Го отековте со дебативе, кој што сака нека си купи, ако некој се помири со фактот дека нема да има џек за слушалки и нема да може да користи без некој додаток, тогаш тоа е океј. Не знам што го тупите толку, нема што да се докажува едниот е едно, другиот е друго. Лично користам iPhone затоа што е ЦРНА КУТИЈА во споредба со сигурноста што ми ја нуди Android. Доколку не верувате во ова, можам лично да се кладам со некој од форумов што има некој премиум ANDROID телефон, дека со 30 секунди пристап до телефонот и минимални информации, можам да украдам буквално се што има на него, од кредитни до слики, видеа. Па дури и да поставам софтвер што ќе следи буквално се на телефонот и ќе ми стрима на cloud комплетно се. Ова кај iPhone е малку потешко да се изведе. Од друг аспект, Android и iOS немаат допирна точка, не вреди да се споредува... Apple не умре кога умре Steve Jobs, туку кога го измислија iPhone 6. Затоа што со изведбата на овој телефон, почнаа да ги следат "трендовите". Поголем екран, вакви функционалности, глупости не знам ти што...
Пак ќе речам. Кој што сака, нека си купи.
Лично би користел Samsung S8 затоа што сум го нашол како попрактичен, ама поради сигурноста што многу ми е потребна, а тој телефон ја нема, сепак ќе користам iphone.. Moжеби некогаш ќе се промени тоа.