Она што не го разбираме, го плукаме?

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Секогаш е така... Ги плукаат поразличните од нив...
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Обично е така, тоа што не го разбираат ги плаши, а штом се уплашени почнуваат да стануваат агресивни и безобразни.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Ова не важи за мене, во тоа сум сигурен. Како е можно да плукам на нешто непознато? Сосема сум свесен дека јас сум како и останатите и не знам ce" и нормално е да се заинтересирам за непознатото, да го проучам, да изградам свој став по таа работа, па потоа да одлучам дали ќе го прифатам или ќе плукам.
Сум приметил дека многумина се фрустрираат кога ќе започнат да тераат инает со мене и да бранат некои свои ставови во кои и тие самите не се сигурни а мене ми солат памет. Тоа е така затоа што не критикувам и не плукам нешто што не знам, а она што го критикувам или за што дискутирам претходно добро сум го проучил, па така да шансите за инаетење со мене се минимални.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Плукањето по различните од нас е само одбранбен механизам на стравот. Луѓето од секогаш се плашеле од непознатото.
Ова ми се чини дека е вистинското објаснување :)
Тоа е и востоличено во нашето воспитување, нели: не зборувај со непознати.
Дури и сум забележала дека млади и образовани луѓе ( особено кај нас) од кои се очекува да се прогресивно насочени, имаат неверојатни отпори кон нешто ново, кое не го разбираат- колку и тоа да е позитивно, и едноставно прогресивно.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Плукањето по различните од нас е само одбранбен механизам на стравот. Луѓето од секогаш се плашеле од непознатото. Тие не плукаат по екцентриците поради злоба или малодушност, туку затоа што се уплашени. Кога еден човек е поразличен од останатите од неговото „племе“, тоа значи дека не се вклопува во општопознатиот шаблон, па тие околу него не можат да го предвидат неговото однесување. А луѓето секогаш се стремат да бидат запознаени со функционирањето на нештата, сакаат да се на сигурно, тој истражувачки дух со кој се одликува човекот се должи баш на стравот.
повеке би рекол егото отколку стравот
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Овде човек се прашува дали сеуште важи правилото дека е најтешко да те прифатат во сопственото село.Денес толку табуа се срушени и толку е нагласен индивидуализмот што можеби се става под знак прашање групата.
Нејсе...Имам свои ставови и принципи во животот како и просечна интелегенција... се случува да налетам на некој баук за мене,личност сосем непросечна или со необична карактериситика и мислење,како дете имав милион предрасуди за таквите,сега обожавам да ги прашувам.Сакам се повеќе да научам за нив,за размислувањето што го имаат и да го споредам со моето.Тоа не прави да се согласам со нив но ме тера да видам колку ни се различни ставовите.Кога го научив сето ова видов какво слепило се предрасудите.Тоа му доаѓа некако вака,не значи дека ќе се сложам со оној што е поинаков од мене или што не го разбирам но нема ни да го судам затоа што е таков.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Имав една професорка во средно, која често велеше: Луѓето кога не разбираат нешто или кога не е нешто на кое се навикнати - почнуваат да плукаат по тоа, мислејќи дека ќе се осеќаат подобро. Особено муабетот и беше за луѓе, велеше: Ако некој се издвојува од околината, малку е поразличен, ексцентричен или е со поинакви ставови, одма е осудуван од околината, отфрлан, плукан затоа што луѓето не можат да го сфатат тој човек, не се ни трудат па затоа и плукаат. Ако не можете да разберете некој, ако е поразличен - не го плукајте барем.

Дали се согласувате со ова?
Секој ден се среќавам со луѓе што се плашат да си погледнат пофалеку од носот. Секоја промена, секој потег, реакција, одлука што би била поразлична од нивната, ја класифицираат во чудни, ненормални појави и со потценување гледаат на тие личности. Најверојатно тоа им е еден вид поткрепа, утеха дека тоа што го прават е совршено, дека подобро од тоа не може никој. И тука доаѓаме до ситуација “Кој е уствари чудниот?“

Дали навистина кога нешто не разбира човекот или ако некој човек е поразличен од стандардите на општеството е плукан, отфрлуван и исмејуван? Или нема врска?
Да, има многу “генијални“ умови кои ги познавам и ги сметаат за чудни, бидејќи кога ги изјаснуваат своите ставови останатите - “плукачи“ остануваат со подотворена уста и од петни жили се трудат да им ги следат зборовите, откажувајќи се со репликата “Ма тропа зелени. Ова нема поента“, пошто нивните мозочиња закржлавиле од шаблонското живеење и перцепирање само на тоа што им одговара, па не можат да се во тек кога се работи за нешто поразлично.
Кај мене е спротивно. Предизвик ми претставува да дознаам како функционираат личности што размислуваат малце подлабоко и со кои може да се направи суштински муабет што нема да вклучува штикли, шминка, его трип и остало. Задоволство ми е да се дружам со личности што не се како роботи, што имаат муда да се издвојат од толпата за да кажат поинакво мислење од “Јас се согласувам со тоа!“.

Ако е навистина така, зошто мислите дека е така? Зошто е полесно да се плука и исмејува, отколку да се седне и да се размисли?
Затоа што, како што кажав погоре, на тој начин многу полесно ќе си ги оправдаат “плукачите“ своите постапки. Страв им е можда дека кога би размислиле за нешто што е кажано ќе им се поремети погледот кон светот и тие веќе нема да бидат она што се, ќе им настане блага конфузија, затоа се држат до нивното, а останатото им е шпанско село, НЛО, нешто за кое што не вреди да трошат време и едноставно го сместуваат во несфатливо и чудно.

Зошто да се исмева? Зарем не е подобро ако не разбираш некој, ако не сакаш да го сфатиш, барем да останеш рамнодушен и да го игнорираш, отколку да го плукаш?
Таква е човечката природа... нема ништо чудно. И јас, и ти, сите плукаме по нешто. Нешто што не го прифаќаме, нешто што се коси со нашите морални вредности, нешто што ни создава непријатни чувства. Пример, јас до крај на животот ќе ги серам стоките што повредуваат животни ради кур ташак, ко малоумнион што му ги исекол сите шепи на тоа сиротото куче. Тој став нема никогаш да ми се промени. Ти ќе плукаш по шовинисти, феминистки... општо, генерализација без претходна статистика. :)
А некои ќе плукаат по тоа што не можат да го разберат, затоа што едноставно им е убаво in their perfect world.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Си бил еднаш еден старец во едно село, многу сирома-
шен, но дури и кралевите нему му биле љубоморни затоа
што тој имал еден преубав бел коњ. Таков коњ никогаш
порано не бил виден - неговата убавина, неговата огромна
грациозност, неговата сила. Кралот го барал тој коњ и ну-
дел многу пари за него, но старецот одговарал: „Овој коњ
за мене не е коњ, туку личност, а зарем можете да продаде-

те некоја личност? Тој е пријател, тој не е сопственост. Ка-
ко можете да го продадете пријателот? Не, тоа не е воз-
можно". Човекот бил сиромашен и бил поставуван пред се-
какви искушенија, но никогаш не го продал коњот.
Едно утро видел дека неговиот коњ не е во шталата. Се
собрало цело село и сите рекле: „Будалест старецу, ние
одамна знаевме дека еден ден коњот ќе ти биде украден. А
ти си толку сиромашен - како би можел да заштитиш тол-
ку драгоцено нешто? Ке беше многу подобро за тебе ако
го продадеше. Можеше да побараш за него онолку пари
колку што сакаш, секоја цена, па дури и најголемата, беше
можна. Сега коњот го нема. Тоа е проклетство, лоша суд-
бина".
Старецот им рекол: „Не претерувајте, кажете само де-
ка коњот не е во шталата. Тоа е факт, се друго е процену-
вање. Како вие можете да знаете дали е тоа некаква лоша
судбина, несреќа, или дека не е? Врз основа на што суди-
те?".
Луѓето му рекле на старецот: „Не обидувај се да не из-
лажеш. Можеби не сме некои големи филозофи, но овде
филозоф воопшто и не е потребен. Сосема едноставен
факт е дека богатството е загубено и тоа е лоша судбина".
Старецот, пак, им рекол: „Јас ќе останам на фактот де-
ка шталата е празна и дека коњот не е тука. Ништо друго
не знам - дали е тоа лоша судбина или благослов - зашто
тоа е само дел. Кој може да знае што ќе следува поната-
му?".
Луѓето се смееле, мислеле дека старецот сосема се збу-
далел. Отсекогаш се сомневале дека тој е малку луд, инаку
би го продал коњот и би живеел како богат човек со голе-
мо богатство. А живеел како дрвосечач, бил многу стар и
се уште сечел дрва, ги носел од шумата и ги продавал. Жи-
веел од ден за ден во беда и во сиромаштија. Сега било со-
сема сигурно дека се збудалел.
Една ноќ, по петнаесет дена, коњот се вратил кај старе-
цот. Не бил украден, туку избегал во дивината. И не само

што тој се вратил, туку со себе довел и неколку диви коњи.
Повторно се собрале луѓето и рекле: „Старче, ти беше во
право, а ние згрешивме. Тоа не била несреќа, се докажа де-
ка тоа било благослов. Жал ни е што бевме неправедни
кон тебе".
Старецот на тоа им одговорил: „Пак претерувате. Ка-
жете само дека коњот се вратил и дека со него дошле и
други дванаесет коњи - но, немојте да проценувате. Кој-
знае дали е тоа благослов или не е? Тоа е само дел. Бидеј-
ки не ја знаете целата приказна, не можете да проценува-
те? Ако прочитате само една страница од книгата, како
можете да проценувате за целата книга? Ако прочитате
само една реченица од страницата, како можете да давате
проценка за целата страница? Ако прочитате само еден
единствен збор од реченицата, како можете да проценува-
те за целата реченица? Животот е толку голем - само еден
збор, дел од зборот, и вие сте процениле за целината! Не-
мојте да кажете дека ова е благослов, тоа никој не може да
го знае. Јас сум среќен во своето непроценување, немојте
да ми попречувате во тоа".
Овојпат луѓето не зборувале многу, зашто помислиле
дека старецот повторно е во право. Останале молчејќи, но
во себеси сметале дека тој греши. Со неговиот коњ дошле
и други дванаесет преубави коњи. Со малку тренинг мож-
но е да се припитомат и од нив да се заработат многу пари.
Старецот имал еден млад син, само еден син. Синот
почнал да ги тренира дивите коњи и само една недела по-
доцна паднал од еден див коњ и си ги скршил нозете. Луѓе-
то повторно се собрале - а луѓето насекаде се луѓе, како
вас - и повторно почнале да проценуваат. Осудата толку
брзо доаѓа! Рекле: „Беше во право, повторно се докажа де-
ка ти беше во право. Тоа не било благослов, тоа, исто така,
било несреќа. Твојот единствен син си ги скрши нозете, а
тој ти беше единствената потпора во старите денови. Сега
си посиромашен од кога и да е".
Пашош до срцешо
Старецот рекол: „Опседнати сте со проценување. Не
претерувајте. Кажете само дека мојот син си ги скрши но-
зете. Којзнае дали е тоа несреќа или, пак, благослов? - ни-
кој не знае. Повторно само дел, никогаш не добивате пове-
ќе. Животот доаѓа во делови, а проценувањето е насочено
кон целината".
По неколку недели државата влегла во војна со сосед-
ната држава и сите момчиња од градот биле присилно ре-
грутирани. Само синот на старецот останал, затоа што бил
инвалид, односно не бил способен да војува. Луѓето се со-
брале, плачејќи и липајќи, зашто од секоја куќа момчиња-
та биле насилно одведени и немало многу надеж дека тие
ќе се вратат живи и здрави, зашто ги нападнала голема др-
жава и однапред се знаело дека војната била загубена. Не-
ма да се вратат. Сите во градот плачеле и липале и дошле
кај старецот и му рекле: „Во право беше, старче! Господ
знае дека ти беше во право - тоа беше благослов. Можеби
твојот син сега е осакатен, но барем се уште е со тебе. На-
шите синови заминаа засекогаш. Твојот барем е жив и е со
тебе и малку по малку ќе закрепне. Можеби малку ќе на-
кривува, но ќе биде жив и ќе биде во ред". Старецот пов-
торно им рекол: „Невозможно е со вас да се разговара, лу-
ѓе, вие постојано и постојано проценувате. Никој не знае!
Никој не може да знае! Кажете само: вашите синови беа
принудени да и се приклучат на војската, а мојот син не бе-
ше принуден на тоа. Но, никој не знае дали е тоа благослов
или, пак, тоа е несреќа. Никој никогаш нема да може да
знае. Само Господ знае...".
Кога велиме дека само Господ знае, тоа значи дека са-
мо целината знае. Не судете, зашто во спротивно никогаш
не ќе можете да станете едно со целината.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

Шо е ова бе? Домашно?
tl ; dr
edit: Барав наравоучение (reading the lazy man's way) и нема па бев принуден да го прочитан (проста радозналост)...испадна делумно офтопик, а старчево мудро - атеист....
сепак го прочитав :)
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Шо е ова бе? Домашно?
tl ; dr
edit: Барав наравоучение (reading the lazy man's way) и нема па бев принуден да го прочитан (проста радозналост)...испадна делумно офтопик, а старчево мудро - атеист....
сепак го прочитав :)
Не би рекол дека е атеист , ама .....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па Господ не суди и вели дека не треба човек никому да суди. Ама ова не е подфорум Религија, така што вратете се на темата. Се после мојот пост што ќе оди оф-топик, ќе биде избришано.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Друг пат кога ќе извреѓате нешто за момент запрашајте се дали вие ја разбирате целината на тоа нешто.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ако не судиш на никого , не плукаш на ништо без разлика дали си го разбрал или не.
Тоа ми беше поентата.
Со други зборови кажано ако си идиот ке судиш на се , ке плукаш на се и само ти ке бидеш во право без разлика дали си го разбрал тоа на што плукаш.
Тоа е дијалектиката у муабетов.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Ne plukam i ne osuvduvam nikoj,kako na primer Boki 13 sto go plukaat,sekoj si ima svoj nacin na zivot i izrazuvanje ...taka smetam sekoj za sebe treba da si gleda:pipi:
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
Сигурно на темава има некој кој е од тие , кои ги плукаат другите со различно мислење од нивното... Ако тие "паметните" кои знаат се за животот и с ебезгрешни, кои секогаш се во право, изгледаат глупи покрај некој паметен, тогаш почнуваат да го нарекуваат глуп.Па, не можам да се начудам. Гледај си го својот живот и оставиги другите да прават што сакаат. Да си живеат ан нивни начин.Онака како што знаат. И притоа погледнисе во огледало и запрашај се дали и ти си еден од оние кои ги презираш и плукаш. Одговорот на тоа прашање ќе е еден и единствен
 
Kajgana Shop

На врв Bottom