Онлајн лихвари во Макeдонија

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171
Во последно време изникнаа доста лихварски сервиси на пазарот во Македонија.
Се чини како од нигде никаде сите одеднаш да се појавија, со брзи кредити до саат време од аплицирање, и со поголеми стапки на камата од банките и тоа обично над 100% од основната главница. Нормално, со решение за дозвола од министерство за финансии и целосно во рамки на законите на РМ.

https://forza.mk/
https://credissimo.mk/
https://www.mcash.mk/
https://moneymax.mk/

Кои би биле последиците од нивната појава? Дали банките ќе се осетат загрозени и дали ќе останат на нивните каматни стапки?
И како ова би се одразило на финансиската состојба на населението и на економијата во Македонија?
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
банките нема да осетат никаква загрозеност бидејќи на овие погоре споменативе целна група им се лица на кои им се потребни брзи пари, оние кои не прашуваат ни за колку % е каматата ни за било што друго само да се дојде до брза пара без притоа да се гледа колку треба да се врати.
А за финансиската состојба на населението се знае дека се неповоли кога СВТ на таквите позајмици е над 1000% годишно.
значи само ако се работи за живот или смрт се зема од таму пара во друг случај НИКАКО !!!
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
банките нема да осетат никаква загрозеност бидејќи на овие погоре споменативе целна група им се лица на кои им се потребни брзи пари, оние кои не прашуваат ни за колку % е каматата ни за било што друго само да се дојде до брза пара без притоа да се гледа колку треба да се врати.
А за финансиската состојба на населението се знае дека се неповоли кога СВТ на таквите позајмици е над 1000% годишно.
значи само ако се работи за живот или смрт се зема од таму пара во друг случај НИКАКО !!!
...дури и во такви ситуации, никако. Бидејќи во таа равенка променливата живот веќе на првиот извод е нула.. А смртта може да биде само ситна опција без тој кредит и апсолутно извесна , брза и конечна , ако го земеш... :) :)
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
По ти се исплаќа да ограбиш банка (можеби нема да те фатат), одколку да земеш пари од тие лихвари.

на форца.мк
треба да си луд да платиш 3500 плус за 1 месец
Датум на доспевање
06.02.2017
Баран износ
12,000.00 MKD
Камата 10%
102.00 MKD
Вкупни провизии
3,480.00 MKD
Вкупно за отплата
15,582.00 MKD
СВТ
351.46 %
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Едно вака интимно прашање, сакате да се тииит а не сакате да ви влезе?

Па ако не ви одговара одете во банка, барајте жиранти итн... сакате пари а парите се скапи. Никој не ве тера... Кој е спремен да позајми треба да знае дека треба да врати повеќе од колку што зел, е сега колку повеќе тоа е обратно пропорционално од тоа колку побрзо ви требаат парите и колку се спремни да не се малтретирате добиваќи ги истите.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
човекот отвори тема и ние коментиравме со свои размислувања кои на некој ќе му се допадат на некој не,
никаде не рековме дека не треба да прават профит и има зошто каматите се толкави колкави што се: има зголемен ризик кој го нема во банка, нема жирант кој ќе гарантира во случај да неможеш да враќаш, кратко време за проценка на ризик, и да брзите пари се скапи ама треба да се има и усул што викаат старите нели? но и СВТ од >350% е премногу колкав и да е ризикот, а не е многу голем бидејќи јас колку што сум запознат поголем дел од овие не даваат повеќе од 1000 евра и да се случи некој да не ги врати (сигурно фирмата нема да пропадне не позајмил милиони евра) а и другиве редовни плаќачи ќе преплатат занего.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Во последно време изникнаа доста лихварски сервиси на пазарот во Македонија.
Се чини како од нигде никаде сите одеднаш да се појавија, со брзи кредити до саат време од аплицирање, и со поголеми стапки на камата од банките и тоа обично над 100% од основната главница. Нормално, со решение за дозвола од министерство за финансии и целосно во рамки на законите на РМ.

https://forza.mk/
https://credissimo.mk/
https://www.mcash.mk/
https://moneymax.mk/

Кои би биле последиците од нивната појава? Дали банките ќе се осетат загрозени и дали ќе останат на нивните каматни стапки?
И како ова би се одразило на финансиската состојба на населението и на економијата во Македонија?
Никакви последици.
Можда би биле дури и позитивни.Зависи како гледаш на ситуацијата.Позитивни за луѓе кои им се итно потребни пари, а не се на пример вработени или едноставно итно им се потребни средства.

Можда и за банките е позитивно.Далеку дека се загрозени, а и ќе им 'исчистат' клиентела на некој начин.Посебно поголемите банки, помалите во борба за клиенти држат поопуштени прописи.За големите - помалку одбиени барања за кредити и помалку нефункционални.Во еден куп бирократија и хартии, пак е некој плус.

А дека саат време после аплицирање ќе земаш пари, малку потешко.Исто како рекламите во Сетек/АМЦ и слично.Само за 15 минути преку Х банка.А таму скоро иста процедура како за обичен кредит.
Дополнително, овие 'институции' најчесто користат сметки во една или максимум две банки.А од банка во банка преносот е далеку од тој наведен рок, се збирно пред крај на работно време.

Мене прашањето ми е кои се сопственици на овие фирми ? :sneaky:
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
сепак ти проверуваат кредитна историја во кредитното биро и ако си презадолжен или нередовен плаќач нема да добиеш пари секако, затоа и кажувам дека ризикот не е толку голем за да биде толкава СВТ на крај, ама кој како ги разбира тие работи на некој му е битно само пари да земе за после ќе му ја мисли ( болест, коцка, дрога, iPhone 7...причини милион )
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Никој никого не осудува само едноставно ако бараш пари кои ги немаш едноставно не се жали дека „каматата“ е преголема.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
ako nema zalog,togas kkako bi naplatile toxic kredit?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
ризикот е голем и затоа се поголеми каматите, а како што пишав погоре и не даваат на секого, мора да има барем за почеток добра кредитна историја која ја проверуваат во кредитното биро, за некои 600 ден. се гледа колку пари заработуваш дали навремено плаќаш струја, вода, телефон, рата за кредитна картицка...
А за наплатата не се секирај ако останеш без работа денес ќе се вработиш утре, ќе ти дојдат некои пари на трансакциската кога тогаш, ќе добиеш наследство од родители...
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Малку е зезнато со трансакциските за наплата (претходно напишав и за уплата).
Друго е ако си банка и должниците сите се со сметка кај тебе.Кај овие, должниците им се со сметки во други места, немаш наплата со траен налог, а некои од нив гледам ни залог не барале.Ќе се расправаш со извршители, судски, адвокати итн.Па нормално да е чудна каматата.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Баш сум љубопитен како функционираат овие бизниси.
Како го имаат решено моментот на валиден потпишан договор?
Како си ја штитат инвестицијата?
Дали ова функционира како што мислам дека функционира...
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
Како функционира кредитот до плата?
  • Пополнување на онлајн апликација
  • Потврда на одлуката за одобрување и исплата на кредит
  • Потпишување на договорот за кредит онлајн
  • Добивање на средствата на Вашата трансакциска сметка
  • Отплата на кредит
Кои се условите за аплицирање за кредит?
  • Да имате минимум 18 години, максимум 70 години
  • Да сте државјанин на Република Македонија
  • Да поседувате своја трансакциска сметка
  • Да имате своја електронска адреса (e-mail)
  • Да поседувате свој мобилен телефонски број
  • Да имате редовни месечни примања
  • Да имате кредитна способност
Кои документи се потребни за испраќање на барање за кредит?
Со цел добивање на кредитот, Вие сте обврзани да приложите лична карта како документ за идентификација (скенирана или фотографирана), број на здравствена картичка и единствен даночен број.

  • Лична карта: скенирана или фотографирана од двете страни (задолжителен документ за сите апликанти: вработени, самовработени, пензионери)
  • Број на здравствена картичка (задолжително за пензионери)
  • Даночен број (задолжително за самовработени)
Потребните документи може да ги прикачите на Вашиот профил на нашата веб страна или да ги испратите на нашата емаил адреса: . Во одредени ситуации постои потреба од приложување на дополнителна документација. За таа цел ќе бидете информирани со посебно известување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom