Операторот не ми ја дава услугата како што е според договор,што да направам?

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.011
Поени од реакции
1.267
Инспириран од постовите што ги читам по темите за Т-Хоме,Кејблтел,Телекабел итн решив да напишам еден вид на водич за тоа што би требало да преземете доколку некоја одредена услуга како што е интернет,телефон или телевизија операторот не ви ја овозможи како што би требало.
Можеби некој би помислил дека ова е глупост но многу луѓе секогаш оставаат велејќи "ех неможам сега со тоа да се бавам неможе тоа да се среди". Тоа е апсолутно неточно. Еве зошто. Сите ние барем некогаш сме се соочиле со мала брзина на интернет(иако операторот ни ветува поголема според договорот) или пак телевизискиот канал што наводно го нудат воопшто не се емитува. Во минатото во Р.Македонија не постоеше законска регулатива што на некој начин ќе постои некој што ќе ги надгледува операторите што прават и како функционираат и тоа им даваше голема слобода на операторите да си поигруваат со нивните корисници притоа зимајќи им пари а даваат малку. Агенцијата за електронски комуникации до пред некое време речиси и ништо да не правеше и евентуално некој ако поднесе приговор тоа се разлекуваше со месеци. Меѓутоа со новите измени во законот АЕК му дава потполна слобода на корисникот да поднесе приговор поради некој вид на оштетување или неовозможување за користење одредена услуга или пример некој технички проблем кој операторот несака да го одстрани. Немањето на прецизна законска регулатива исто така им даваше слобода на телекомуникациските оператори(било да се работи за мобилна телефонија,фиксна,интернет итн) да креираат високи цени и притоа крајните сметки да бидат многу високи а нема образложение од каде е тоа така.
Сакам да знаете дека секоја фирма од било кој домен постои само да направи профит а не да го задоволи купувачот.Фирмите секогаш гледаат со нивно најмало учесто да си го максимизираат профитот дури и да треба да го оштетат крајниот купувач на добро или услуга. Поради тоа доколку некогаш сметате дека услугата(мобилна,финска,интернет,телевизија и слично) не е онака како што сметате дека треба да биде односно сметката е превисока,брзината е многу слаба,сликата е лоша и слично прво нешто што треба да направите е да контактирате со техничка подршка на тој оператор. Иако сите ние сме исфрустрирани од нечиј технички служби и нивниот однос сепак тоа е нешто што мора да се направи бидејќи за било какви понатамошни дејствиа мора прво операторот да се извести за тешкотијата што ве снашла. Тие се должни да ви покажат кое од каде дошло или кое колку чини и исто така доколку квалитетот на услугата е компромитиран тие треба да преземат дејствие за нејзино поправање. Многумина од нас постојано се јавуваме по техничка подршка за многу работи и најчесто ништо не е средено. Нервозите остануваат парите си ги даваме. Доколку техничката подршка е неспособна да го реши проблемот тогаш автоматски вие имате право да поднесете приговор на беслатниот телефонски број на Агенцијата за електронски комуникации 190. Тоа претставува нова услуга барем во Р.Македонија која што служи за пријавување на случаеви кога операторот иако бил известен за одреден проблем кој што корисникот го има при користење на одредена услуга поради некоја непозната причина операторот проблемот не го решил. Приговор претставува правен акт кој што кога го поднесувате АЕК добива правна можност веднаш да ја испита состојбата во врска со вашиот проблем помеѓу вас и операторот и ја утврдува прилината зошто проблемот не е решен и притоа изнаоѓање на решение. Вие поднесувате приговор останатото го прави АЕК. Сметам дека е важно да ги знаете овие работи бидејќи ретко кој оператор води сметка за тоа што прави. Реално ништо не е совршено но досега барем немаше некој што би ги заштитил корисниците од самоволието на операторите и нивните политики. Затоа никогаш не оставајте на тоа дека ситуацијата ќе се среди. Доколку не поднесете приговор,АЕК незнае што се случува и квалитот на услугата е 0. Со поднесување на приговор автоматски АЕК спроведува санкции против операторите и на тој начин следен пат не би се осмелиле повторно да си поигруваат со корисниците. Затоа доколку сакате услуга за парите што ги давате не мирувајте,барајте ја правдата бидејќи сама нема да дојде.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
едноставно, раскини го договорот
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
отиди им таму развикај им се и речи им така дека можеби ке го раскинеш договорот заплаши ги .. !! ако ни тоа не делуе раскинуј договор .. !
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Е ова е водич за културно, фино и поштено решавање на проблемите и зголемување на квалитетот на услугата.
Темава треба да се направи sticky или важно или каков и да е изразот во XenForo.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.011
Поени од реакции
1.267
Како што кажа Јаневски ова е културен водич за како да го решите проблемот.Тоа подразбира преземање на правни чекори против операторот кој вас ве оштетил.Викањето по телефон или вербална закана ним не им значи ништо бидејќи тие пак нема да го решат проблемот.Со правен чекор против нив ако почнат да ги чешлаат ќе биде многу лошо за нив.Затоа тие се плашат од тие работи,а јас ја напишав темава за да посочам дека сега сите имате моќ правно да им ставите до знаење дека не сте глупави и беспомошни.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Браво. Иначе во иднина те молам користи нов ред и ставај растојание после точките, основно правило е тоа, вака со сила читав. Пак ќе речам браво, интересно е и корисно ова да се знае.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
За среќа операторот до сега не ме заебавал, се што е во договорот си исполнил во целост.
Ако почне да ја тупи работата, барем има каде да се обратам:)
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.011
Поени од реакции
1.267
Браво. Иначе во иднина те молам користи нов ред и ставај растојание после точките, основно правило е тоа, вака со сила читав. Пак ќе речам браво, интересно е и корисно ова да се знае.
Се извинувам за тоа во иднина ќе внимавам на тие работи. Се обидов некои работи како набројување да ги ставам и со здебелени букви но немаше никаков ефект едоставно несакаше да ми ги здебели буквите и слично.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
едноставно, раскини го договорот
отиди им таму развикај им се и речи им така дека можеби ке го раскинеш договорот заплаши ги .. !! ако ни тоа не делуе раскинуј договор .. !
Го прочитавте првиот пост или само насловот? :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
За поздрав е оваа одлика на АЕК иако мислам дека ова требаше многу порано да се донесе за корисниците да имаат заштита и да можат на некого да се обратат,во изминатиот период им се даде слобода на операторите и си правеа што сакаат т.е поминуваа со некое викање по телефон но ретко кој превземаше нешто.Дали АЕК ќе успее оваа на хартија да го примени во пракса и дали ќе опстои во својот став против моќните лоби групи во телекомуникацискиот сектор останува времето да покаже и да видиме како ќе се одвива понатака.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
едноставно, раскини го договорот
Ако сакаш да го раскинеш договорот, ќе треба да ја доплатиш сумата што и онака ќе ја платиш ако останеш обврзан на договорот. Ама зошто би плаќал кога не ја добиваш услугата што правно ти следува? Едно големо браво за темава, зашто е корисна, а на сите ни е јасно што прават операторите. Само ако им досадуваш и цивилизирано според закон си ги бараш правата ќе престанат да те искористуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom