште не знаеш што е тоа), тој е препознаен од IgE антителата, со што се ослободува внатрешни медијатори што резултира со појава на симптоми на алергија, конкретно кај тебе САМО алергиски ринитис, ама може да биде и комбинирна реакција на зголемена температура, астма, алергиски конјуктивис, егзема, уртикарија...па до алергиски шок!

Прегледај го приврзокот 218085

...може да е една причина, две ...повеќе...пронајди ги, избегнувај ги и нема да имаш такви проблеми или пак ќе бидат минимални, решение не е со лекови ако не знаеш што е причинителот, така не се лечи!
...постојат кожни алерготестови, се внесува на твојата кожа ( подлактица) со боцкање повеќе причинители и се следи реакцијата дали на некое боцкање се појавува оток, чешање, црвенило... и тоа е тоа, причинителот!
... е сега доколку твоето тело не дава реакција на ниедно боцкање, тоа не значи со сигурност дека не си алергичен, се прави потоа тестови со еднократно земање крв од вена, т.н. Рида тестови !
...постојат повеќе Рида Панели ( 1, 2, 3, 4 ...по 20 алергени на секој панел)

Прегледај го приврзокот 218102

зависно на што се сомневаме го одбираме соодветниот Панел или пак сите ќе ги поминеме, нели зашто алергијата во текот на живот се појавува и се губи, па пак се појавува... зависи од многу фактори посебно од нашиот имунолошки систем!

Прегледај го приврзокот 218088

...сите анализи (цените на горенаведените панели се за приватно испитување) алерго тестови подлегнуваат на плаќање само на одредна партиципација доколку испитувањата ги направиш со упат од матичен лекар!

Прегледај го приврзокот 218090

за деца, посебно педијатриски панел !

Прегледај го приврзокот 218092

постојат дури и панели со триесет контроли на алергени зависно соодветно од лабораторијата што применува!
... така да правило е да нема правило, ако имаш алергија не значи дека мораш да ја имаш цел живот, односно тој што никогаш немал алергија не значи дека нема да ја има никогаш во животот и сето тоа зависи од многу фактори посебно од нашиот имунолошки систем, ако знаеме да ја пронајдеме причината (алергенот), лесно ќе се справиме со тоа (дополнително ќе делуваме на подигање на нашиот имунитет), ако напамет само делуваме со лекови на последицата од таа алергија, ништо не правиме, само прашање на ден кога ќе имаме дополнителни несакани ефекти од тие лекови на другите органи!
Bockanja praveno, nisto ne pokaza i na toa ostanav ova so krv i RIDA testovi nikoj ne mi kazal. So septanazal od Juli, recisi sekoj den. Ke pobaram kaj maticnata valjda ke znae, eve ti ova sto mi go pisa nikoj ne mi go kazal, a najmalku ona. Eve sega vidov vo AVICENA ima cela paleta od RIDA testovive ke odam tamu. Fala ti za detalniot odgovor i upatstvo.
Автоматски споено мислење:




Мене ова ми помага, не го користам нон стоп, по потреба само

Dali e anti kongestant kako Septanazal, Operil ili so nekoe drugo plus svojstvo?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.341
Bockanja praveno, nisto ne pokaza i na toa ostanav ova so krv i RIDA testovi nikoj ne mi kazal. So septanazal od Juli, recisi sekoj den. Ke pobaram kaj maticnata valjda ke znae, eve ti ova sto mi go pisa nikoj ne mi go kazal, a najmalku ona. Fala ti za detalniot odgovor i upatstvo.
Автоматски споено мислење:




Dali e anti kongestant kako Septanazal, Operil ili so nekoe drugo plus svojstvo?
Не знам стварно за својствата, бев еднаш на уво нос и грло и ми го даде лекарот, многу е поефикасен од Оперил пошто и него го имам користено.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
mometasone furoate спреј индицирано е првенствено при спречување астматични напади како и при нејзин третман поради антиинфламаторни својства!

1569352995520.png

... како силен кортикостероид Калменте се применува кај пациенти каде помалку реагираат на послаби кортикостероиди, па затоа освен за третирање на астма се применува и кај тие што имаат силно изразен сезонски алергиски ринитис посебно алергија кон полен, сено, трева!

1569353398608.png 1569353428142.png

... примената на кортикостероиди, како и овој спреј го потиснува нашиот имунолошки систем и доведува до можни инфекции на горни респираторни систем, проблеми со нервниот систем со појава на главоболки, нарушување на вкус и мирис... итн други системски реакции поради примена кортикостероидот mometasone т.е.препаратот „Калменте“ и самиот факт дека лекот исклучиво може да се зема само со лекарски рецепт укажува на внимателна примена на истиот!
 
Член од
5 февруари 2018
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дечки здраво.
Еве мое искуство со операција кај Кирјас. Ме оперираше пред еден месец неполн на клиника за ОРЛ. Јас имав проблеми со увото како резултат на задебелени носни конхи. Ми направи мукотомија и от тогаш наваму не сум имал проблем со увото лево. Меѓутоа после операцијата пекол... Затнат нос... Красти и туфки континуирано првите 15 дена.... Десната ноздрв ми се опорави сега со левата мака мачам... Сеуште вадам красти а и осеќам нелагодност... Тапа болка и красти вадам наутро обично... Се изначитав еден тон статии во однос на овој тип операции....TURBINATE REDUCTION... Секаде е скоро истото инфо... 2.3 недели опоравување... Сув нос крссти и нелагодност... Некаде сретнав и до 3 месеци во зависност од зафатот... Има и една друга работа која ја прочитав... Синдром на празен нос... Emty nose syndrome... Така да не е заебанција.... Има ли некок друг кој ја направил операцијава и има подобрување?
Јас суѓ на Theresian Oil секојдневно и ми ги олеснува болките и нелагодноста... Од пред една недела... Споделете искуства дечки
 
Член од
14 март 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дечки здраво.
Еве мое искуство со операција кај Кирјас. Ме оперираше пред еден месец неполн на клиника за ОРЛ. Јас имав проблеми со увото како резултат на задебелени носни конхи. Ми направи мукотомија и от тогаш наваму не сум имал проблем со увото лево. Меѓутоа после операцијата пекол... Затнат нос... Красти и туфки континуирано првите 15 дена.... Десната ноздрв ми се опорави сега со левата мака мачам... Сеуште вадам красти а и осеќам нелагодност... Тапа болка и красти вадам наутро обично... Се изначитав еден тон статии во однос на овој тип операции....TURBINATE REDUCTION... Секаде е скоро истото инфо... 2.3 недели опоравување... Сув нос крссти и нелагодност... Некаде сретнав и до 3 месеци во зависност од зафатот... Има и една друга работа која ја прочитав... Синдром на празен нос... Emty nose syndrome... Така да не е заебанција.... Има ли некок друг кој ја направил операцијава и има подобрување?
Јас суѓ на Theresian Oil секојдневно и ми ги олеснува болките и нелагодноста... Од пред една недела... Споделете искуства дечки
Здраво Divinations, Како се чуствуваш после една година?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom