cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
Ме интересира кој има и кои се искуствата од онлајн купување во странство.
Разбрав дека амазон, B&H и слични сајтови веќе имаат можност за испорака до македонија која преку International Express Mail а кај нас стига преку поштата (што е многу поевтин од УПС, ФедЕкс, ДХЛ) кои наплаќаат лежарина 1200-1500 + шпедитерски услуги 1500+, и покрај давачките за данок и царина.
Пример, лап-топ од Невада кошта 62000 со сите давачки. Во B&H, одприлика со достава и сите трошоци (цена + достава + 5% ддв + 200 ден. лежарина од пошта) е 51000. Разлика 11.000 денари. Минус е само гаранцијата која не важи во македонија.
Кој има искуства со порачки (било какви, книги, опрема, двд-а, се..) нека пишува овде.
Јас еднаш добив користен телефон (нокиа комуникатор) преку ДХЛ, и ме одраа 3000 денари само за шпедиција плус лежарина, а ДДВ платив на вредноста на пратката (иако телефонот беше пишан како поклон и неоттуѓив, и беше веќе употребуван), така да се на се платив 200 евра за телефонот (кој беше баш поклон).