Онлајн шопинг

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Познато ни е нели купувањето преку интернет.
Тука збориме исклучиво за онлајн шопинг за гардароба, чевли, патики, акцесорис...
Дали сте шопингувале онлајн или дали сакате така да пазарувате?

Колку е добро да се купи чевли од интернет? Поголем избор има да, секако. Но притоа не ги пробуваш, не си сигурен дали бројчето ќе го погодиш, дали ќе одговара на твоето стапало.
Исто е и со гардароба може бројчето ќе се погреши, нема да ви стои убаво итн.

Со години ги гледам Викторија Сикрет купачите, хендикепирани сме што ја немаме таа продавница во Македонија, ама никогаш не собрав храброст да нарачам преку интернет. Си велам да дадам минимум 50сетина евра за бикини кои се сон, но дали ќе ми се точни, па како ќе стигнат, па да не згрешам нешто при пополнување на податоци итн. Во Скопје ќе пробам 20 купачи пред да купам некои.
Исто и со адидас патики. Секогаш има одличен избор на интернет, дури и акции има каде за џабе ќе се купи одлична патика. Но никогаш ништо немам купено. Не ми е сигурно додека не пробам.

Така да колку ве привлекува онлајн шопингот? Сте купиле нешто?
Или сепак продавница си е продавница. Идеш, пробуваш, купуваш, без утка.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Она што ќе го порачаш секогаш не го добиваш баш истото, така барем еднаш и се случи?
Пред некој ден нарачав гардероба од Tom Tailor па да видам што ќе добијам, квалитетот ќе биде во ред ама големината дали ќе биде погодена?
 
Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
41
Во нашава држава овој вид на шопинг и не е толку развиен..
Јас, имам купувано дигитални фотоапарати, модни додатоци, но не и облека. Исто како и Россонерка, се плашам да не фрлам за џабе толку пари.
А имам желба да го направам тоа, и тоа голема.
Ајде може некој ден ќе се осмелам.
 
Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Не би експрериментирала со оглед на тоа што ако производот има дефект неможам да докажам дека таков таков е фабрички, дека јас не сум го оштетила. А во продавница го гледам со мои очи, уште таму го гледам производот каков е и доколку има дефект одма си земам нов. На сигурно сум. Јес да се дешава ептен ретко, али не би ризикувала и поради многу други причини.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Облека не, дур не го видам моделот и материјалот, не би купила затоа што веќе скоро се имаме од продавниците наменети за нашиот пазар и нашите стандарди, а ако сакам да купам нешто полуксузно ќе се обидам да стигнам до продавница кај што тоа може да се набави.
Патики се веќе друго, треба да се пробаат, но отприлика знам од која фирма кој број носам, па мислам и дека би погодила. Но еве, имам пример кога ми беа донесени патики од странство, бројот ми беше погоден, но не и моделот.
Кога станува збор за накит, што се нема по интернет. Тоа би го нарачала без размислување, само штета што не стигнуваат брзо нарачките.
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Навистина Има Многу Закон Работи на Нет Кој Во Македонија ќе Пристигнат за 25945 Години Но Ако Го Купам така на слепо практично Кажано кој знае што ќе ми стигне После кога ќе се фрлат Парите се е Готово ....
a Imalo Nekoje Prodavnica vo rasmstor se vika Internet Sop Ili nesto slicno dokolku nemas smetka vo Banka i se odi Preku Niv Znae Nekoj kaj se naoga ??
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Познато ни е нели купувањето преку интернет.
Тука збориме исклучиво за онлајн шопинг за гардАроба, чевли, патики, акцесорис...
Дали сте шопингувале онлајн или дали сакате така да пазарувате?

Колку е добро да се купи чевли од интернет? Поголем избор има да, секако. Но притоа не ги пробуваш, не си сигурен дали бројчето ќе го погодиш, дали ќе одговара на твоето стапало.
Исто е и со гардароба може бројчето ќе се погреши, нема да ви стои убаво итн.

Со години ги гледам Викторија Сикрет купачите, хендикепирани сме што ја немаме таа продавница во Македонија, ама никогаш не собрав храброст да нарачам преку интернет. Си велам да дадам минимум 50сетина евра за бикини кои се сон, но дали ќе ми се точни, па како ќе стигнат, па да не згрешам нешто при пополнување на податоци итн. Во Скопје ќе пробам 20 купачи пред да купам некои.
Исто и со адидас патики. Секогаш има одличен избор на интернет, дури и акции има каде за џабе ќе се купи одлична патика. Но никогаш ништо немам купено. Не ми е сигурно додека не пробам.

Така да колку ве привлекува онлајн шопингот? Сте купиле нешто?
Или сепак продавница си е продавница. Идеш, пробуваш, купуваш, без утка.
Гардароба:icon_lol:
Јас за Викторија Сикрет не би ја мислела.Толку желба да имам а да не си нарачам...и плус таму нема утка со бројчиња,ако си го знаеш бројот.
Пример во некои продавници не толку реномирани,некогаш мораш да купиш помал број а некогаш поголем зависи од моделот.Мене секогаш тоа ми е проблемот.Си земам панталони блуза или било што земам мој број одам да ги пробам,тесни или широки:raz:
Ама не до мене до нив е:icon_lol:

Онлајн може само нешто што многу би ми се допаѓало...инаку ѕа се друго од продавница.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Гардароба :icon_lol:
Јас за Викторија Сикрет не би ја мислела.Толку желба да имам а да не си нарачам...и плус таму нема утка со бројчиња,ако си го знаеш бројот.
Пример во некои продавници не толку реномирани,некогаш мораш да купиш помал број а некогаш поголем зависи од моделот.Мене секогаш тоа ми е проблемот.Си земам панталони блуза или било што земам мој број одам да ги пробам,тесни или широки:raz:
Ама не до мене до нив е:icon_lol:

Онлајн може само нешто што многу би ми се допаѓало...инаку ѕа се друго од продавница.
Добро бе за една буква се фати. Гардероба :tv:

Иначе баш имам спротивно мислење за купувањето ете купачи Викторија Сикрет.
Јас кога купувам прво 20 пара пробувам, за 1 да изберам што добро ми стои.
Јас ќе нарачам, ама јас не сум еден од ангелите на викторија па да ми стои ко на нив :icon_lol:, далеку од тоа сум.
Така да може нема да ми стојат, ќе ми е мал долниот дел. Горниот нема шанси да ми е мал :pos:
Taка да не би ризикувала сепак.
 
Член од
4 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Хеј истото мислење го имав и јас како вас пред извесно време.Ама верувајте од коа ја најдов странава си купив стотици нешта(добро де сеа не стотици ама многу :) ). [FONT=&quot]http://www.viaddress.com
Тоа една добра солуција за купување од странство. Поз девојки
[/FONT]
 
Член од
14 декември 2005
Мислења
57
Поени од реакции
0
Сите посаглам онлајн продавници имаат Return Policy. Ако се оштетени некако облеката или чевлите можете да ги вратите и ке ви вратат пари или ке ви пратат друг број или боја ако утнале. Инаку од www.asos.com имате 28 дена да ги вратите. Секако долна облека и слично неможе да се враќа од хигиенски причини. Секогаш проверувајте за Return Policy на веб сајтовите од каде што купувате...
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Си имаме мака од нашите повторно :( како што се случува во секоја работа ...Можете да најдете ефтини производи, ефтин транспорт ама на царина ке ве изгорат со 15% царинска стапка и 18% проценти ддв што значи плус 33% од производот ...Ајде да напрајме петиција за намалување на цените за царинење за онлајн шопингот, страмота е ова шо се дешава во 21 век парталче да не мојш да си порачаш :( ке ја штителе идустријата на Македонија која индустрија по гаволите?!
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148

Моооре математика .
За роба (било каква) до 350 евра не плаќаш царина.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Моооре математика .
За роба (било каква) до 350 евра не плаќаш царина.
Ако не знајш поубо молчи :)
Зборувам за интернет пратка, не ти земаат царина до 45 евра а ретко кој ке прајт нарачка да земи две блузинја до 2700 денари. еве ја статијата и линкот, да се увериш.

Кој се штити со царина при Интернет-купување?

Царинските давачки за пратките над 45 евра се обид да и' се застане на пат на сивата економија, велат познавачите

Александрија Стевковска

Дестимулирање на сивата економија и спречување на неконтролираното внесување стока во земјава при пазарувањето преку Интернет, е причината зошто државата наплаќа царина на пратките кои финансиски тежат над 45 евра. Додека луѓето, кои во онлајн-купувањето гледаат начин да си набават некое парче облека или обувки што не можат да ги купат во земјава, царината во ваквото купување гледа начин за ширење на сивата економија, поради што со царинење на поскапите пратки се обидува да воведе ред во трговијата.

Имено, вредноста на производите за лична употреба за кои не се плаќа царина внесени лично во државата моментално е 175 евра, а наскоро ќе порасне дури и на 350 евра, додека вредноста на производи купени преку Интернет без царина, е 45 евра за пратка.

„Секоја пратка направена преку Интернет над 45 евра се смета за комерцијална, поради што за неа се наплаќа единствена царинска стапка од 15 отсто и дополнително 18 отсто ДДВ. Причината зошто постојат давачки за пратките над 45 евра е обидот да се застане на пат на сивата економија. Имено, при патување надвор граѓаните не плаќаат царина за внесување стока од 175 евра, а наскоро ќе биде и до 350 евра, што навистина е многу повеќе од вредноста на стоката купена преку Интернет за која не треба да се плати царина. Но, се смета дека при патување не може да се злоупотреби толку оваа поволност, бидејќи цариниците го гледаат човекот и имаат контрола колку пати тој патува, каде и колку стока внесува. При Интернет-продажбата царината нема таква контрола, поради што контролата ја прави преку наплата на царина при нарачување на пратка поскапа од 45 евра“, дообјаснуваат во Царина.

Според нив, доколку царинењето на стоката при лично патување се изедначи со Интернет-купувањето, тоа може да биде злоупотребено од помалите фирми, кои ќе нарачуваат стока до 350 евра неколку пати во денот, ќе ја пласираат на пазарот, а за тоа нема да платат ништо на државата.

Од Царината потенцираат дека царинските давачки што се плаќаат за Интренет-купувањето се усогласени со ЕУ регулативата и дека и Европејците за Интерент-пратки над 45 евра, исто плаќаат царина.

За разлика од власта, која со ваквите мерки практично се обидува да го ограничи неконтролираното внесување стока однадвор, штитејќи ги овдешните трговци, граѓаните што го живеат современиот сон на Интернет-иднината, се сметаат за обесправени. „Јас не сум по шетање по продавниците. Интернет-купувањето баш ми ’легна‘. Си ги гледам производите на Интернет-страниците, си ја знам величината и со неколку кликувања на глувчето си одбирам што сакам. Тоа е исто како да одам директно во таа земја и си купувам што ми треба, но за разлика од личното пазарење, можам да внесам стока без царина само до 45 евра, додека при физичко патување таа сума е моментално 175 евра, за наскоро да биде удвоена. Навистина не знам каде е разликата меѓу физичкото и Интернет-купувањето, за разликата во давачките да биде толку голема“, се прашува Горан Стојановски, консумент на Интернет-продажбата.

Црните листи на кои се најде Македонија пред неколку години поради сомнителни трансакции од македонски Интернет-адреси ги оневозможи граѓаните да нарачуваат производи со македонски картички. Сега активните Интернет-корисници се' почесто одлучуваат онлајн да нарачаат производи кои или не можат да се најдат на домашниот пазар или, пак, држат превисока цена.

Како и да е, Интернет-трговијата во Македонија се' уште е релативно слабо развиена, но бележи срамежлива тенденција на раст. Ако купуваат преку Интернет, Македонците го прават тоа најчесто од странски портали, за што според Народна банка на Македонија, месечно се остваруваат трансакции во вредност од 150 илјади евра. Купувањето преку Интернет е во подем. Покрај купувањето од странство, се зголемува и купувањето во земјава, па масовната појава на онлајн-продавници минатата година конечно навестува живнување на е-трговијата во земјава. Домашните Интернет-продавници прават достава само во државава, бидејќи работењето со странство би ги отежнало производите со плус трошоци за транспорт, со што тие би станале недостапни за купувачите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CD2A1083E07F54428007B0C5C70C75AF
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.985
Поени од реакции
561
Има ли некој нарачано до сега нешто од НајкСтор ?
 
Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Не испорачуваат во мк од најкстор? или се лажам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom