- Член од
- 7 април 2015
- Мислења
- 2.650
- Поени од реакции
- 1.538
Се ближиме до отварањето на Олимписките игри па еве и една општа тема за вовед, ако има посебен подфорум може да се премести таму. Ова се 32 по ред Олимписки игри и ќе се одржат во Токио по вторпат после 1964, а 4ти пат ако ги сметаме и зимските ОИ во Нагано и Сапоро. Овие игри се 2 од 3 последователни кои ќе се одржат во Азија, со Ј.Кореја 2018 и Кина 2022 за Зимските ОИ. Отварањето на игрите е на 24.07.
Бидејќи ќе се одржат во ова време на Корона, игрите ќе поминат така незабележително, без многу хајп и посетители. Бидејќи се одржуваат во Азија тоа значи дека Временската зона е доста неповолна за нас гледачите во Европа, слично време како на игрите во Ј.Кореја од пред 3 години. Знам за игрите во Пекинг 2008 се будев во 5часот наутро да ги испратам игрите, но сега се други времиња на веројатно ќе пратам снимки најчесто. Ова највеќе го погодува фановите на пливањето, кое традиционално на програмата е во утринските часови.
Официјален броадкастер за Европа е Еуроспорт, односно групацијата Дискавери, почнувајќи од игрите 2018та. Тие ќе емитуваат на своите 2 канали, и на некои од останатите канали на Дискавери Групација. Исто така секој спорт ќе биде покриен на Еуроспорт Плејер апликацијата. Исто така имаат задача да отстапат дел од натпребарувањата на ФТА телевизиите, меѓу кои и МТВ, РТС, ХРТ. За оние кои имаат ИПТВ, партнер е и телевизијата БеИН, како и традиционалниот партнер НБЦ за САД.
Нови спортови на првенството се 3x3 basketball, freestyle BMX, and madison cycling (читај уште спортови во кои Американците ќе си собираат медали). Традиционално најмногу јас лично ги пратам натпреварувачите од УСА, кои и медиумски се доста застапени. Така да и оваа година тие се во преден план во борба за медали.
Доколку некој прати некои други спортови може да се отвори и посебна тема за нив. Јас ќе пишам некои натпреварувачи од TeamUSA кој како што кажав најмногу ги пратам поради големата застапеност на Американските медиуми по социјални мрежи и слично. Прво Гиманстика Симоне Билес е голем фаворит оваа година и Американците полагаат голема надеж во неа, Суниса Ли е уште една млада надежна Гимнастичарка, Пливањето е уште еден спорт каде Американците имаат доста голем успех, тука се Кејти Ледеки и Симоне Мануел, потоа кај Атлетиката, Алисон Феликс и Сидни МкЛаулин. Да не заборавиме и на тимските спортови каде се главни фаворити кај Кошарка, мажи и жени, со одлични имиња како Кевин Дуран и Кевин Лове. Во женски фудбал се исто така неприкосновани каде ќе настапат ветераните како Алекс Морган. Женска Одбојка исто голема борба за медал. Софтбол и Голф исто традиционално јаки страни.
Кои се вашите мислења за овие Олимписки игри имате ли некои фаворити? Кои спортови ги најмногу пратите?