Омилен моден дизајнер?

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Иако се сомневам дека некој може да си дозволи парче дизајнерска облека, ме интересира дали ја следите светската мода и модни случувања, најновите колекции на светските дизајнери и слично? Ако да, на чии креации се восхитувате и црпите инспирација за вашиот секојдневен стил ? И секако, може да споделите и кој изглед најмногу ви се допаѓа од колекциите есен/зима ready-to-wear 2011, есен/зима couture 2011 и resort 2012.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.582
Поени од реакции
6.269
Ана Суиииииииииииииииииииииииии. Дефинитивно е најдобра според мене . Во креациите што ги прави ми се допаѓа тоа што уме секогаш да внесе живост, радост топлина од бои текстури а и самите модели се баш такви како за млада жена полна со ентузијазам и живот. Еве неколку сликички:


Исто така ми се допаѓа и Sonia Rykiel. Постара креаторка но со огромна смисла за тоа што е модерно сосема свесна за тоа како треба да изгледа жената во својата зрелост.







има уште на кои им се восхитувам но за нив во друга прилика .. ме смрзи малку

 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.793
Поени од реакции
2.884
за свечени пригоди ми се допаѓа од Валентино и Џорџо Армани,а кежуални секојдневие Томи Хилфинџер и Џани Версаче иако е застарено ама барем ме сокрива голотијата,а кога сум зорт несакајќи одам во шутка :)
 
Член од
22 август 2011
Мислења
44
Поени од реакции
18
Ели Сааб и Валентино, зошто ги прават најнормалните, најелегантните и најпрефинетите креации кои редовно ме оставаат без зборови.

Ели Сааб:
00240m2.jpg 00390m.jpg 00510m.jpg Elie+Saab+spring+2011+haute+couture+fashion+DlfNcLfboRal.jpg Elie-Saab-Spring-2011-Fashion-Shows-Photos.jpg elie-saab-spring-2011-rtw-silk-v-neck-dress-profile.jpg
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Мој персонален фаворит засекогаш ќе ми биде Марк Џејкобс, типот е гениј. Многу ми е мило што оваа сезона го врати трендот на точките и направи феноменална колекција. Еве дел од есен/зима ready-to-wear:



--- надополнето: Aug 31, 2011 11:17 PM ---
Исто така, на Париската модна недела за Висока мода, многу ме воодушеви Џомбатиста Вали со неговата прва Haute Couture линија есен 2011 која зрачи со гламур, елеганција и префинетост. Еве дел од креациите:
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Дефинитивно Карл Лагерфелд. Човекот има огромна смисла за мода, современост и класика истовремено, и што е најважно - креативност. Не стои за ѓабе позади модните гиганти како Шанел и Фенди.



Исто така би ја спомнала и Вера Ванг, синоним за женственост и грациозност.


Исто така морам да го спомнам и Ели Сааб.
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Монси е самопрогласен стилист кој воопшто нема чувство за стил, само го користи тоа што половина од нашата популација (читај: тие што читаат Свет и компанија) не е модно освестена па сега мисли дека може да критикува како вистински моден критичар. Можам да замслам какво фијаско би било да започне своја модна линија ! :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom