Он.нет, ти платив бе!

Статус
Затворена за нови мислења.

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.077
Поени од реакции
11.347
На Он.нет не му е доволно тоа што ме малтретира со непостојан и неквалитетен линк кон Интернет, како и со тоа што, наместо да ми ги даде испечатени, ме тера секој месец да пополнувам сини уплатници, еве сега се закануваат и дека ќе го исклучат мојот WADSL затоа што, според нив, не сум платил 2 сметки во последниве 6 месеци. Да е идиотизмот поголем, не напишале за кои месеци наводно не сум платил. А уште полошо, како и секогаш, НИКОЈ не се јавува на нивните телефонски броеви (не само на „главните“ броеви, туку ни на локалите од продажните салони).



Нормално, тоа не е точно и ќе го припишам на неспособноста на Он.нет да си ги провери уплатите. Сега треба да копам и барам дали сум зачувал копија од уплатниците, па да им ги праќам по факс или email. Ако не ги најдам (можно е да сум ги фрлил), веројатно ќе бараат да ги платам повторно. Хм, имам само 2 дена да сторам нешто, бидејќи писмото со лаги и уцени дојде денес, а рокот за плаќање е задутре. А кога ќе ми текне дека на Он.нет се префрлив (демек) затоа што се поевтини - сега и ќе платам, и ќе добијам полоша услуга отколку од МТ.нет.

Е значи за резил сте, шарлатани едни.

Преземено од
http://mislam.blogspot.com/2007/10/blog-post_24.html
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
185
Поени од реакции
1
da i mene mi stigna izvestuvanje deka nemam plateno.Vrtev celo vreme nekoj da mi objasni sto e rabotava i ................se iznaslusav muzika.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.454
Поени од реакции
18.455
Да бе, и мене ми пратија известување, а имам платено, море море. Барем за тоа досега не не малтретираа.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
И мене ми стигна денес, со известување да се плати до 26ти. Kaj мене пишуваше дека не сум платила од март, а нема врска со вкупниот износ што беше наведен. Среќа што си ги чувам уплатниците, такви работи не се фрлаат.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Што е финтава? Јас па мислев само на другарка ми така по грешка и стигнала опомена ... овие масовно праќаат едно исто нешто? Не ми се верува ...
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Македонска работа...:pos:
 
Член од
16 април 2007
Мислења
134
Поени од реакции
1
Мене ми стигна ова исто за услугата 1010 за цели 1,00 денари заостанат долг.Болна работа
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мене ми нема стигнато ништо.


Кејблтел :vozbud:
(за оние кои ќе ги пцујат моите Кејблтелци, нека знаат дека сум на лан мрежа поврзан, директно, затоа не ми сецка или паѓа нетот :pos:)

Незнам каква е услугата на другите... ама и моиве не се за машала кога е наплатата во прашање. Замисли, отидов САМ да си земам фактура за да платам, откако на 21 октомври сеуште немав добиено есап, а знам дека се многу поажурни околу исклучувањето.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Леле Адријанке! Леле андроник! Сеа од Охридов уш јас фаљам тешко мене :nikako:
ДА БАРАМ УПЛАТНИЦИ!
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.528
Поени од реакции
2.676
И на мене ми стигна писмо со известување али јас знам дека должам еден месец неплатено и само за тој месец пишале да си платам а ова другото на сите што им доаѓа а си плаќаат редовно навистина е шит работа од овие нека идат у п***у матер
 

angie92

Патриот
Член од
25 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Мартине, немој да се секираш. Уплатници не барај. Ние упорниве охриѓани ќе си го истераме своето. Се гледаме утре.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.077
Поени од реакции
11.347
Текстот не е мој, за среќа не сум корисник на Он.нет.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Не ми е стигнато ништо такво и немој да ми стигне само има да ги :violent1:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom